Psyside
Nocturnal
- Член од
- 30 јануари 2009
- Мислења
- 18.743
- Поени од реакции
- 18.492
Катастрофа, одма ќе ти кажам. Секогаш кога ќе видиш во описот на филмот TS (2010.TS.V2.NEW.AUDIO.XviD-PrisM.torrent) веднаш заборави го. Не очекувајте во следните 3/4 месеци добра снимка за Inception...Го има ли симнато некој Inception od - http://zamunda.net/details.php?id=229956&comments=1#startcomments
Me интересира што слика има , дали вреди да се симне уствари.
Го имам симнато по препорака на Боби, и сум заборавил да го гледам..класикаAбе сите што сакаат да си го мачат мозокот, не ви се допадна ова? http://www.imdb.com/title/tt0390384/
Само јас и bobi2008 сме фанови изгледа. Неверојатен филм со огромно мал буџет.
Лош избор си направила, ај првиот онака лефтерно. Ама вториот, ужасAccepted
Интересна идеја има. Од мене има 5.5. Добро тинејџерско филмче за тепање време.
Се работи за едно дете кое ќе биде одбиено од сите колеџи за кои ќе поднесе барање и тој, за да не ги разочара неговите, ќе си прати писмо дека е примен во некојси факултет. Со помош од другарите, ќе уредат една зграда, поранешна лудница, да заличи на факултет, ќе му платат на еден да глуми декан и ќе направат веб-страна за факултетот за родителиве да видат дека се е реално. И ок, родителиве ќе поверуваат. Проблемот е што уште стотици деца го виделе сајтот и се пријавиле - и биле примени. И сите ќе дојдат на факултетот, носејќи по 10 000 долари партиципација.
Има полнење очи и за машки и за женски - глумат Серена Ван Дер Вудсен од Госип Грл, и Келан Луц од Твајлајт. Проблемот е што филмов е пореален од Star wars. Крајот посебно, у реален живот никогаш нема да се деси. Не го сметам ова за спојлер пошто сите знаеме какви се краевите на тинејџерските филмови.
Sex and the city 2
Ауу немам зборови за филмов. Толку безвезален филм немам одамна гледано. Филм у кој расплетот е кога Кери ќе ја отскрие десната нога. Лошо. Требало милионите кои им биле на располагање, наместо да ги трошат на фустани, да ги потрошат на човек кој ќе состави саглам сценарио. Четвртина од филмот е опис на Абу Даби. Па ако сакав тоа да гледам, ќе гледав од оние емисиине на локалниве телевизии за патеписи. Другата четвртина е опис на хотелот у Абу Даби. Ако сакаат да ни го загорчат животот на нас, обичните смртници, кои не можеме да си дозволиме престој во хотел со седум ѕвездици, тогаш им успеа. Филмов е ок за ако сакаш да видиш што пропушташ.
Единствено добро нешто беа фустаните, стварно беа прекрасни.
Незнам само зашто покрај толку добри филмови се фаќате за вакви навреди на филмската уметност...