А само што сакав да отворам тема: Предизвик за изгледани филмови во 2014, каде онака, таксативно ќе ги набројуваме сите филмови што ќе ги изгледаме низ 2014, без разлика од која година се. Ќе биде пандан на истоимената тема во Уметноста, литературата, јазикот, и ќе помогне на крајот од 2014 да не се доведеме до ситуација да не знаеме што се сме изгледале низ годината што изминала, како што е случај со мене сега во 2013. Плус, ќе биде и еден вид натпревар со самите себеси дали би можеле да оствариме некоја норма која сме ја зацртале однапред. На некои може ќе им служи за билдање его, но што ако?
А, да. Јас не сум за пишување рецензии во таа тема. Нека останат рецензиите во Последен гледан филм со кратка рецензија, а тука нека бидат линкувани филмовите до рецензиите таму, или пак цитирани рецензиите од таму.
Можам да отворам, или да оставам на некој друг?