Џ
Џонтра Волта
Гостин
Мулхоланд е сосема јасен и гледлив филм, башка што Наоми Ватс у филмот е најубава жена у свет.
Да, ама прв пат коа го глеав пред 7-8 години бев тотално збунет, не дека е баш едноставна мистерија и дека моеш да си лабавиш додека го гледаш пошто на крај плот-твистот ќе ти го кажат у задњи 10 минути.После тоа Lost Highway гледај го, многу ѕверски филм од Линч. Не се толку тешки филмовите на Линч колку што треба да му го сфатиш неговиот стил на режирање. Особено боите, кинематографијата и атмосферата во неговите филмови. Од аспект на сценарио, мистериите на негововите филмови се слични, да не речам исти, ама прво изгледај ги, па после ќе ги продискутираме нејаснотиите.
Ова фактички е една критика односно приказ на реалната слика у Холивуд, дека не секогаш успеваат најдобрите и дека од разно разни причини често горат потенцијали и неискусни поединци.
Бети односно Дајен (Наоми) како млада талентирана актерка доаѓа во Холивуд каде ја очекува аудиција за филм. Аудицијата ја поминува прекрасно но на крај не ја добива улогата пошто на режисерот му се заканија мафијаши и му кажаа која актерка треба да ја одбере за филмот. Овој така прави со што ја втурнува Дајен во љубомора која резултира со нарачано убиство за Камила и самоубиство на Дајен поради депресија и не можност да се справи со грижа на совеста.
-Камила е таа плавата актерка. А Рита фактички и не постои туку е приказ на тоа како би изгледала Бети/Дајен кога би станала позната и успешна актерка.
Друго.
Бети доаѓа у Холивуд, се спријателува со Рита, влагаат во љубовна авантура, Бети оди на аудиција (кај тие Боб и Воли) ама на крај они ја бираат Рита (пошто пред да почнат да глумат тој стариот спомна девојка со црна коса претходно), Бети е љубоморна на Рита, не може да се помири со својот неуспех, во меѓувреме Рита си тера авантури и си ужива во успехот занемарувајќи ја Бети. Бети го нарачува нејзиното убиство, не ја издржува депресијата и грижа на совеста, се самоубива.
Е тука рецимо Адам нема врска со овие две туку преку таа приказна уствари е прикажан животот на еден режисер у Холивуд каде мафијаши му се закануваат при избор на главна актерка додека жена му го вара со водоводџија со џигерици фризура.

Да видам сеа што пишува низ интернетот ама гарант има уште едно 50 објаснувања.