Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.089
Мислам дека на Project X може да му се даде награда за најрецензиран филм на Кајгана.
Сабајлево после гледање реков да го рецензирам али си реков не ни заслужи филмов рецензија ...
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Сабајлево после гледање реков да го рецензирам али си реков не ни заслужи филмов рецензија ...
Не е толку лош.
Мене баш ми беше океј филмот, одамна се немам насмеано на нешто што пишува дека е комедија. Интересно направено, ми се свиѓаше и камерата, глумциве се снајдоа доста добро.
Ама што го отепаа од рецензирање го отепаа.
 

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.089
Не е толку лош.
Мене баш ми беше океј филмот, одамна се немам насмеано на нешто што пишува дека е комедија. Интересно направено, ми се свиѓаше и камерата, глумциве се снајдоа доста добро.
Ама што го отепаа од рецензирање го отепаа.
знам дека е ствар на вкус али првите 45 минути ми идаше да се отепам од досада... ајде камерата - пов ,ми правеше ќејф али останатото од глумата до дијалозите ,па се до крај поентата(пораката де) на филмот ако воопшто ја имаше , целиот хејт го насобра во мене ...
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
знам дека е ствар на вкус али првите 45 минути ми идаше да се отепам од досада... ајде камерата - пов ,ми правеше ќејф али останатото од глумата до дијалозите ,па се до крај поентата(пораката де) на филмот ако воопшто ја имаше , целиот хејт го насобра во мене ...
Аман бе :) На тинејџерска комедија бараш дијалози и поента
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot

zee German

mpkfa
Член од
12 август 2009
Мислења
6.439
Поени од реакции
6.089
Аман бе :) На тинејџерска комедија бараш дијалози и поента
К немаше од комедија...да беше комедија немаше да барам :D. Ево стварно да ве прашам,на која сцена се насмеавте ? На таа кога џуџето ги маваше по ма*иња ? Или на таа кога му ја турија корпата додека ке*аше Коста ?
 
2

~2A

Гостин
К немаше од комедија...да беше комедија немаше да барам :D. Ево стварно да ве прашам,на која сцена се насмеавте ? На таа кога џуџето ги маваше по ма*иња ? Или на таа кога му ја турија корпата додека ке*аше Коста ?
Јас се смеев кога џуџето го заглавија во рерната... :свиркам:
 
Член од
20 јули 2012
Мислења
242
Поени од реакции
364
Дени Де Вито: Со Мајкл Даглас не зближи марихуаната

Познатите актери Дени Де Вито и Мајкл Даглас кон средината на ’60-те години на минатиот век почнаа да го освојуваат филмскиот свет и тогаш биле млади неискусни и отворени за сите опции.
Дени Де Вито и Мајкл Даглас станале пријатели кон крајот на ’60-те години од минатиот век кога го почнале својот напредок во Холивуд.

- Мајкл го запознав во Конектикат, тој беше во хипи фаза како и јас и секако на нашето пријателство му кумуваше марихуаната, изјави 67-годишниот Де Вито за „Тајмс“.

Дени и Мајкл еден период и живееле како цимери и биле нераздвојни.
 
Член од
6 јуни 2009
Мислења
3.094
Поени од реакции
445
А бе, и јас го гледав овој Проект икс. Попрви би рекол Проект цицки.
Добар, лично не би рекол. Исто, не би рекол ни лош. Арен е, поминува, ќе се насмееш ваму и таму.

Најмонгу ми се допадна музиката. Едно како имаат избор на модерна музика, друго како сета таа современа музика е вклопена во филмот. И тоа.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
G

grande-juve

Гостин
На кратко, да препорачам неколку култни филмишта, негледани досега главно поради должината на траење и чекање на летото за да се има време, нели...

Carrie - Хорор како од учебниците, од атмосфера до приказна до глума се беше погодено, со една од моите поомилени глумици Сиси Спејсек, само ќе кажам, се зезаа со погрешната девојка :sneaky:.
9.5/10

Assault on Precinct 13 (1976) - за тие што го гледале, Бишоп, Вилсон и женската, не треба дополнителен коментар. За тие што не го гледале, ве очекува јака акција со мнооогу пукање.
8/10

Papillon - за двајца затвореници на мал остров, другарството, издржливоста... базирано на вистинска приказна. И каква само глума на Стив МекКвин :cuc:.
9.5/10

Nashville- Приказна за различни луѓе споени благодарение на кантри музиката и политиката. Филмов според мене е за човековото лицемерие, вообразеност, па и глупавост. Имаше и доста сцени на кои прснав од смеа, ама крајот беше врв, трагикомедија.
кога ја застрелуваат главната ѕвезда на бина, концертот продолжува, и сите си ја пеат "It Don't Worry Me."
9/10​
The Bridge on the River Kwai- Алек Гинис фантастичен. Втора светска војна, Британски одред ќе биде заробен од Јапонците и ќе им биде наредено да изградат мост, но Британскиот полковник Николсон има други планови...
What have I done
9/10​

Traffic - За борбата против дрогата од сите агли, дали може да се победи, итн... Најдобриот од Содерберг што сум го гледал.
9/10

Revanche - Австриски, многу реално направен, номиниран за оскар, добар филм.
8/10

Short Cuts - Кога сме кај реално направени филмови, Алтман го трефнал до коска. Слично како кај Нешвил, и тука се работи за поврзаноста на повеќе луѓе и семејства од Лос Анџелес и нивниот секојдневен живот. Исто акцентот е ставен на човековиот карактер, моралот, како реагира при одредени ситуации. Глумците погодени, глумата одлична, музиката одлична... се беше одлично, трите саата одма ми поминаа, слично како лани со Догвил :)
10/10
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Sleeping Beauty (2011)... i'd tap that!
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.643
Поени од реакции
34.057
Да, по твојот предлог. Како филм не е тоа што сакам, но битно интересен ми беше
Разбирливо, дека беше long shot, затоа не го пишав во предлог, туку за ентузијасти. Не е класичен филм, нема кулминација, нема дефинирано контекст до скоро пола филм, некои од сцените се несфатливи се до самиот крај. Бавен, сив филм. Драма со artsy-fartsy примеси. Но го пишав дека ме подзамисли и после завршувањето, допре доста теми, од објектификацијата на жените, до разните анимални појави и потиснати желби за девијација кога стануваше збор за секс па се до целиот симболизам околу заспаната убавица. Немам гледано филм кој толку е ориентиран кон секс, без да покаже actual секс. И ми се допадна тој допир, да се изолираме од емоции, за полесно да ја сфатиме главната протагонистка и начинот на кој таа дисфункционално функционира.

Али како што Вештица го (предложи и) оцени, и од мене 7ка.
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.560
Поени од реакции
2.524
The Untouchables

Дури и некои сцени беа премногу искарикирани. Сцената кај мостот кога џуџето здивува кога ќе му го погодат пријателот и почнува да убива се пред себе, сцената во железничката станица кога Нес убива се живо пред него и истовремено спасува бебе кое паѓа по скалите.
Едноставно, во ниеден момент не можев да се внесам сериозно во филмот.
Исто, сцената со количката демек тензична а колку е глупа, плус Де Ниро како Капоне колку е чуден, погрешен избор, не можам сериозно да го сфатам филмот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom