Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052
Имаш поента, точно. Некои дела се толку перфектно одглумени, што никој друг не би сторил иста работа. Можеби статистиката го прави и Круз подобар, јас само давав лично мислење. ДиКаприо е ѕвер, побудува емоции, повеќе глуми во емотивни филмови, драми, филмови што допираат, разликата ми беше во тоа што и Пит ќе долови колку толку во такви дела, но тој добро се снаоѓа во комедија, акција, хорор и така натаму. Пофлексибилен ми е. И не, не ради Фајт Клуб, таму го хејтав, Нортон е ѕверот таму. :))))
win-win situation ќе биде да ги видиме и двајцата во ист филм,добар предизвик ќе биде =))) Пит и Круз беа во Интервју со вампирот ... али малце ретко деновиве толку големи ѕвезди во исти проект

:)
 

Nonteizam

Полихистор
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.129
Поени од реакции
791
Ајт сеа овака...малку мош темета не е за овоа ама гледам не сум прв шо прашува.....Дајте ми предлози за некој филм ама ФИЛМ ФИЛМ некој шо ке ме изместе шо ке ми прае грч додека гледам(не зборам за хорор) некој трилер/мистерија шо и да е стар нов без разлика давајте оти веке сум очај за добар филм....
Гледај го филмот кој се вика исто како и симболот на твојот аватар: http://www.imdb.com/title/tt0138704/
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.116
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.891
AТЕНТАТОРИ:
Роберт Рет (Силвестре Сталоне) е платен убиец кој сака да се повлече од тој бизнис. Но изгледа дека тоа не е лесно, зашто му испраќаат помлад атентатор да го убие. Роберт се здружува со компјутерската хакерка Електра (Џулиен Мур) за да го порази опсесивниот Мигуел Бејн.(Антонио Бандерас)
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Не, шанси нема Ди Каприо со Пит :)
Ја па баш обратно мислам. Ди Каприо ептен се соживува со улогите. Не дека Бред Пит глуми лошо, баш напротив, ама не може со Ди Каприо. Aли може тоа ми изгледа така ради филмовите. Ди Каприо нема промашај од филм.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
За мераклиите на не толку добри филмови и за оние што немаат попаметна работа - на Канал 5 денес ќе го има „Mega Shark vs Giant Octopus“ :vozbud:
Инаку, за недоволно информираните, во последно време студиото The Asylum и неговите хитове се мошне забележителни во понудата на нашите телевизии :ija:
Го допираме дното...
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
^^^^^
Синоќа на Телма го даваа Мулхолнд Драјв...Може и има надеж за нашиве телевизии а?:raz:
 

Manga

Golem alat
Член од
21 април 2006
Мислења
7.764
Поени од реакции
5.052
На телма знаат да изненадат со добри филмчиња - иако постари =)

Баш на телма едно време го изнаредија филмов Oxygen (1999) и секој пат кога ќе го начекав го гледав ...

Добро трилерче - добра тензија нуди филмов , го препорачувам .. :tv:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
AТЕНТАТОРИ:
Роберт Рет (Силвестре Сталоне) е платен убиец кој сака да се повлече од тој бизнис. Но изгледа дека тоа не е лесно, зашто му испраќаат помлад атентатор да го убие. Роберт се здружува со компјутерската хакерка Електра (Џулиен Мур) за да го порази опсесивниот Мигуел Бејн.(Антонио Бандерас)
Дечко, темава не е за да го напишеш само дејството во филмот. Имаме имдб за тоа. Опиши импресии, глума, оценка...
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
^^^^^
Синоќа на Телма го даваа Мулхолнд Драјв...Може и има надеж за нашиве телевизии а?:raz:
На телма знаат да изненадат со добри филмчиња - иако постари =)

Баш на телма едно време го изнаредија филмов Oxygen (1999) и секој пат кога ќе го начекав го гледав ...

Добро трилерче - добра тензија нуди филмов , го препорачувам .. :tv:
Иако не е непосредно поврзано со темата (а таков донекаде беше и мојот претходен пост, се извинувам за тоа), Телма секогаш била пријатен исклучок кога станува збор за филмска понуда.
Јас лично им давам предност на постарите филмови :)
Сепак, една или две ластовички не прават пролет. Уште повеќе, не е тешко и неизводливо наместо нискобуџетни и неинтелегентни помии да се прикажат делата на Хичкок, Куросава, Сесил Б. де Мил и многу други, често црнобели остварувања (многу површно е да се одредува квалитетот на филмот само по тоа дали е „обоен“ или не)или понови (од 60,70 и 80 - тите години) филмови кои секако се поевтини и не подлежат на поголеми ограничувања во однос на авторски права.
Сакам да кажам дека - кај нас во голема мера недостасува основно чувство или незнаење, за тоа што е добро а што не, за тоа што претставува квалитет, а што не. Некому едноставно не му е местото таму од каде што зема пари (тв, радиодифузија, whatever). Затоа, фала богу на интернетот, кабелската и сл.
 
Член од
8 април 2010
Мислења
1.182
Поени од реакции
281
Претходно на Телма го даваа од Хичкок North by northwest Телма сеа за сеа можеби дава стари филмови ама најчесто барем добри и квалитетни се
 
Z

zmej gorjanin

Гостин
Го заборави и Seven pounds ...екстра филмче иако не сум љубител на драми.

