Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

GrouchoMarx

Мочко
Член од
26 јануари 2008
Мислења
2.907
Поени од реакции
469
А вие мислите дека реално можеш да си толкав неоткриен талент,без професионален тренинг и играње само викенд утакмици против ШКЉ американски тимови? :)

Филмот е фантазија,никој не рече дека ќе биде цврсто реален,но сепак мислам дека е одличен избор за фудбалските фанови,а дури и да привлече кон спортот луѓе кои не се тоа (американци).

Очекувајте ја 3ката,во неа ќе игра на Светско 2006,додека траело,таму ги снимале сцените.

Само не се знае дали ќе игра за Аргентина,Мексико или пак Англија.
Мој тип,Гавин Харис,Бекам итн...мора да игра за Англија :)

abe ok e fantazija ama pa do tolku da bide nesto :kesa:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Со оглед на тоа дека ваква тема недостигна на форумов и сите идеме офтопик кога коментираме во топикот ("Последен гледан филм со кратка рецензија")

Еве место каде што ќе можеме да коментираме глума,актери,режисери филмската ументност генерално. Слободно давајте мислења,предлози и пред се да коментираме филмови/актери/сценарија и режисери.



Еве мој прв пост што мислите за Сталкер, култниот филм на Андреј Тарковски и самиот он како режисер?


http://www.imdb.com/title/tt0079944/

Лично, мислам дека е едно феноменално нискобуџетно остварување!
Филм кој бара тотално да се сконцентрирате за да го сватите добра мистерија која си игра со вашиот мозок :vozbud:

Тарковски е одличен режисер, кој покажа дека за добар филм не се потребни милијарди долари или пак актер со бебешка фаца/актерка со силиконски цицки/уста. Имагинацијата пред се :smir:

Негово друго дело достојно и тек како за спомување е Соларис!

http://www.imdb.com/title/tt0069293/
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Во изминатиов период дозволувавме дискусии на Последен гледан филм и Предлог за филм кои не беа во согласност со правилата. Затоа Psyside ја отвори оваа тема, па во иднина, се враќаме по старо: на тие две теми само филмовите и рецензиите. Се останато овде. Ако сакате некого да цитирате и да ставите некоја кратка забелешка, префрлете го цитатот во оваа тема и продолжете си ја дискусијата тука. Мислам дека тоа ќе биде на обострано задоволство, и на оние кои сакаат да си пребаруваат рецензии во спомнатите две теми, и на оние кои сакаат да дискутираат пократко или пошироко за некој филм, актер, режисер итн...
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
MR.BROOKS
Трилер со Кевин Костнер во главната улога..филм за крволочен убиец кој има сосем нормален и успешен живот,и кој гледајќи го отстрана никогаш не би претпоставиле дека се работи за убиец.Еден човек го разоткрива и бара од него да го направи убиец како него.Додека Костнер гледа да му угоди на човекот за да не го пријави во полиција,се појавува уште една дилема,дали е можно генетски да се пренесе својството на убиец на своето поколение.
Ова е еден од подобрите трилери што ги имам гледано.
оценка 9/10
Јас го имам гледано филмов пред кратко време и можам да кажам дека ништо не пропушти од приказната...браво брат свака ти част спојлер на годината ако не и од постоење на кајгана...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Фала на подршката, мислам дека вака ќе биде попрегледно и поинтересно за дискусија, поготово помеѓу филмоманите кои на мое изненадување ги има доста на форумов :)
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Браво за темава и се извинувам за предходниот пост (затоа што не ја забележав темата на ебаново 8инчно екранче). А ке може на темава на пример да се праша што мислите за филмов(кој го немам гледано) ,дали вреди да се гледа и такви прашања пошто немаше досега таква тема?
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Може слободно, тука прашувајте се што сакате за некој филм, почнувајте дискусија за некој филм и други работи кои се бришат од другите теми...
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Да ќе може (генерална дискусија) Но сепак да не се претерува па да испадне оваа тема како другата: "предлoг за филм" нели. :smir:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Да многу добар филм, одлично одглуми за него не мора да се соменаваш. Такво его како неговото во филм ретко се гледа слободно зирни го. После феноменалниот
In the name of The Father (http://www.imdb.com/title/tt0107207/) според мене ова е неговата најдобра улога дефинитивно а маст си :wink:
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Пошо ме интересираше за There Will Be Blood (2007) и глуматата на Daniel Day-Lewis за која доби оскар,дали вреди да се гледа филмов?
Да, вреди да се погледне филмот, иако мене горе-долу не ми се допадна баш филмот, сепак глумата си е на место, така да не би требало да го испуштиш филмот.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.437
Поени од реакции
6.085
Да, вреди да се погледне филмот, иако мене горе-долу не ми се допадна баш филмот, сепак глумата си е на место, така да не би требало да го испуштиш филмот.
Да многу добар филм, одлично одглуми за него не мора да се соменаваш. Такво его како неговото во филм ретко се гледа слободно зирни го. После феноменалниот
In the name of The Father (http://www.imdb.com/title/tt0107207/) според мене ова е неговата најдобра улога дефинитивно а маст си :wink:
благодарам и на двајцата ,да ми сте здрави и живи и се извињавам за офтопиков
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Пошо ме интересираше за There Will Be Blood (2007) и глуматата на Daniel Day-Lewis за која доби оскар,дали вреди да се гледа филмов?
Не вреди, глумата му е одлична, филмот е толку досаден што во поголемиот дел од него ќе размислуваш на кој начин да се самоубиеш за да си ги скратиш маките.

Сега гледај го и после кажи дали ти се допаднал повеќе мојов совет или оној на The Great :)

Ако те нема подолго време ќе си земам за право да мислам дека мојот совет бил подобар :pos:

P.S.
И Psyside е за? Ќе биде интересно... :pos:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Да да дефинитивно :vozbud: и ја сум за! Иначе се согласувам дека филмот не е многу возбудлив (спор е) иако мене ми беше ок во тој поглед. Сепак глумата на Даниел ме воодушеви тотално и можеби сум малце пристрасен ,си признавам :wink:
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.394
Поени од реакции
25.213
There will be blood како прво е многу тежок филм. Треба максимална концентрација. Од една страна ќе ти се свиѓа, од друга страна ќе мислиш дека не. Има некои сцени кои многу бавно се одвиваат. Јас на пример го имам гледано 2-3 пати и секогаш имам поделено мислење околу филмов. Кај неколку филмови имам такво мислење, на моменти ми се свиѓаат многу, на моменти не, зависи од расположение.
Ама едно да е јасно, Дениел Деј Луис е ѕвер, актер над актериштата.
Само погледнете ја оваа сцена, дефинитивно најдобрата во филмов, морници ми лазет по кожава од глумава на двајцава гуруа овде.

Поооооооо, една од најдобрите сцени ever.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom