- Член од
- 17 октомври 2011
- Мислења
- 15.093
- Поени од реакции
- 37.533
Во недостиг на нешто слично кај нас, истражував малку за светските магазини посветени на филмот и филмската индустрија. Почетоците на филмските списанија датираат уште на крајот на 19 век со појавата на "Cinematography and Bioscope Magazine" во САД, иако не се работи за класичен магазин, туку за леток кој информирал и расправал за прашања поврзани со развојот на филмската индустрија околу 1900 година. Понекогаш вклучувал и рецензии на филмови. Во 1907 година се појавил уште еден таков информативен леток, "The Kinematograph and Lantern Weekly", кој дополнително вклучувал и бизнис прашања поврзани со филмската индустрија, а исто така и кратки рецензии.
Еден од раните филмски магазини бил и "Picturegoer", кој постоел од 1913 до 1960. Овој магазин вклучувал и прашања како „Како да најдеш работа во Холивуд“, т.е. функционирал и како еден вид огласник на Холивуд.
Во Велика Британија, пак, водечки филмски магазин е "Empire", кој постои од 1989, кој функционира и како своевиден таблоид, ѕиркајќи и во приватните животи на филмските ѕвезди, меѓу другото (филмски факти, рецензии, статии, интервјуа, топ листи). Исто како Variety, има и печатено, и електронско издание, и своја веб страна.
Првите филмски списанија биле наменети за побогатите луѓе, но со развојот на филмската индустрија никнуваат уште еден куп вакви публикации, во најново време дигитално печатени, што ги прави повторно поскапи, како во времето кога се појавиле. Некои од попознатите се и: "Entertainment Weekly" (неделник, со 52 изданија годишно, сличен концепт како Variety), "Backstage" (наменет повеќе за луѓето од филмската индустрија отколку за обичната читателска публика) - слично како и "Little White Lies" (6 изданија годишно), таблоидите "OK! Magazine" и "Star", магазинот за тинејџери "M" (10 изданија годишно), и помалку познатите: "American Cinematographer", "Film Comment", "Call Sheet", "Sight and Sound" и "Uncut".
Ние нити имаме, ниту сме имале нешто слично. Кај нас дури и телевизиските емисии посветени на филмската индустрија престанаа да постојат, а исто така и на прсти на една рака се бројат сите магазини (ако ги исклучиме оние со политичка содржина кои се побројни). Онака како што немаме ни магазин за музика, современ магазин за мажи (имаше обиди со македонско издание на "Playboy" и "Avantgard", но и двата престанаа да постојат, веројатно дека не можеле да постигнат со печатење - луѓе се тепаа по трафиките чекајќи во редици за да ги купат) , магазин за музика...
Кои се причините за недостатокот на ваков вид медиум кај нас? Постојат ли кај нас барем посериозни обиди да се направи online магазин или портал за филм, ако веќе сѐ печатено е однапред осудено на пропаст? И - дали постои начин по македонските трафики да се купи некое од најпознатите светски списанија за филм, или мора да се нарачуваат по интернет? Discuss!
Еден од најстарите филмски магазини кој постои и денес, а може да се нарече и водечки во САД на таа тематика, е "Variety". Летоци со тој наслов почнале да се појавуваат уште во 1905, но почетоците на магазинот се подоцна, иако самите велат дека првиот број е издаден на 16 декември 1905. Денес магазинот се објавува еднаш неделно (поточно, во 48 публикации годишно) и вклучува теми поврзани со телевизијата, исто така. Се објавува и во печатено, и во електронско издание, а дел од статиите, рецензиите и интервјуата и на веб страната variety.com бесплатно.