--- надополнето ---

А во фајт клаб ѕверот беше Нортон ,не Пит...Иначе интересна дискусија али врти сучи сите имаат по некоја добра улога и по некоја ептен утната,лесна,само за комерцијала улога...Да не почнам за Пит од екстра фејв улоги што ми биле до бљувотината на Господин Смит.
За Нортон нема дискусија, според мене е еден од најдобрите наратори во историјата на филмот, човеков има неверојатни монолози. За глумата исто така, со секоја улога толку многу се соживува, и тоа се гледа низ повеќето негови филмови, негови најголеми остварувања се Primal Fear, American History X, 25 th Hour, Fight Club, Death to Smoochy. Човеков може да игра буквално се од улоги, во тоа се уверив кога го гледав во The Painted Vail. Прилично невообичаена улога за него, каде што не доминира во своите говори, напротив имаше улога на ладен, конзервативен и не многу зборлест доктор, чија што жена не го сакаше и беше со него од други интереси. И типов низ филмот успеа од такава фаца да се трансформира во сосема нешто спротивно, при што нормално жена му пак се заљубуе у него.
Она што сакам да кажам е дека човеков без разлика во колку просечен и лош филм да глуми, со она што располага а тоа е харизмата, живоста во глумата и флексибилноста во дадена ситуација успева да те привлече да останеш до крај. Сега факт е дека нема среќа со улоги ко што да речеме Бред Пит, а особено Леонардо ди Каприо добиваат, можеби затоа што нема физички предиспозиции или во прашање е нешто сосема трето. Поради тоа не го сакам многу Лео ди Каприо, затоа што е блокбастерски актер, секогаш игра на сигурно, не експериментира во својата професија. Само погледни му ја листата на филмови која ја снимил и режисерите со кои соработувал (Џејмс Камерон, Мартин Скорсезе, Стивен Спилберг, Ридли Скот, Кристофер Нолан, Сем Мендез, Дени Бојл). Според мене Ди Каприо треба да му пали свеќа у црква на Камерон преку чиј филм стана ѕвезда, и особено на Мартин Скорсезе кој што си го усвои ко да му е роден син. У последните четири филма на Скорсезе добива главна улога, па по дифолт се знае дека ќе биде класифициран како добар актер. Треба да си ептен лош за да некој ти забележи за глумата у филм на Мартин Скорсезе, а особено ако актерската екипа се состои од Џек Николсон, Мет Дејмон, Алек Болдвин, Марк Волберг и Мартин Шин. Кој може да каже лошо нешто за Лео кога го стаиле покрај такви имиња? Јас веќе еднаш постирав дека Ди Каприо не би го оценил како лош актер, но сигурно не би кажал дека е извонреден. Особено поради фактот што дечково си ги дигна акциите после Титаник и реши дека нема да снима со било кои режисери. Него побитен му е рејтингот што го има ко актер и филмовите кои стојат позади него, одколку глумата што ќе ја даде. Јас не велам дека тоа е лошо, тоа е сон за секој глумец да се профилира себеси како меинстрим актер, но тоа сигурно не значи дека е и најдобар актер.
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
^^^^^
Синоќа на Телма го даваа Мулхолнд Драјв...Може и има надеж за нашиве телевизии а?:raz:

Сите добри филмови што се пуштаат/пуштаа на Телма се заради водителот на Филмополис, кој воедно е и уредник на овој дел од програмата на телевизијата. Дечкото има големо познавање на филмската уметност. Ооготово на европскиот дел од истата.

П.С. И како Мулхоланд Драјв? имаш гз да пишеш рецензија ? :pos:
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Сите добри филмови што се пуштаат/пуштаа на Телма се заради водителот на Филмополис, кој воедно е и уредник на овој дел од програмата на телевизијата. Дечкото има големо познавање на филмската уметност. Ооготово на европскиот дел од истата.

П.С. И како Мулхоланд Драјв? имаш гз да пишеш рецензија ? :pos:
Искрено не ни можам.... го фатив на пола и џабе ќе се мачам и да пробам да го рецензирам би немало смисла.Ќе го дадат деновиве пак сигруна сум,пе ќе видиме дали ќе можам:tv:
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Искрено не ни можам.... го фатив на пола и џабе ќе се мачам и да пробам да го рецензирам би немало смисла.Ќе го дадат деновиве пак сигруна сум,пе ќе видиме дали ќе можам:tv:
Па да ти кажам право и цел да го гледаш нема скоро ништо да се смени :icon_lol:

Да не се разбереме погрешно, не ја потценувам твојата интелгенција. Но во овој случај истата не игра клучна улога, тој дел го оставам на имагинацијата. Филмот е тотално отворен за интерпретација и кој и да го рецензира секогаш ќе има несогласување и несогласени ставови. Искрено? ако може така да се каже јас лично пробав да го сватам во што (според мене успеав делумно) но сепак тоа е само една игра на режисерот која тешко дека постои човек кој би ја "разоткрил" целосно. Aко воопшто има што да се разоткрива? нели. Многу,многу двосмислени па и тросмислени дијалози содржи. Но згора на тоа и испреплетени приказни split personality, guilt? и она уште по влијателното, многу простор за сонување - фатазија - имагинација. Сепак пред се доаѓа најбитното, self exploring at its best! За профили како мене кои се радознали, љубопитни и сакаат да трагаат по решенија - да истражуваат набљудуваат/осознаваат филмов е перфектен избор! Такви суштества сме, имено на имагинацијата и љубопитноста се основната и клучната фаза во почетоците и големиот развој-напредок на човековата еволуција. Понекогаш прашањата се од поголема важност - значење (self exploring, perhaps?) него самите одговори. Само што сега зборувам за самите нас, реалноста, не за фиктивни моменти нели. Малце отидов офтопик ама сакам само да доловам за какво дело се работи, генерално и какво влијание има кај гледачот, се извинувам за малиот офтопик.

Лично премногу уживав во филмот, во секоја скриена порака-мистерија, Линч е гение!! Единствената "рецензија" која би се осмелил да ја напишам т.е. мал поглед/опис на филмот од моја гледна точка.

An infinite search!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom