Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

B

Blade Torch

Гостин
Какво освежување ми беа францускиот "Intouchables" и данскиот "Hunt" во овој тапа период на излегување на некој квалитетен филм од Холивуд.

Кон првиот отпрвин имав кењаторски мисли . Инвалид и црнец .. викам што ќе го гледам овој , се знае дека ќе игра на картата сожалување . Откако го изгледав сфатив дека самиот постер на филмот каде двајцата главни актери се насмеани ти кажува дека филмот нема да е таков како што најпрво би помислил.

А данците како им лежат овие драмиве , секоја чест. Ептен се добри со овие деца-возрасни релации. Доста реална содржина , која донекаде и ќе те исплаши. Многу добри луѓе и во реалноста биле зацрнети вечно од лаги кои се ширеле за нив меѓу луѓето . Докажувај колку сакаш потоа , ништо не може да биде исто.
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Дечки вчера го гледав Intouchables и дефинитивно почнувам уште почесто да гледам филмови од европска продукција. Неверојатен квалитет минува незабележан. Се изнасмеав со филмот и се растажив. Комплетно парче. Браво.
 
G

grande-juve

Европски, релативно нови, што мислам дека не се доволно забележани, а положиле кај мене :)
Sister (2012)
Kon-Tiki (2012)
Tabu
Tyrannosaur (2011)
Café de Flore (2011)
Another Year (2010)
Barney's Version (2010)
In a Better World (2010)
The Illusionist (2010)
The Trip
 
Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Европски, релативно нови, што мислам дека не се доволно забележани, а положиле кај мене :)
Sister (2012)
Kon-Tiki (2012)
Tabu
Tyrannosaur (2011)
Café de Flore (2011)
Another Year (2010)
Barney's Version (2010)
In a Better World (2010)
The Illusionist (2010)
The Trip
еве еден таков oд мене :)

Quartier lointain (2010)
ја прегледував програмата на Кинотека за април и само овој ме заинтересира од поглед на приказната, искочи доста интересен...
белгиски, драма-фантазија, според манга....
за еден средовечен човек кој се враќа у детството за време на тинејџерските години и се обидува да спречи еден настан кој ќе му го обележи животот у негативен смисол а и да ја дознае причината за тој настан, и воедно ја користи таа шанса и да ужива повторно во детството...
Носталгичен, емотивен филм така со интересна мистериозна приказна, допадливи ликови, добра глума, саундтрак....
како маана може приказната можеше да биде подобра на моменти, поразработена, подинамична...се добива таков впечаток дека не е искористен целиот потенцијал
 
Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.958
Добро чоече од каде ги наоѓаш гифовиве?
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
Seven Psychopaths :pos:
Одличен филм и уште поодличен Сем Роквел. Добри беа и Колин Фарел и Кристофер, но Сем најповеќе се истакна. Филм кој не треба да се предвидува што се ќе се случи следно, приказната е одлично осмислена и одлично сработена од страна на актерската екипа. Го гледаш филмот, се смееш и уживаш. (извинете за моите аматерски коментари бидејќи сеуште сум тапчо :) )

Сцената каде што го опишува the final shootout. :pos:
... and then he pulls out the shotgun :pos:

Одличен е нек си е*е мајката. :icon_lol:
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Ме интересира што (или кој) го одредува правото на емитување на еден филм во одредена држава?
Со други зборови, зошто кај нас некои филмови покасно стигаат во кината ?
Не мислев само за нас, има и во други држави каде стигаат покасно...
Дали е тоа до бројот на населението и неговиот ГДП?
 
Член од
30 мај 2009
Мислења
10.155
Поени од реакции
23.298

Парите.
 
edin4o

Продуцент
Член од
4 април 2010
Мислења
1.419
Поени од реакции
461
Просто проширено (знам дека се парите) :) :
Значи колку е спремно тоа кино да вложи во филмот и колку е спремно да си ги врати парите со картите што ќе ги продаде?
И на крај, која земја ќе даде поише пари (односно кое кино ОД КОЈА ЗЕМЈА) ќе го има филмот најпрво... ?
 
Па ваљда издавачките куќи си имаат ценовник по региони.

Кино да не отвараш ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom