Еве кој филм го гледал бомбашот на американската амбасада
Трилерот што го изреволтирал триесет и седумгодишниот скопјанец и бил причина да фрли молотов коктел врз амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје бил прикажуван синоќа од 20,15 часот на првата програма на МТВ, пренесува Нетпрес.
Станува збор за филмот „Без одбрана“ (Defenseless) на режисерот
Мартин Кемпбел од 1991 година во кој глумат
Барбара Херши, Сем Шепард и Мери Бет Харт. Филмот зборува за адвокатката Телма Катвулер (Барбара Херши) која пред судот брани своја пријателка обвинета за убиството на својот сопруг.
По гледањето на овој филм А.Н., како што раскажал во полициска станица, многу бил револитран по што дошол до идеја да ја нападне американската амбасада. Тој околу полноќ отишол пред главниот влез и фрлил еден молотов коктел, за среќа при нападот нема предизвикано материјална штета, ниту некој е повреден.
А.Н. при бегството од местото направил сообраќајна несреќа, по што бил пренесен во болница, а потоа приведн во полициската станица во Кисела Вода. Против него полицијата најави соодветна пријава.
Напаѓачот на американската амбасада веќе имал полициско досие поради тешки кражби.
Defenseless (1991)
Добро е што имал невкус и не гледал нешто како
The Jackal (1997)