Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мулхоланд е сосема јасен и гледлив филм, башка што Наоми Ватс у филмот е најубава жена у свет.
После тоа Lost Highway гледај го, многу ѕверски филм од Линч. Не се толку тешки филмовите на Линч колку што треба да му го сфатиш неговиот стил на режирање. Особено боите, кинематографијата и атмосферата во неговите филмови. Од аспект на сценарио, мистериите на негововите филмови се слични, да не речам исти, ама прво изгледај ги, па после ќе ги продискутираме нејаснотиите. :D
Да, ама прв пат коа го глеав пред 7-8 години бев тотално збунет, не дека е баш едноставна мистерија и дека моеш да си лабавиш додека го гледаш пошто на крај плот-твистот ќе ти го кажат у задњи 10 минути.

Ова фактички е една критика односно приказ на реалната слика у Холивуд, дека не секогаш успеваат најдобрите и дека од разно разни причини често горат потенцијали и неискусни поединци.

Бети односно Дајен (Наоми) како млада талентирана актерка доаѓа во Холивуд каде ја очекува аудиција за филм. Аудицијата ја поминува прекрасно но на крај не ја добива улогата пошто на режисерот му се заканија мафијаши и му кажаа која актерка треба да ја одбере за филмот. Овој така прави со што ја втурнува Дајен во љубомора која резултира со нарачано убиство за Камила и самоубиство на Дајен поради депресија и не можност да се справи со грижа на совеста.
-Камила е таа плавата актерка. А Рита фактички и не постои туку е приказ на тоа како би изгледала Бети/Дајен кога би станала позната и успешна актерка.

Друго.
Бети доаѓа у Холивуд, се спријателува со Рита, влагаат во љубовна авантура, Бети оди на аудиција (кај тие Боб и Воли) ама на крај они ја бираат Рита (пошто пред да почнат да глумат тој стариот спомна девојка со црна коса претходно), Бети е љубоморна на Рита, не може да се помири со својот неуспех, во меѓувреме Рита си тера авантури и си ужива во успехот занемарувајќи ја Бети. Бети го нарачува нејзиното убиство, не ја издржува депресијата и грижа на совеста, се самоубива.

Е тука рецимо Адам нема врска со овие две туку преку таа приказна уствари е прикажан животот на еден режисер у Холивуд каде мафијаши му се закануваат при избор на главна актерка додека жена му го вара со водоводџија со џигерици фризура.

Да видам сеа што пишува низ интернетот ама гарант има уште едно 50 објаснувања.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.113
House of Gucci :facepalm: ужасно негледлив филм, се проколнував себеси дур чекав да поминат тие два ипол и кусур часа...искрено не очекував ваков епски фејл, Ридли Скот нека се пензионира за да не не малтретира и нас ако му е досадно во староста. Што е уште пострашно, и актерите како одвај да чекале да земат хонорар и да му ја мафнат оттука.
59F16192-AC4F-4A5D-8B8D-9A7994548C91.jpeg
:( :(
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.835
Поени од реакции
11.984
Да, ама прв пат коа го глеав пред 7-8 години бев тотално збунет, не дека е баш едноставна мистерија и дека моеш да си лабавиш додека го гледаш пошто на крај плот-твистот ќе ти го кажат у задњи 10 минути.

Ова фактички е една критика односно приказ на реалната слика у Холивуд, дека не секогаш успеваат најдобрите и дека од разно разни причини често горат потенцијали и неискусни поединци.

Бети односно Дајен (Наоми) како млада талентирана актерка доаѓа во Холивуд каде ја очекува аудиција за филм. Аудицијата ја поминува прекрасно но на крај не ја добива улогата пошто на режисерот му се заканија мафијаши и му кажаа која актерка треба да ја одбере за филмот. Овој така прави со што ја втурнува Дајен во љубомора која резултира со нарачано убиство за Камила и самоубиство на Дајен поради депресија и не можност да се справи со грижа на совеста.
-Камила е таа плавата актерка. А Рита фактички и не постои туку е приказ на тоа како би изгледала Бети/Дајен кога би станала позната и успешна актерка.

Друго.
Бети доаѓа у Холивуд, се спријателува со Рита, влагаат во љубовна авантура, Бети оди на аудиција (кај тие Боб и Воли) ама на крај они ја бираат Рита (пошто пред да почнат да глумат тој стариот спомна девојка со црна коса претходно), Бети е љубоморна на Рита, не може да се помири со својот неуспех, во меѓувреме Рита си тера авантури и си ужива во успехот занемарувајќи ја Бети. Бети го нарачува нејзиното убиство, не ја издржува депресијата и грижа на совеста, се самоубива.

Е тука рецимо Адам нема врска со овие две туку преку таа приказна уствари е прикажан животот на еден режисер у Холивуд каде мафијаши му се закануваат при избор на главна актерка додека жена му го вара со водоводџија со џигерици фризура.

Да видам сеа што пишува низ интернетот ама гарант има уште едно 50 објаснувања.
Всушност не е многу комплициран, алтернативна реалност, како и повеќето дела на Линч. :angel:
Затоа и ти реков во првичниот пост дека треба да обратиш внимание на боите и атмосферата. Самата атмосфера ти налага се работи за сништа. И ние во нашите сништа често знаеме луѓето околу нас да ги прикажеме и доживееме поинаку, исто така и местата на којшто се наоѓаме. :)

Првиот дел од филмот е сон на Бети (Дајен), за идеален живот онака како што она сака да го има каде што е надежна актерка која ја чека голем успех во Холивуд, а во исто време има љубовна врска со Рита (Камила). Вториот дел е јаве, каде реалноста е далеку поинаква. Бети е пропадната актерка љубоморна на Рита која е успешна и има свој љубовен живот, па оваа го нарачува нејзиното убиство. Подоцна Бети заглавена помеѓу нејзината фантазија и она што е реално полудува и доживува melthdown, па се самоубива. Имаше уште многу детали на кој не можам да се сетам затоа што и јас го немам гледано доста време, но воглавном поентата е таа.

П.С
:love:

Тоа е финтата со Линч, сега знаејќи го ова гледај го и Lost Highway. Многу полесно ќе можеш да го сфатиш и ќе видиш дека баш и не му се многу комплицирани филмовите. :toe:
 
Последно уредено:

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.401
Поени од реакции
25.262
Девојка ми ги доби картите на некој фејсбук гивавеј во целата моја приказна, заборавив да напоменам дека заштедив пари кои сепак ги наплатив емоционално. Чим почнал во 10 ипол, со доцнење од 10 минути да речеме дека си на околу 30-35та минута од филмот. :D

Чекам да пишеш мислење затоа што искрено со никој го немам дискутирано филмов досега.
 
Eve me u kino i pisuvam. Dno, mizerija, ne znam zosto sum tuka seuste.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Всушност не е многу комплициран, алтернативна реалност, како и повеќето дела на Линч. :angel:
Затоа и ти реков во првичниот пост дека треба да обратиш внимание на боите и атмосферата. Самата атмосфера ти налага се работи за сништа. И ние во нашите сништа често знаеме луѓето околу нас да ги прикажеме и доживееме поинаку, исто така и местата на којшто се наоѓаме. :)

Првиот дел од филмот е сон на Бети (Дајен), за идеален живот онака како што она сака да го има каде што е надежна актерка која ја чека голем успех во Холивуд, а во исто време има љубовна врска со Рита (Камила). Вториот дел е јаве, каде реалноста е далеку поинаква. Бети е пропадната актерка љубоморна на Рита која е успешна и има свој љубовен живот, па оваа го нарачува нејзиното убиство. Подоцна Бети заглавена помеѓу нејзината фантазија и она што е реално полудува и доживува melthdown, па се самоубива. Имаше уште многу детали на кој не можам да се сетам затоа што и јас го немам гледано доста време, но воглавном поентата е таа.

П.С
:love:

Тоа е финтата со Линч, сега знаејќи го ова гледај го и Lost Highway. Многу полесно ќе можеш да го сфатиш и ќе видиш дека баш и не му се многу комплицирани филмовите. :toe:
Да да Lost Highway е следен пошто ако од Мулхоланд не сфатив ништо првиот пат коа го гледав, со овој сум у минус, али најверојатно вториов пат ќе биде полесно пошто веќе знам што очекувам и гледам.

А кај Мулхоланд...
На почетокот у тоа кафичот коа пијат кафе едни двајца што после у филмот воопшто и не се појавуваат, збореа за сон, после позади еден ѕид едно чудовиште го исплаши овој и падна у несвест. Ваљда со ова Линч сака да каже дека во продолжение на филмот може да очекуваме и соништа.
Чудовиштето се појавува и на крај у една сцена каде плавата коцка се наоѓа у една вреќа и од неа искачаат старците што летаа заедно со Бети при стигнувањето во Холивуд.
Што значи, коцката и плавиот клуч фактички го делеа филмот од сонот на Бети и реалноста.
Истотака сообраќајката воопшто и не се деси пошто детективите најдоа плав клуч кога дојдоа да истражуваат.

Сообраќајката ваљда беше фантазија на Бети.

Има многу теории и различни гледишта и дефинитивно е филм што можеш 15 пати да го гледаш и сите 15 пати од различна перспектива да го посматраш.
Ментален е стариот, убаво вика џимеј, овој е 300 години пред другите.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.543
Поени од реакции
29.113
Еј еве ем да пишам мислење. Не знам колку е валидно ама накај 12 часот излегов од кино. 80та минута негде и не можев да издржам. Да беше до мене немаше да го гледам во кино ама јебига немав избор :D Од старт отидов со мали очекувања, пред се поради мислењето на џимеј, па после и ради Лејди Гага. Органски не ја поднесувам, дури и пред да се појави на филмско платно. У A Star is Born ја хејтав многу, па овде кога ја видов со таа лоша фризура од времето уф. Улогата и беше таман за неа, да ти биде антипатична и одбивна цел филм. Приказната и филмов мех. Веројатно пошто е гучи па се снимил, сериозно кеги шус и зур маркети имаат поинтересни приказни. Ова e втор или трет филм што предвреме сум напуштил кино. Се сомневам дека ќе го догледам некогаш, ама ептен ако немам нешто на репертоар ќе го гледам. Чисто измачување беше, скроз промашен прво и од режија, па после и актериве. Филмов на моменти од глумата имав впечаток дека се е склопено од first take. Као дај да не се мачиме да преснимуваме сцени, добро е нека тера.

2/10
 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Зошто на овој филм тројка? Што не ти се допадна? :)
3 од 5 е ова, не е толку страшно со оглед на тоа колку ги ценам и уживам у делата на големиот филмски маг Стенли Кјубрик.

3ка зошто не беше досаден и беше гледлив.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.066
3ка зошто не беше досаден и беше гледлив.
Мене ми остави многу голем впечаток првпат кога го гледав, другиот ден го изгледав пак, за да не сум пропуштила нешто на првото гледање, а тоа ретко со кој филм ми се случува :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom