Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Никако рецензии во вакви листи - си има теми за тоа во предлог и последен гледам филм. Ми се допаѓа идејата за предизвик, би сакал да ропнан 365 бројка :pos:
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
А само што сакав да отворам тема: Предизвик за изгледани филмови во 2014, каде онака, таксативно ќе ги набројуваме сите филмови што ќе ги изгледаме низ 2014, без разлика од која година се. Ќе биде пандан на истоимената тема во Уметноста, литературата, јазикот, и ќе помогне на крајот од 2014 да не се доведеме до ситуација да не знаеме што се сме изгледале низ годината што изминала, како што е случај со мене сега во 2013. Плус, ќе биде и еден вид натпревар со самите себеси дали би можеле да оствариме некоја норма која сме ја зацртале однапред. На некои може ќе им служи за билдање его, но што ако?

А, да. Јас не сум за пишување рецензии во таа тема. Нека останат рецензиите во Последен гледан филм со кратка рецензија, а тука нека бидат линкувани филмовите до рецензиите таму, или пак цитирани рецензиите од таму.

Можам да отворам, или да оставам на некој друг? :P

одлична идеја, отварај веднаш што е до мене. (y)
 
џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.360
Поени од реакции
25.055
Нели истава тема ќе биде само пренаменета во таков формат на броење филмови? :) Не знам, еве wot нека каже. Според мене ако има Предизвик за 2014, зборот "предизвик" ќе им боде очи на многумина. Вака со working title е доволно кул за деца како нас. :D
 
wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.505
Поени од реакции
33.665

Отварај, иста ми е и мене замислата скоро, само како што кажа џими натпревар боде очи, мада не значи дека не смееш да го вметнеш во воведот :P
Oти во литература 10 страни се збореше дека читањето не треба да е предизвик, пример ти постави си предизвик 365 филмови, јас ќе си рангирам моите гледани, Мајло само од 2014та ќе си реди..
Мислам дека правецот „тефтер“ е најслободен правец дека без ограничувања и може да биде поинтересно. Од друга страна пак ептен послушни бевте само за 2013та филмови и оценување од 1 до 5. :P

Никако рецензии во вакви листи - си има теми за тоа во предлог и последен гледам филм. Ми се допаѓа идејата за предизвик, би сакал да ропнан 365 бројка :pos:
Мене би ми бил интересен предизвикот, ама искрено малку нереален, годинава јас изгледав ~150 филмови, 200 би било pushing it, a 365 за мене неизводливо.
Ќе мора да страда социјалниот живот или учењето. :D

Нели истава тема ќе биде само пренаменета во таков формат на броење филмови? :) Не знам, еве wot нека каже. Според мене ако има Предизвик за 2014, зборот "предизвик" ќе им боде очи на многумина. Вака со working title е доволно кул за деца како нас. :D

Oва working title го изумив, и така остана, ама ако, си има шмек. :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.800
Поени од реакции
33.619
Нели истава тема ќе биде само пренаменета во таков формат на броење филмови? :) Не знам, еве wot нека каже. Според мене ако има Предизвик за 2014, зборот "предизвик" ќе им боде очи на многумина. Вака со working title е доволно кул за деца како нас. :D
Отварај, иста ми е и мене замислата скоро, само како што кажа џими натпревар боде очи, мада не значи дека не смееш да го вметнеш во воведот :P
Oти во литература 10 страни се збореше дека читањето не треба да е предизвик, пример ти постави си предизвик 365 филмови, јас ќе си рангирам моите гледани, Мајло само од 2014та ќе си реди..
Мислам дека правецот „тефтер“ е најслободен правец дека без ограничувања и може да биде поинтересно. Од друга страна пак ептен послушни бевте само за 2013та филмови и оценување од 1 до 5. :P

Мене би ми бил интересен предизвикот, ама искрено малку нереален, годинава јас изгледав ~150 филмови, 200 би било pushing it, a 365 за мене неизводливо.
Ќе мора да страда социјалниот живот или учењето. :D
Претпоставувавам дека сте во право за семантичкиот проблем со зборот „предизвик“, зошто како што реков, многумина можат да го сфатат како алатка за билдање его. Затоа направив „кованица“ која би била more suitable. Што велите за „MOVIESPOTTING 2014“? Ако Британците имаат хоби - броење возови, зошто ние не би имале: броење филмови?
 
R

Rigel Kent

Гостин
Темите никнуваат како печурки , можеше да се искористи темата Ваша листа на филмови од 2013 (working title) да се промени насловот . Не ја гледам поентата за отворање теми кога можат да се искористат постоечките или пак некој да се нафати да ги спои некои теми во една.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.800
Поени од реакции
33.619
Секако беше планирано Ваша листа на филмови од 2013 да оди под клуч, па така...
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ауууу - го глеал ли некој германскиот Oh Boy? Ептен ептен ме бендиса, едно јака 8 накај 9 му давам, црно бела снимка, нешто слично како Frances Ha но во машка и уште подобра верзија. Музиката како од Вуди Ален филм, па и Берлин со такви кадри, препорака, мислам дека @wot ќе го лајка...
 
Симнат ми е ако не и минатиот месец, грандејуве баш исто ми го опиша и препорача, ама не, му немам уште седнато. Високо во план ми е tho.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Темите никнуваат како печурки , можеше да се искористи темата Ваша листа на филмови од 2013 (working title) да се промени насловот . Не ја гледам поентата за отворање теми кога можат да се искористат постоечките или пак некој да се нафати да ги спои некои теми во една.

глупо ќе беше тоа, вака е подобро, таа беше за филмови кој излегле во 2013, оваа е за сите изгледани во 2014 :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.800
Поени од реакции
33.619
Не го сфаќам во целост хејтот (ако можам така да ги наречам две-трите „рецензии“ во кои беше прикажан како еден од најлошите филмови ever) за Fruitvale station на форумов. Мене филмот ми беше сосема ОК, баш ми го направи меракот. Може не е меѓу најдобрите филмови на сите времиња, ама не е нималку лош. Искрено, ме мрзи да пишувам рецензии во последно време, затоа од мене само оценка - 7,5/10.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Не го сфаќам во целост хејтот (ако можам така да ги наречам две-трите „рецензии“ во кои беше прикажан како еден од најлошите филмови ever) за Fruitvale station на форумов. Мене филмот ми беше сосема ОК, баш ми го направи меракот. Може не е меѓу најдобрите филмови на сите времиња, ама не е нималку лош. Искрено, ме мрзи да пишувам рецензии во последно време, затоа од мене само оценка - 7,5/10.

Хејтот е заради тоа што се портретизира гангстер, како светец, знаеме сите многу добро какви се луѓето израснати во гето. Ти стварно мислиш дека инцидентот на станицата е објективно прикажан во филмот? јас мислам дека не е , ни приближно.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.800
Поени од реакции
33.619
Хејтот е заради тоа што се портретизира гангстер, како светец, знаеме сите многу добро какви се луѓето израснати во гето. Ти стварно мислиш дека инцидентот на станицата е објективно прикажан во филмот? јас мислам дека не е , ни приближно.
ОК, многу нереално и розево е прикажан целиот лик на Оскар, без воопшто да се пенетрира подлабоко во неговото гангстерско минато, за тоа се сложувам. Ама ако се апстрахираме од вистинската приказна по која е направен филмот, ете - да се правиме ко да не знаеме што навистина се случувало и филмот да го сметаме за обична фикција која нема никаква врска со реалноста - мораш да признаеш дека во тој случај би бил сосема ОК. Може дури и повеќе од тоа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom