Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.117
Дрвото воопшто не е за оскар, како целосен филм потфрла, ама од визуелен аспект.. требаше да земе нешто. :)
Тоа дека го гласав не значи... немаше друго поквалитетно, за мои критериуми.
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
Немам изгледано се, не коментирам :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.117
Немам изгледано се, не коментирам :)
A минатата година? Не ми се верува сум испуштил пост каде го ставаш Сошн Нетворк over Тhe King's Speech. Би ти се изнасмеал. :)
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.325
Поени од реакции
15.577
A минатата година? Не ми се верува сум испуштил пост каде го ставаш Сошн Нетворк over Тhe King's Speech. Би ти се изнасмеал. :)
Лани да, скоро се.
Уште кога го изгледав Говорот на кралот кажав дека е филмот за Оскар, мене особено ми е при срце.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: wot
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Што да видам со буџетот за Т2. За Ејлиен бил 50 милиони, додека за другиов 100 милиони бил. На Финчер толку пари му требаа да сними филм како се мзгаат препотени по подруми:pos:

И благодарам за критиката, ке те послушам зашто сакам да изгледа убаво сепак :)
--- надополнето: 2 март 2012 во 03:22 ---
Дрвото воопшто не е за оскар, како целосен филм потфрла, ама од визуелен аспект.. требаше да земе нешто. :)
Тоа дека го гласав не значи... немаше друго поквалитетно, за мои критериуми.
Не го гледав Дрвото така да уште не можам за тој да коментирам, ама дали да очекувам како што е вообичаено од Малик прекрасна работа со камера и долги сцени без говор препратени со уште подолги паузи каде само гледаш прашуми/пустини/прерии и како капе дожд?
 

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.743
Поени од реакции
18.491
Koлку високи оцени сте дале на хорор комедија? ХОРОР КОМЕДИЈА, една најодвратна фузија на жанрови што може да се искомбинира, без никаква можна конекција поради која би испливала некоја емоција кај човек whatsoever. Mислам, гледам хорори да се плашам, гледам комедија да се смеам симплифицирано. Сега, со овие што да правам? Се сопка зомби, и some fat guy го мава со chainsaw. Прилично креативно.
+ 100000000 Само неколку вистински класици од типот на Army Of Darkness & Evil Dead би ги свсртил како добра конекција на двата жарна, и можеби уште неколку во цела историја до сега. Све друго е бљувотина.......
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.117
This Must Be the Place


Да, Шон Пен е на постерот, и Шон Пен беше одличен како пензиониран рокер кој после смртта на татко му тргнува на пат низ Америка за да ја доврши работата што татко му ја почнал, но тргнува и на еден “внатрешен“ пат. Филмов ми ги надмина очекувањата, одлична глума музиката погодена, како и петминутна магија со Дејвид Брн за 8/10
Незнам каква полиса имаат од администрацијата, ама не гледам поента во забранување барање преводи, превод се класифицира како пиратерија? Туку, која верзија ја гледаше? Ми треба превод. Англиски секако, доста нов е филмот оти нели.
 
G

grande-juve

Гостин
Незнам каква полиса имаат од администрацијата, ама не гледам поента во забранување барање преводи, превод се класифицира како пиратерија? Туку, која верзија ја гледаше? Ми треба превод. Англиски секако, доста нов е филмот оти нели.
This Must Be The Place 2011 720P BDRIP x264 AC3 - HOPE.
Ова е за филмот, а превод има само англиски 2 верзии на podnapisi ама преведувани од друг јазик на англиски и лошо се испаднати, а филмов е тазе излезен на блуреј
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
Многу подобар од секогаш ми бил Лајф оф Брајан . Инаку имам желба Спемалот да го гледам во живо а само ако е со Тим Кари . Ама пуста желба неостварлива :)
И двата ми се подеднакво добри, не би можел да кажам за едниот дека е подобар. :)
Тим Кари е добар во Роки Хорор, никој друг не би можел така да го одглуми на тој (ексцентричен) лик, заслужи номинација за тој мјузикл.

Иначе не знам за кој Елиен 3 зборите, такво нешто (и Матрикс 2 и 3, Терминатор 3 и 4, итн...) не постои. :D Двојката (и Терминатор) фино лепо си ја завршува приказната, почетокот на третиот Елиен е толку глуп, го испосра (извинете на изразот) на цел втор дел. Како што кажа, на Финчер му дадоа "жежок костен во рацете" и човекот гледал што можел да направи, дури ни дајректорс кат-от не може колку-толку да го извади филмот.
А АВП го сјеба на Елиен 5 на кој почнал да работи Камерон заедно со Ридли Скот и Сигурни Вивер. Кој идиот треба да бидеш, на Џејмс КАмерон да му кажеш - "престани со работа, добивме супер сценарио за кросовер (АВП)".:tapp:
Both Ridley Scott, who created the first Alien, and Cameron, responsible for the second, had expressed interest in continuing the series. So what went wrong? In an interview with AICN, Cameron explains that it was 20th Century Fox's bright idea for an Alien-Predator crossover film that soured his interest in making Alien 5. In fact, he abandoned the work he'd already begun on it when he heard about AVP.

"Ridley [Scott] and I talked about doing another Alien film, and I said to 20th Century Fox that I would develop a 5th Alien film. I started working on a story, I was working with another writer and Fox came back to me and said, 'We've got this really good script for Alien vs Predator,' and I got pretty upset. I said, 'You do that you're going to kill the validity of the franchise in my mind,' because to me, that was Frankenstein Meets Werewolf. It was Universal just taking their assets and starting to play them off against each other.

"So, I stopped work. Then I saw Alien vs Predator and it was actually pretty good. (laughs) I think of the 5 [sic] Alien films, I'd rate it 3rd."
Деновиве гледам филмови на David Fincher.
The girl with the Dragon Tattoо е одлична преработка на книгата и шведскиот филм. Rooney Mara заслужи оскар дефинитивно! Daniel Craig беше просечен, не очекувам од него ништо подобро ионака. Еден од подобрите трилери во полседниве години.
The Zodiac, филмов е доста долг и на моменти се одвива бавно, но ми се допаѓа што режисерот одлучил максимално да се одржува до вистинските случувања и полициските извештаи наместо да измислува заплети за филмот да биде побомбастичен.
Некој што ги гледал и шведскиот и америчкиов да каже дали се исти филмовиве, пошто ја оригиналот го гледав до пола, римејков цел и потпуно ист ми изгледаше. Се сложувам за Руни Мара, подобро оглуми за мене од девојката во оригиналот, му даде некој шарм на ликот и поради неа го догледав.
Зодијак, кога нема материјал за интересен филм, што го снимаат па уште и 3 саати....
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Се будам и гледам 2 страни напишани за Финчер во рок од 4 сати.
А баш сакав да присуствувам во дискусијата. :(
За да кажам дека тој Финчер што го направил Фајт Клаб, Д Гејм и Севен, и овој Финчер сега, не се познаваат...
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.561
Поени од реакции
2.524
...легендарен говор на Мики Рурк, кога доби БАФТА за Врестлер на Аронофски. Секогаш искрен. Спомнав дека ми е омилен актер? :cool:
 

penkaloto

......
Член од
17 април 2010
Мислења
412
Поени од реакции
269
Според мене, Финчер има константност во кариерата и не сметам дека Зодијак и Бенџамин Батон му се утка, баш напротив, уживав кога ги гледав, а особено ме бендиса нарацијата и во двата филма,што е јака страна на Финчер, типот умее да раскаже филм. Е сега, не се Севен , Фајт Клуб и Играта, филмови со пресврт на крајот кој придонесува за дополнителна возбуда кај гледачот, следствено на тоа и директно повисока оценка, но како драми функционираат и се доволно ефектни (барем кај мене), па не гледам причина зошто да не ги ставам на рамниште со горе споменативе.
За разлика од нив, Социјалната мрежа ми беше просечен филм. :)
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Игор4ете и Га4е пишуваат за Финчер, а не го спомнуваат Филмот. Е, сеа не сум сигурен дали се хардкор и ги почитуваат првите две правила или се само лејм
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Игор4ете и Га4е пишуваат за Финчер, а не го спомнуваат Филмот. Е, сеа не сум сигурен дали се хардкор и ги почитуваат првите две правила или се само лејм
Што да пишам кога ти си ме претекнал и се убаво си напишал во врска со Филмот

http://blogical.info/fight-club-1999-87/
 
Член од
2 октомври 2008
Мислења
3.434
Поени од реакции
7.286
Се мислев дали таа рецензија да ставам тука или да пишувам нова на Македонски...Не сакам многу рецензии да читам ни да пишувам, но за Филмот вреди да се напише
 

Kajgana Shop

На врв Bottom