Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.612
Денес гледав два многу слични филма, по многу работи: двата европски, двата од 2017, двата кандидати за Оскар на своите држави, двата стигнаа до кратката листа од 9 филма пред номинација и двата не беа номинирани. И двата филма се со еден многу сличен тон - оставаат грутка во грлото и се прекрасен опис на тагата по загубата на некој близок. Германскиот In the Fade и израелскиот Foxtrot. Вториот некако ме погоди малку повеќе, зашто проникнува во суштината на прашање како бесмисленоста на војната и истовремено на многу суптилен начин ја пародизира и исмева. Ако сакате филм кој буквално не мрднува од место, а на крајот ве вади од патики и буквално ве мрднува од место - препорака од мене! Љубители на акција и Холивуд - стоп.

Гледајте го клипчево, нема никаков спојлер.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.364
Поени од реакции
84.593
Член од
17 октомври 2011
Мислења
15.120
Поени од реакции
37.612
Ау Burning, ау, ау, ау... :cuc: Мислам дека ова може да биде еден од најзборуваните на форумов за годинава. Корејците стварно се надминуваат себеси. @џимеј , тебе мислам дека особено ќе ти се допадне, ќе ти кажам зошто откако ќе го гледаш.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.220
Поени од реакции
8.328
Ау Burning, ау, ау, ау... :cuc: Мислам дека ова може да биде еден од најзборуваните на форумов за годинава. Корејците стварно се надминуваат себеси. @џимеј , тебе мислам дека особено ќе ти се допадне, ќе ти кажам зошто откако ќе го гледаш.
Кај го најде за симињање?
 

џимеј

џимилино
Член од
4 март 2007
Мислења
10.405
Поени од реакции
25.269
Ау Burning, ау, ау, ау... :cuc: Мислам дека ова може да биде еден од најзборуваните на форумов за годинава. Корејците стварно се надминуваат себеси. @џимеј , тебе мислам дека особено ќе ти се допадне, ќе ти кажам зошто откако ќе го гледаш.
Ептен ми го направи кејфот сега, ќе морам да го гледам, иако за тепање сум периодов, три изгледани филма во 2 месеци, брука невидена сум. Се тешам со тоа дека овде @whatto гледа колку за сите нас.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.205
Поени од реакции
42.949
Саша Барон Коен требало да го глуми Фреди, само што тој сакал да го прикаже реалниот Фреди, а тие од Квин сакале некој друг да прикажат онаа верзија Рами Малек што ја игра.

 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
314
Поени од реакции
136
За да смее да ја има музиката во филмот, се мешаат сопствениците на музиката. Во случајов Квин. Значи мора да одобрат сѐ во филмот. Затоа е и тралалајка според нивни терк. Ако некој сака да направи филм за вистината - нема да добие одобрение, значи нема да ја има музиката. Отприлика тоа е.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom