Последен гледан филм со кратка рецензија

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.740
Поени од реакции
7.992
Annie Hall (1977)

Ми тргна некако со Woody Allen... немав порано гледано филмови од него, одлични се. Би рекол жива реалност е филмов, се работи за тоа како функционираат љубовните врски... влијанието, минатото, средби... и како сето тоа влијае на човекот. Тоа е главната тема, немам зошто повеќе да објаснувам.

Омилениот цитат од филмот:

"Мислам дека нашата врска повеќе не функционира.
- Знам, врската е како ајкула. Мора константно да е во движења, инаку умира. А ние веќе имаме мртва ајкула."

И крајот:

"... и ми текна на еден стар виц. Тип оди кај психијатар и вели...
- Докторе, мојот брат полуде, мисли дека е пиле.
Па зошто тогаш не го повикате да дојде тој?
- Ја би го повикал, но ми требаат јајца...

Тоа е главното што мислам околу врските. Знаете, тие се тотално ирационални, луди и апсурдни. Но претпоставувам дека ќе продолжиме да поминуваме низ тоа... бидејќи на повеќе од нас ни требаат јајца."

Оценка: 9/10
 

BiG_kIsS

You talk too much... Let me shut you up
Член од
4 септември 2007
Мислења
3.414
Поени од реакции
2.923
The Unborn

Уште еден филм со егзорсизам. Ништо посебно. Веќе видена прикаска горе-доле. 4/10

Haywire

Супер глумци, ок приказна. Незнам дали е до мене, ама во последно време кој филм и да го гледам некако многу споро се одвиваат приказните. Така и овде. Непотребни сцени има. Иначе се работи за предавство. Можело да биде и боље. 6/10
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.724
Поени од реакции
19.885
untitled 1.png Underworld Awakening

Ме остави без текст, и така сум фан уште од првиот дел особено Кејт Бекинсејл ме воодушевува (прв пат само женска улога да ме извади од место), многу брзо ми летна филмов, одма почињаат со борби, бегство, па згора и малата ќерка и е закон, очекувам уште едно страотно продолжение со триово - вампир - лајкон - и мутант :), ептен адреналинско продолжение, ептен сум задоволна од прв пат иако ќе го гледам уште неколку пати за да средам впечатоци,
како и да е оцена имаат чиста 10 ка.
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
„Слатко од смокви“ (Incir receli), 2011

Фантастичен... Не велам ништо повеќе, оти би расипал секому кој планира да ја прифати мојата препорака и да го гледа.

„Unmade beds“ (2009)

Чудно е по какви канали си го наоѓаат патот до мене филмови кои потоа стануваат мои препораки. Филмов е полн со надеж, разочарување, паѓање и продоложување понатаму.... Движењето на камерата, „справувањето“ со амбиенталните звуци и изборот на музика го прават целиот филм уште подобар.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
Korea does it again! Можеби не е некој мастерпис како Oldboy или барем според мене, но филмов е доста добар. Ми фалеше некоја мистерија за биде меѓу моите подобри. Одмазда. Зар има Корејски филм без одмазда? Навидум едноставна приказна, на типацот му ја убиваат жената и дечкото трга во поход да се освети. Тежок е за гледање... во зависност од вашиот желудник, не само што ќе затворате очи туку и за секој случај ќе ја вртите главата на страна. Негативецот ќе го замразите од дното на душата. Ако навлезете убаво во филмот и заборавите дека е филм, ќе се чудите како постојат вакви луѓе во светот. Последните 5 минути ме оставија со подотворена уста и воедно крена една оценка погоре. Моментот е од оние моменти кога знаете што ќе се случи и сакате да не се случи... доброто и злото ви играат тенис во главата. Има доста unique brutal/violent сцени кои ми се допаднаа како беа снимани.​
8/10​
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
4.884
Control (2007)
http://www.imdb.com/title/tt0421082/

Филм за британската група ,, Joy Division '' каде се опишува животот на нивниот фронтмен Ian Curtis. Филмот е целосно црно-бел и го постигнува оној ефект исто како кога гледаме некое од видеата на youtube од истоимената група. Го препорачувам на сите што го слушаат овој бенд.

Оцена - 8/10. Просечен филм кој го постигна тоа што сакаше.


P.S. Ја изгубив сета почит кон Ian, пошо бил навивач на Manchester City.. :cool:
 

Mark Renton

I live by the tune, I die by the book
Член од
12 ноември 2009
Мислења
5.362
Поени од реакции
4.884
http://www.imdb.com/title/tt1078188/
Boy A (2007)

Британска драма за животот на едно момче. Некако премногу испреплетен филм со премногу лош почеток. Воопшто не ме бендиса начинот на кој е прикажана приказната. Секоја нова секвенца и влез во нова сцена со нови ликови е лошо применета. Шознам, под просек филм за мене, а читав позитивни рецензии за него..

Оцена - 5/10 - Личен вкус е во прашање..
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Killing me softly


Значи само да ве предупредам насловот на филмот да не го поврзете со истоимената песна, затоа не е саундтрак и ја нема во филмот.
А сега нешто на кратко за него ...
Доволен беше еден поглед за таа да знае дека тој е вистинскиот и да остави се' што имаше изградено до тогаш во животот само за да биде со него. И додека за Алис добиваме информации уште од почетокот на филмот за Адам не знаеме ништо освен дека е планинар и дека на едно такво патување ја има изгубено девојката.
Само што ќе помислите дека гледате типична љубовна приказна доаѓаат мистерии, убиства, страв...
И на сето ова додадете многу секс.
Мене ми се допадна приказната, иако на имбд има оцена 5.2 јас му давам 7
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314


In the Land of Blood and Honey

You've come a long way, Angelina. From slutty Lara Croft to movie director. Прво да кажам дека го ценам напорот на холивудска ѕвезда од типот на Анџелина да се проба во нова територија. Ми се допаѓа тоа што се обидува да еволуира како уметник, овојпат од другата страна на камерата. За разлика од повеќето нејзини колешки (на пример, нејзината „вечна ривалка“ Анистон, ха!), Џоли прави напори да излезе од безбедносната зона, и тоа е за почит. Бидејќи ова претставува нејзино режисерско деби, немав којзнае колкави очекувања. Повеќе очекував да видам train-wreck, отколку нешто во стилот на No Man's Land. Можно е да ја потценив.

Друга работа, на филмот му пристапив како обичен филм. Не како документарец. Не ме интересираше колку се точни работите во него, кои се good guys, а кои bad guys. Иако темата на филмот е деликатна, не е мое да судам што е историски и фактуално точно и колку има вистина во работите на платното.

На повеќето веќе им е познато дека во центарот на In the Land of Blood and Honey се наоѓа босанскиот конфликт. Конфликтот го гледаме преку двата главни лика: муслиманката Ајла (Зана Марјановиќ) и Србинот Даниел (Горан Костиќ). Двата лика биле во врска пред почетокот на војната, а потоа завршуваат на двете спротивставени страни од етничкиот конфликт. Во целиот тој хаос, Ајла станува затвореник во воен камп. Таму таа и другите жени се третирани како робови, силувани и тепани. Во исто време, Даниел служи во српската војска, на чие чело се наоѓа неговиот татко, Генерал Вукојевиќ (Раде Шербеџија). Даниел престојува во кампот каде што е и Ајла. Кога сфаќа дека таа е таму, тој е соочен со милион предизвици. Ситуацијата налага да се однесува кон неа како кон секој муслиман, но разумот и срцето го тераат да ја заштити од хаосот. И самата љубов во филмот е соочена со милион прашања. Дали е можно љубов помеѓу двајца „непријатели“? Дали може една жена да сака човек, и покрај тоа што е психички оштетена од каузата на истиот човек?

Изборот на актерите кои го направи Џоли е една од светлите точки во филмот, каде тие прикажуваат цел дијапазон од емоции. Костиќ во една сцена е ладен, во друга емотивен, потоа дури и насилен, со што ја тера публиката да погодува кој е неговиот следен чекор. Исто добра е и Марјановиќ, иако ликот кој го игра повеќето време е молчалив.

Друга работа која ми се допадна во филмот е што врската помеѓу Ајла и Даниел претставува метафора за самиот конфликт, поттикнат од предрасуди, омраза и двојни аршини. Исто така и комплексниот лик на Даниел ја симболизира војната. Тој е учесник во неа, ги задоволува барањата на својот татко, ултра-националист, но истовремено се грижи и има чувства кон својата затвореничка.

Исто ми остави впечаток тоа што In the Land of не е само љубовна приказна. Најчесто не гледам трејлери, па очекував дејството да се одвива во две соби и филмот да се состои исклучиво од психолошко разработување на љубовната врска. Испадна дека филмот е повеќе од тоа. Бруталната војна е третиот главен лик. Значително се разработени и некои споредни улоги, како на пример сестрата на Ајла и Генералот Вукојевиќ.

И покрај тоа што реков дека не ме интересира кој, како, колку Џоли обвинува за она што се случило во Босна, сепак мило ми е што повеќепати упатува критика кон меѓународната заедница и Американците.

Не дека филмот нема маани. Пред се' имав впечаток дека на In the Land of му фали поголема компактност. Имаше многу добри сцени, но поврзаноста помеѓу нив беше некако слаба. Друга маана лежи кај ликот на Даниел. Реков дека Џоли го претставува ликот како емотивен човек, но истовремено и како убиец. Ова второто не е доволно разработено, најверојатно колку да не му замеруваме на ликот за некои негови постапки. На сметка на тоа, прикажани ни се ситуации во кои Даниел избувнува поради Ајла. Со тоа сметам дека Џоли не успева доволно да ја развие „негативноста“ на ликот.

Понекогаш ми беше тешко и да се приврзам со главниот женски лик. Таа бара спас кај човек кој дозволува злоставување секаде, само не во сопствената соба. Поради тоа мотивите на Ајла се малку нејасни. Дали таа се само штити себеси? Дали навистина го сака Даниел? Која е нејзината цел што замижува на злосторствата кои ги прави тој?

Друга маана е што иако глумците беа извонредни, во некои моменти изгледаше дека Џоли не може да го извади максимумот од нив. И дијалозите понекогаш звучеа премногу присилени. Тоа во некои сцени предизвика недостаток од хемија помеѓу актерите, и недостаток од јасност помеѓу ликовите.

Се занесов малку, па да привршувам. The bottom line: Џоли можела и подобро, но можела и полошо. Во некои моменти од филмот имав чувство дека гледам филм направен од аматер, а во некои имав чувство дека гледам филм режиран од искусен режисер. Моја оцена: 6.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Insomnia.


Ал Пачино и Робин Вилијамс во заедничко филмче, едниот на едната а другиот на другата страна ама не е се црно и бело во овај филм туку е сиво. Дејствието се случува во Аљаска каде е рамноденица и скоро нема ноќ. Дијалогот на фериботот помеѓу Ал и Робинчо е култно нешто :icon_lol:...
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.703
Поени од реакции
27.659
It's Tideland & Enter the Void without the drugs! Убав филм изрежирал Peter Jackson, не е којзнае што ама солиден е. Изобилува со surreal сцени. На почетокот ме изнервира една сцена, трагична а у позадина иде некое хепи музиче. Не успева тоа кај секој! Малата Ronan чие име ако го изговорам како што треба ќе си го голтнам јазикот, изглуми феноменално! Се зачудив од девојчево, најсериозно. Убиена е, и одозгора ги следи напорите на своето семејство да го пронајдат убиецот. Карактерот на убиецот класичен pedo style: pedo glasses, semi long hair, seems friendly. Цврста седмица.​
 
G

grande-juve

Гостин
Ајде набрзинка еден извештај од мене за последниве 3 дена.

10 Items or Less


Морган Фриман се глуми самиот себе, откако ќе добие понуда да глуми менаџер во супер-маркет, оди во вистински маркет за да ја проучи улогата, таму ја запознава амбициозната касиерка Пез Вега и низ дијалог почнуваат да се “наоѓаат“ еден со друг... Убаво симпатично лесно филмче за опуштање, 7/10.

Big Fan


Една солидна депресивна драма/комедија, за хард кор навивач кој живее за својот клуб, а монотонијата на неговиот живот ќе биде прекината откога ќе има блиска средба со својот омилен играч. Мислам дека поголемиот број навивачи тука барем малце ќе се пронајдат во филмов. 7.5/10

This Must Be the Place


Да, Шон Пен е на постерот, и Шон Пен беше одличен како пензиониран рокер кој после смртта на татко му тргнува на пат низ Америка за да ја доврши работата што татко му ја почнал, но тргнува и на еден “внатрешен“ пат. Филмов ми ги надмина очекувањата, одлична глума музиката погодена, како и петминутна магија со Дејвид Брн за 8/10

Broadcast News


Овој може директно да оди и во темата за ром-ком надвор од шаблонот. Само ќе преведам од имдб што е напишано: “Земете двајца тв репортери, едниот згоден, едниот талентиран, и двајцата машки. Додадете еден продуцент, женско. Промешајте добро и гледајте како летаат искри.“ Плус, малку го имаше ама плус си е, Џек Николсон(y), 9/10

The Red Shoes


Заради ваквите филмови гледам(е) филмови, кога филмот ќе прејде во уметност. Каква само улога изигра прекрасната Moira Shearer како балерина (била професионална балерина, а не глумица) која е растргната помеѓу човекот во кого е вљубена и нејзиниот сон, да стане врвна балерина. Ми се свиѓаше Црниот Лебед ама... без дилема, црвена си е црвена, а да, и кога го играа The Red Shoes балетот, а бе мелем за очи, 9.3/10
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
The Skin I Live In (2011)


Улоги- Антонио Бандерас, Елена Анаја
Сценарио и режија- Педро Алмодовар
Жанр- драма, трилер



Ухх не знам од каде да почнам... :vozbud:
Филмов е право ремек дело, произлезено од генијален ум....Неверојатна приказна, оригинална и зачинета со феноменална музика...Шпански филм, за кој се чудам зашто не доби ниту еден оскар, во најмала рака барем за филм од неанглиско говорно подрачје...
Траеше 2 саати и не трепнав за тоа време...Напната, сурова, тензична, експлицитна приказна во која нема филозофирања и лигавења, туку сурови факти базирани на наука и ништо друго...Нема научни фантастики и слични појави...И што е најбитно има многу допирни точки со мојата професија и цело време бев ваква -:vozbud:...
Филмов започнува со конгрес во една сала, на кој присуствуваат реномирани доктори и научници. Познатиот пластичен хирург Роберт Ледгард (Антонио Бандерас) држи презентација за своето феноменално откритие на кое работел долги години...Имено тој создава човечка кожа и врши трансплантација на човечко лице, а притоа кожата е отпорна на секакви негативни надворешни влијанија ( не гори, цврста е, отпорна на убод од секакви инсекти, а посебно е важно за маларичните комарци, бидејќи на тој начин ќе го спречи ширењето на маларија, а воедно таа кожа е неверојатно мека, мазна и нежна...) На коктелот после конгресот на докторот му е поставено прашање од еден свој колега: Како успеа да ја добиеш таа цврстина на кожата? Тоа е можно само со генетска мутација... Овој одговара - Пренесов генетска информација од клетки на свиња во човечки клетки и така го добив тоа својство... Колегата му укажа на фактот дека генетскиот инженеринг (трансгенеза во овој случај) е строга забранета да се врши на луѓе, а овој му одговара- Кога можат генетски да се модифицираат овошјето, зеленчукот, месото и др. може и луѓето, бидејќи на тој начин можат да се победат тешките болести и да се избегнат аномалиите на гените и така човечката популација да напредува и да има квалитетен живот... Колегата го предупредува ако продолжи со вакви експерименти ќе го пријави во научната заедница и кривично ќе одговара...
Ова е само вовед во филмот...Доколку го гледате ќе добиете одговор на следниве прашања-
- Зошто д-р Ледгард се одлучува токму за ваков тип на истражување? Зошто баш за човечката кожа?
Можеби низата трагични случувања во неговиот живот во минатото...?
- Бидејќи станува збор за експериментирање врз човек, тогаш врз кого е правено сето тоа...? Кој ги претрпе сите експерименти, хируршки зафати, генетски манипулации и трансплантации...?

Јасно ни е на сите колку е науката напредната во западните земји...Разговорот меѓу докторите погоре не за џабе го пишував...Имено факт е дека генетски модифицираната храна во тие земји е секојдневие и се поголемиот и побрз напредок во генетскиот инженеринг остава доволно простор да ни биде јасно дека во иднина манипулацијата со гените на човекот ќе биде исто така една нормална работа, но доколку сето тоа е за добро на човекот и да не биде искористено во некои болни и неетички цели како клонирања, менувања на пол и идентитет и сл...
Бидејќи американците се шампиони за вакви студии и истражувања, мислам дека филмов е наменет првенствено за нив...Имено она што до пред извесно време се чинело како научна фантастика сега е реалност...
Според мене филмов ја отсликува иднината на човештвото...

Во сето ова е вткаена животната приказна на самиот доктор и е прикажано све што тој преживеал, сите негови семејни трагедии...
На крајот завршува трагично....За кого трагично и зашто...? Сами ќе си видите... :)
Од мене оцена - 10/10

Еве ви и трејлер -

 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Tommie:Unlimited

Ептен лош,филм, барем за мене,мислев дека нешто подобар ама се разочарав.Добро почна се додека не почнаја глупостите.
На почеток додека се сликаше со сестра и, едно железо и се проби во вратот,и сепак остана жива.После тоа се врати дома на роденденот на нејзината сестра,иии од рамото каде што имаше рана, почна да и излегуваат јазици,па татко и и ја лапаше косата, абе и други милион живи глупости :confused:
Ај си реков да сменам малце тро азиски филмчина,ама лош филм според мене,од мене оценка би му дал 2/10,а не како што има на imdb.com 5,1/10 :Z




The CAT

Исто така овој филм беше азиско ми се чини дека беше од Јужна Кореа.... Добро филмче,интересна приказна.
Се работеше за едно маче проколнато и ги убиваше сопствениците.Па после тоа го зеде едно девојче да го чува мачето ииииии следува морбидни случки,не сакам да ви кажам што како зашто крајот го објаснува целиот филм ;)
Од мене за овој филм чиста 6ка,слично како што има на imdb.com 5,6/10
 
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.059
Поени од реакции
2.683
Dracula: Dead and loving it


Значи филмот е од 1995 год. и го имаат давано милион пати по телевизиите. Искрено, срам ми е да кажам дека досега го немам гледано, иако некои сцени ми беа познати бидејќи сум ги запаметила кога го рекламирале на А1.
Како што можев да забележам филмот е правен врз основа на книгата Дракула на Брам Стокер со разлика што филмот е пародија. Морам да кажам дека сум воодушевена од глумата и од тоа колку вистински се избрани ликовите. Мислам дека не треба да ја раскажувам приказната, сите ја знаеме легендата за тоа кој е Дракула :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom