Го заборави и Seven pounds ...екстра филмче иако не сум љубител на драми.
--- надополнето ---
А во фајт клаб ѕверот беше Нортон ,не Пит...Иначе интересна дискусија али врти сучи сите имаат по некоја добра улога и по некоја ептен утната,лесна,само за комерцијала улога...Да не почнам за Пит од екстра фејв улоги што ми биле до бљувотината на Господин Смит.
За Нортон нема дискусија, според мене е еден од најдобрите наратори во историјата на филмот, човеков има неверојатни монолози. За глумата исто така, со секоја улога толку многу се соживува, и тоа се гледа низ повеќето негови филмови, негови најголеми остварувања се Primal Fear, American History X, 25 th Hour, Fight Club, Death to Smoochy. Човеков може да игра буквално се од улоги, во тоа се уверив кога го гледав во The Painted Vail. Прилично невообичаена улога за него, каде што не доминира во своите говори, напротив имаше улога на ладен, конзервативен и не многу зборлест доктор, чија што жена не го сакаше и беше со него од други интереси. И типов низ филмот успеа од такава фаца да се трансформира во сосема нешто спротивно, при што нормално жена му пак се заљубуе у него.
Она што сакам да кажам е дека човеков без разлика во колку просечен и лош филм да глуми, со она што располага а тоа е харизмата, живоста во глумата и флексибилноста во дадена ситуација успева да те привлече да останеш до крај. Сега факт е дека нема среќа со улоги ко што да речеме Бред Пит, а особено Леонардо ди Каприо добиваат, можеби затоа што нема физички предиспозиции или во прашање е нешто сосема трето. Поради тоа не го сакам многу Лео ди Каприо, затоа што е блокбастерски актер, секогаш игра на сигурно, не експериментира во својата професија. Само погледни му ја листата на филмови која ја снимил и режисерите со кои соработувал (Џејмс Камерон, Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг, Ридли Скот, Кристофер Нолан, Сем Мендез, Дени Бојл). Според мене Ди Каприо треба да му пали свеќа у црква на Камерон преку чиј филм стана ѕвезда, и особено на Мартин Скорсезе кој што си го усвои ко да му е роден син. У последните четири филма на Скорсезе добива главна улога, па по дифолт се знае дека ќе биде класифициран како добар актер. Треба да си ептен лош за да некој ти забележи за глумата у филм на Мартин Скорсезе, а особено ако актерската екипа се состои од Џек Николсон, Мет Дејмон, Алек Болдвин, Марк Волберг и Мартин Шин. Кој може да каже лошо нешто за Лео кога го стаиле покрај такви имиња? Јас веќе еднаш постирав дека Ди Каприо не би го оценил како лош актер, но сигурно не би кажал дека е извонреден. Особено поради фактот што дечково си ги дигна акциите после Титаник и реши дека нема да снима со било кои режисери. Него побитен му е рејтингот што го има ко актер и филмовите кои стојат позади него, одколку глумата што ќе ја даде. Јас не велам дека тоа е лошо, тоа е сон за секој глумец да се профилира себеси како меинстрим актер, но тоа сигурно не значи дека е и најдобар актер.