Филмов
Секоја чест. Филмчиште. За разлика од денешниве блокбастери како Трансформери те тера да се запрашаш за некои работи и не ти го spoon feed-ува дејството на филмот туку сам треба да се запрашаш што е целта и сам да стигнеш до заклучокот.
За разлика од некои филмови кои што не се замараат за боите во филмот во овој филм слободно и може да се рече дека главната концентрација на боите го носат филмов едно ниво над останатите филмови. За Псајсајд вреди 30ГБ торент да се смине за да се изгледа комплетната убавина на овој филм. Едноставно има моменти во кои што се запрашав дали сево ова што се случува на екранов е перфектна аналогија за човечкиот живот кој што лека полека изминува, па да не речам се суши се додека работите околу нас се случуваат со брзина со која што ни самите не сме свесни да ја препознаеме.
Можеби нема премногу ликови или премногу дијалог или монолог ама од ова се гледа дека режисеров на филмов црпел инспирација од Кјубрик, а тоа што дејството на филмот и самата содржина треба сам да си ја сфатиш е најверојатно омаж кон филмскиот опус на Линч.
Филмов има 8.2 оценка на IMDb и според мене е реална оценката, иако да бидам реален ќе му дадев 10ка да беше долг 3 часа.
Препорака од мене.