Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
Адам Сендлер ги собра сите златни малини. Талент:pos:
Е овој момак го сметате за смешен. Ал Пачино дури си доби златна малина заради него како колатерална штета. Сендлер е кадарен на сите да им ја уништи кариерата, само треба да му се даде прилика. Јас не знам што чека Николас Кејџ?:sneaky:
Ник Кејџ откако дознава дека и оваа година сотана без малина.
--- надополнето: 2 април 2012 во 14:10 ---
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Има една вест што вика дека ќе се снима “Глуп и Поглуп 2“. Сеа, веста иако ја има и на имдб (објавена пред саат), ама оригиналната вест од каде што е превземана е објавена на 1ви Април, така да не знам колку е за верување. Би било кул да е вистина. :)
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Има една вест што вика дека ќе се снима “Глуп и Поглуп 2“. Сеа, веста иако ја има и на имдб (објавена пред саат), ама оригиналната вест од каде што е превземана е објавена на 1ви Април, така да не знам колку е за верување. Би било кул да е вистина. :)
Мислам дека веќе има само филмот е навистина од глуп поглуп.
http://www.imdb.com/title/tt0329028/
 

stormspeaker

Бекрија
Член од
4 октомври 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.343
Мислам дека веќе има само филмот е навистина од глуп поглуп.
И ја како најглуп, забораив линкот да го убацам. :)

Инаку станува збор за продолжение во кое ќе глумат Џим Кери и Џеф Дениелс, а тој другиот Глуп и Поглуп, како приквел што беше, е тиња од епски пропорции и е срамно што дозволиле да се “извалка името“ на филмот. :)
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
И ја како најглуп, забораив линкот да го убацам. :)

Инаку станува збор за продолжение во кое ќе глумат Џим Кери и Џеф Дениелс, а тој другиот Глуп и Поглуп, како приквел што беше, е тиња од епски пропорции и е срамно што дозволиле да се “извалка името“ на филмот. :)
Доколку е вистина ова не ми се верува Кери да игра во филмот. И на други филмови на IMDB сум приметил првин едни глумци ставаат па после сосема трети. За Three Stooges, првобитна страница ги имаше имињата на Џим Кери, Шон Пен и Беницио Дел Торо а сега филмот е и искочен мислам а глумат гејот што не беше Вил од Вил и Грејс, Вил Сасо и некој што не го знам.

Инаку знам, Three Stooges. Лош пример давам :facepalm:.
 
Член од
18 март 2007
Мислења
570
Поени од реакции
78
Аман, мора ли од секој филм да се направи римејк? Кога се работи за такви лесни романчиња, доволна е една адаптација.
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.396
Поени од реакции
25.219

И првиот клип обавезно. Преработки се на стари клипчиња (исто материјал на типов) и анимацијата и хуморот се... :cuc::cuc::cuc:
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Трендо, за Матрикс, Нео, Стивен Сегал, Брус Ли итн... антологиско, A Must Read!





Хеј, го гледав Матрикс! Боже, боже, колку напредувала тоа филмската техника од 'Девојачки мост' до сега! А и оној Нео брате! Па тоа тепа, тоа лета, тоа мама ебава! А ја ко копиљ верував - од Бад Спенсер нема појак. Добро, кога малку потпораснав, го трампав Бад Спенсер за Нико кој - како што знае секој 'љубител на Кишловски' - со години лежеше во кома на товар на даночните обврзници на САД за едно време да се освести, се избричи, го освои срцето на здравствената работничка, се врати во форма и.. и направи уште поголема штета по јавниот имот и сигурност на граѓаните!

Ех, како тој знаеше да мава шамари! Онака, најмаалски. Типов ќе му извадеше пиштол, Нико ќе го видеше тоа, ќе сложеше израз 'Е, сега ме изнервира, дури сега ќе го јадеш калапот!' и ќе тргнеше голорак и голобрад накај опасноста. Овој, наместо да пука како што налага логиката, одеднаш ќе почнеше или очајнички да запомага: 'Стој, стој... стој бе Нико да му се невиди, беља ќе направиме', или пак се обидуваше да ја олабави ситуацијата терајќи ја на шега: 'Пиштол имам - јајца немам, аџанак, баџанак...' Ама јок! Нико секогаш чекореше сигурно, како пратеник накај благајна. Ќе пријдеше, ќе му здрвеше на ајванот две три воспитни и ќе го исповртеше со оние 'мој те мота око плота' аикидо финти, смислени со единствена намера да му се збурботи на непријателот. На крај, уште со сатар ќе му ја скуцаше раката на ѕид, демек да не си ги чачка раните!

Каде е 'у свету томе' Брус Ли? Нормално, вон конкуренција. Затоа што Брус Ли не тепаше, Брус Ли страдаше. А страдаше затоа што беше принуден да ги тепа овие неразбраните! Како што може да ви каже секој локален 'почитувач на делото на Ингмар Бергман', токму тоа на Бруса најтешко му паѓаше. Пошто беше јак ко вол ама благороден ко шарпланинец. И знаеше дека 'ги има', знаеше дека може во секое време, што се вика, да им ја земе мерката. Ама баш затоа нејќеше. Оти беше Црногорец во душа. А тие велат, храброст е да се браниш себе од другите, а чојство - другите од себе. И затоа, Брус Ли секогаш прво пробуваше со арно. А не бараше многу. Бараше само едно поштовање да се има. 'Дајте бре луѓе да не се тепаме, дајте да бидеме пример како проблемите можат да се решаваат на мирен начин,' умееше рамковно да предложи во тие кризни моменти.

Ама, овие не би биле неразбрани ако би биле разбрани, јелда? Па му налетуваа во бранови, што се вика, во таласи. Тоа го принудуваше Брус Ли да се брани, односно да ги одбива нападите, некои со мајагери, некои со нончаки. Притоа, најинтересно беше да се следат оние кои не беа баш во епицентарот на тепачката па мораа без везе да се мотаат наоколу се додека и ним не им дојдеше редот да изедат ќотек до посирање. И откако сите ќе беа кутнати, му го пуштаа најјакиот, најлошиот. Оној што можеше да си ги мрда цицките како Џек Николсон веѓите. Џабе. Џабе!

Страдалничката природа у Бруса Лија највеќе доаѓаше до Ве - израз кога тој ќе се најдеше во историска ситуација некому со нозе да му го скрши вратот. Со своите две родени и праведни нозе! Во тие моменти, дилема од епски размери го разјадуваше нашиот јунак. Од една страна, неговото топло срце му велеше да му прости на скотот ама од друга, разумот му сугерираше: 'Што кур ќе му простуваш, да не му дојде памет случајно'? И тој решаваше да крши. Додуша, никогаш јасно не видовме што точно се случува ама по страшниот грч кој го зафаќаше лицето на Брус Ли, заклучувавме тој е, јеби га, разумен човек. Да речеме, некој што не е упатен во 'естетиката на Тарковски', од таквиот израз може да сконта дека во тие моменти на човекот всушност му ставаат пеницилинка во Млин Балкан. Али, што да ви кажам, разбирањето на уметноста бара извесни предзнаења.

И сега, јас како таков, пред некоја година налетувам на Матрикс. Нормално, тотално се шекнувам. Прво поради тепачките пошто, како што вели суптилниот филмски критериум на стариот мој: 'филм без тепање, не е филм!' А богами, ме дојми и онаа филозофска димензија која ти ја нуди ова филмско остварување а која може да ти помогне, да речеме, при запек. Па да си поверуваш дека ти уствари не се напињаш како што уствари се напињаш туку дека е тоа само заебана компјутерска програма која ти дава чувство на нормален живот додека твоето тело мирно чучи во некоја плацента хранејќи го лакомиот систем. И, фала на прашање, има редовна столица. Башка, по филмот, ми се врати чувството од оние години кога се враќавме од Кино Карпош реконструирајќи ги попат видените потези во 'У змајeвом гнезду'. И така просветлени се враќавме дома каде што некој од присутните Змаеви редовно не враќаше на земја со нивната оскаровска 'миј заби, облекуј пижами' реплика!

Елем, ваљда ви е јасно со каков жар ја чекав двојката. И што да ви кажам, да го гледаш Матрикс во кино Вардар е исто како да го слушаш Бетовен отсвирен на укулеле. Филмот доцнеше поради оние редовни "си ми седнал на местото - и мене ми седнале на местото - и сега што правиме - и сега седни било каде па ако те станат ќе ме станеш" ритуали. Пред платното лефтерно беше оставена некаква дрвена скала, веројатно за да можат чуварите на киното да му помогнат на Нео ако тој запне некаде со тоа летањето. Во салата имаше вкупно 4 атоми на кислород со кои, за жал, јас не стапив во контакт. И да не дрвам, финтата е што без разлика кој филм го гледаш во тоа кино, рецензентскиот впечаток секогаш ќе ти биде ист и ќе гласи: "Да ти ебам филмот, цел се здрвив". Иако, уште кога ги земав картите, требаше да ми биде јасно какво сајбер доживување ме очекува. Со истите тенки, розевки, перфорирани хартивчиња со нечитки штембили влегував и на филмовите со Бад Спенсер! И сега, демек треба да ми се појави дежа ву чувство кое демек ќе си го објаснам како во Матрикс? Не би сакал никого да разочарувам ама се ми се чини дека ние, во БЈР Матрикс, стварно се напињаме кога се напињаме.
 
А

Анноун

Гостин
ај ако може некој да ми каже како се викаше хорор/трилер филмот , името му беше некој кратенки од буква и бројки , го даваа на телма скоро , нешто во гаража имаше се бркаа ...
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Елем, ваљда ви е јасно со каков жар ја чекав двојката. И што да ви кажам, да го гледаш Матрикс во кино Вардар е исто како да го слушаш Бетовен отсвирен на укулеле.
Двојката или тројката беше во универзална? Или ни двојката ни тројката, а јас ептен сум се измешал нешто...?
 
G

grande-juve

Гостин
Двојката или тројката беше во универзална? Или ни двојката ни тројката, а јас ептен сум се измешал нешто...?
Тројката, се сеќавам од школо не носеа и атмосфера топ, летаат семки, си зборат на мобилни... убавини, и ај ти после гледај филм.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.321
Поени од реакции
15.576
Можда, тој сигурно го гледав таму, али не ми текнува за двојката дали и јас го гледав во кино Вардар, али изгледа го гледав и тој, можда беше и последен филм што го прикажуваа....

п.с. Не не носеа од школо :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom