^Blondi
The Last Don e телевизиска минисерија додека The Godfather филмовите биле снимани за кино така да има разлика меѓу нив. И двете се базирани од книги на Марио Пузо само што Godfather филмовите имаат многу малце поврзаност со книгите, што според мене е добра работа и иде повеќе во корист на филмот затоа што книгите не ми оставија голем впечаток, додека пак The Last Don повеќе го следи расплетот на книгата. Првите два филма повеќето луге ги ставаат помеѓу најдобрите поради силната глумачка постава, атмосферата(продуцентот на филмот сакал дури и да мириса на шпагети филмот кога публиката ке го гледа и затоа најмил и глумци и режисер и сценаристи и кејтеринг
Италијанци) и предобро реализираните карактери, додека пак The Last Don едноставно го вадат Дени Ајело и Џо Мантења кои се глумци што ако има филм само двајцата како седат и гледаат во камера ке биде интересен. Освен на нив и на повеќето од филмот не ми ни текнува а тоа збори колку ми оставиле впечаток и филмот и останатиот дел од актерската екипа, додека пак да ме разбудиш и да ме натераш да ти цитирам нешто од Кум.....ке се расонам првин, кафе, туш па после цитати ке маваме колку сакаш.
Инаку од трилогијата Кум класика е првиот, вториот е меѓу најепските филмови додека третиот е боза мешана со лимунада. Штета инаку за Енди Гарсија, баш би сакал да видам продолжение со него ама како што изгледа ситуацијава, мало морген тоа.
Инаку го најдов The Hours, ке го гледам утре-задутре па да свртиме муабет за него.
Пс. Ме потсети инаку дека The Last Don и е омилен на мајка ми.