Филм+ додаток за филмови во весникот Слободен печат

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Јас си го купив вчера и го прочитав.
Списанието има 48 страници од кои 7 се реклами, 2 комерцијлен текст, импресум и нормално насловна. И по содржина и по дизајн не претендира да се бави со гламур, блокбастери и озборувања. Текстовите се авторски, барем оние што се потпишани.
Место за подобрување секако дека има, но како за прв број е одлично.
Повеќе не откривам, го имате на сите трафики, подоцна може и да го продискутираме.
Во исчекување на вториот број...
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Го купив и јас. Далеку од Variety и Empire кои редовно ги читам, но за наш стандард е одлично.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223
Имаат ли некаков сајт, фејсбук страна или нешто слично? Никаде не најдов исто како што не го најдов ни да го купам списаниево во мојот град.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.713
Поени од реакции
13.404
Јас се` уште не сум видел некој друг да се нафати, така да по мене, овој потфат е за поздравување. Патем, не се сомневам во експертизата на Галевски и Сунчица. Очекувам и некаква соработка со Филмополис.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Не, за Игор мислев. Се надевам ќе има некое кратко четиво тук таму за филмовиве.
Па логично е, он е издавач, сигурно ќе има.[DOUBLEPOST=1476915107][/DOUBLEPOST]Некако само неизбалансирани оценките на Уневска и Галевски за нашиве филмови: она 1/5 за Ослободување на Скопје, он 3/5 за Златна петорка, а по секоја здраворазумна логика би требало да е обратно.

Игор па ги испофали и двата, може затоа и го немаше во првиов број.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.713
Поени од реакции
13.404
Па логично е, он е издавач, сигурно ќе има.[DOUBLEPOST=1476915107][/DOUBLEPOST]Некако само неизбалансирани оценките на Уневска и Галевски за нашиве филмови: она 1/5 за Ослободување на Скопје, он 3/5 за Златна петорка, а по секоја здраворазумна логика би требало да е обратно.

Игор па ги испофали и двата, може затоа и го немаше во првиов број.
Од Inside информации, спомнаа на промоцијата дека ќе праат дуел меѓу два критичари Сунчица и Владо, бидејќи и двајцата си признаа дека си контраат многу апропо филмски вкусови. Ќе видиме, се надевам на плодна дискусија.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Игор па ги испофали и двата, може затоа и го немаше во првиов број.
Искрено, по на место ми се критиките на уредниците, него на Игор. Ама сакам да ја купам неговата книга, одамна се мислам, се заборавам.

Иначе синоќа цело го исчитав, одлично е, ми се допадна тоа што дадоа осврт на Долан, идејата за изучување на филмската уметност во средното образование, омаж на некои постари филмови, критиката на Fuocoammare (одлична!)! Се радував како мало дете кога почнав да читам, во исчекување на вториот број! :angel:
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.747
Поени од реакции
2.562
Го купив и јас. Далеку од Variety и Empire кои редовно ги читам, но за наш стандард е одлично.
Не ни целат кон емпајер и варајати. Тие повеќе се бават со актуелна продукција и шоубиз, особено емпајр. Ова повеќе сакаат да го прават како сајт ен саунд или каја ду синема, со акцент на автори и естетика на филм наместо комерцијала.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Не ни целат кон емпајер и варајати. Тие повеќе се бават со актуелна продукција и шоубиз, особено емпајр. Ова повеќе сакаат да го прават како сајт ен саунд или каја ду синема, со акцент на автори и естетика на филм наместо комерцијала.
Не мислев само на содржината, туку и на изгледот. Во Empire, на пример, во секој број има по мин. 50 рецензии, коментари за филмови и сл. Тука - едвај 4-5. Empire и Variety се набиени со текст, овде - проред 2. :D На тоа мислев. Не реков дека е лошо, само има многу простор за подобрување.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.095

Не заебавај и ти, споредуваш Empire со списание што има 2 уредника и постои од пред недела дена. Дури ни контакт информации не им се наоѓа :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.913
Поени од реакции
37.067
Не заебавај и ти, споредуваш Empire со списание што има 2 уредника и постои од пред недела дена. Дури ни контакт информации не им се наоѓа :D
Каква врска има тоа, оооо ти! И Авантгард постоеше едвај година дена, па делуваше светски, и тоа уште од првиот број![DOUBLEPOST=1476978012][/DOUBLEPOST]
Искрено, по на место ми се критиките на уредниците, него на Игор. Ама сакам да ја купам неговата книга, одамна се мислам, се заборавам.
Јас ја добив на подарок. Одличен е Игор, само по малку благ во рецензиите.
 
Последно уредено:
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.803
Поени од реакции
8.223
Каква врска има тоа, оооо ти! И Авантгард постоеше едвај година дена, па делуваше светски, и тоа уште од првиот број!.
Еј Авангард како ме посети на списаниево. Списание кое постоеше пред неколку години додека јас бев средно и секогаш го купував пред одење во школо и таму си го читав. Ми ги собра брат ми сите броеви ги раздава некому да ги чита и кој знае што биднало со нив. Останаа само цд-ата од Џака и Дени те чува.

Уште едно добро списание Портрет кое е сеуште тазе ново се појави на пазарот. Можеби е повеќе за жени затоа што има мода за жени но интервјуа и рано разните текстови им се епте супер и светски изгледа списанието.

Но ајде да се вратиме на темава. Денес го видов списанието случајно проаѓајќи покрај една трафика но бидејќи немав време да се задржувам многу а бев натоварен со стрвари решив утре или некој нареден ден да го купам па ќе пишам тука нешто. Исто така на Метрополис денес во Петар за појадок и пауза му правеа промоција на списаниево и Влатко Галевски (не знам дали беше со В или без во презимето) зборуваше како гостин околу темите во првиот број и околу други попратни работи.

За списаниево кога слушав на радио го замислував како светските кој тука ги спомнуваме но испадна дека е малку поразлично и не е некое гламурозно, претерано комерцијално, дури ни промоција немале онака како што прават сите со коктел забава со многу гости. Јас мислам дека ќе биде читано од одредена маса на луѓе затоа што од тоа што слушнав, читав најави и видов насловна е некако повеќе насочено кон мак филмовите, европските филмови, а не шоу биз за филмови, рецензии и препораки на комерцијални филмови како Batnam, Superman, Fast and Furious, Bond, Die Hard..
 
Последно уредено:
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.534
Поени од реакции
29.095
Каква врска има тоа, оооо ти! И Авантгард постоеше едвај година дена, па делуваше светски, и тоа уште од првиот број![DOUBLEPOST=1476978012][/DOUBLEPOST]
Јас ја добив на подарок. Одличен е Игор, само по малку благ во рецензиите.
Мене ми прави кејф. Светски не е, ама верувам дека во иднина списанието ќе добие таков шмек. Самите издавачи кажаа дека не очекувале дека цело списание ќе го пополнат со Македонски филмови. Има време, и се надевам ќе им се прошири екипата па за брзо да добијат и сајт и повеќе рецензии, интервјуа и сл. Убаво би било и некој постер или цд па макар и зголемиле цена.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom