Dunkirk...
Не знаев дека според Кристофер Нолан, за да учествуваш во втора светска војна треба да си убав дечко со бујна коса и длабок глас.
Не знам од каде да почнам. Spoilers ahead:
Можеби најслабиот филм на Нолан. Убаво почна и се тоа, навистина добро го отвори филмот со почетната сцена и првите би рекол 15тина минути. После тоа, ме изгуби филмот. Треба добра концентрација (во смисла да се испотиш) за да сфатиш што е работата и што всушност добиваш од филмот.
Кинематографија: како што нагласив погоре, добар почеток, речиси секој кадар на Нолан е исполнат до максимум, не остава ништо на случајност и ги владее објективите и техниките на снимање, некаде има поизразит хенд хелд, некаде послаб, забележав доста POV кадри (ова не ми е од филмска школа туку од порнхаб) имаше и доли, итн итн, значи мислам дека во еден филм на Нолан можеш да сретнеш се она што би те заинтересирано во однос на техничкиот аспект од филмот, не сум сигурен дали Нолан има бидено и директор на фотографија во некој од своите филмови, ме мрзи да барам, ама ништо чудно.
Звук: не знам што да мислам за ова, имам измешани емоции... некаде доста добар и служи на приказната/ликот, некаде тотално нафрлан и за кур не го бива, доволно често беше надвор од контекст, но како да не требаше да биде тука... Не е ни впечатлив и брзо ќе биде заборавен фактот дека Ханс Зимер некогаш учествувал во саундтракот нафилм.
Монтажа: доста голем проблем на филмот е монтажата, со тоа што не е конзистентна во својата нелинеарност. Не знам во кој момент точно од филмот гледачот дознава дека филмот има нелинеарна приказна, односно дека гледаме еден настан пред/потоа/пак пред/пак потоа ама од другата страна/ и тоа ми претставуваше проблем. Не можев добро да следам што се случува, затоа што на почеток филмот ме уведува со тоа што пратам еден настан, за потоа да го смени теркот на раскажување и да морам да се прилагодам на тоа дека приказната не тече линеарно. Не знам зошто е ова тука, најверојатно за Нолан да не потсети дека е режисер што сака арт филмчиња ама не по своја волја снима блокбастери?
Приказна и ликови: доаѓаме до најпроблематичниот дел. Филмот нема приказна, туку има фактографско прикажување на еден одреден настан, и тоа е она што ме разочара. На пример, Saving Private Ryan е филм за група војници што треба да спасат одреден војник, односно е приказна на војник за време на војна и со тоа можам да се поврзам, да видам како ликот ја води приказната некаде. Овде не го видов тоа, напротив ова е филм за војна што е слаб обид да биде раскажана од неуверливи/неизградени ликови, hence се е за џабе и неповрзливо. Сите војници изгледаа исто, не сфатив кој лик остана да живее на крајот а кој не, поголем дел од времето тешко ми е да откријам од каде доаѓа опасноста и за што всушност е приказната (еве јас на пример сум тенџере по предметот историја и не знам за случката според која е правено ова), тешко е да се следат дијалози затоа што и ги нема, ликовите не се менуваат во текот на филмот, односно ми е гајле кого гледам, освен господинот Том Харди кој поради тоа што е Том Харди мораше да го извади шлемот на крај.
Од трета страна, Нолан е склон на клишеа чиниш Мајкл Беј. Пилотот имаше доволно гориво за да се врати назад, тој отиде и отепа уште еден фајтер пред безбедно да се спушти на ѓаол ипол страна од светот, таман кога војниците на плажата мислеа дека се спасени, го бомбардираа бродот
треба само еден војник да излезе од бродот што тоне за да обезбедат рамнотежа, едно рандом цивилно бродче се наоѓа на вистинско време во вистинско место, и тоа трипати... итн итн.
Се на се, можело доста подобро, со оглед на тоа што има буџет од над 100 милиони долари. Како за паралела, Кочо Анѓушев прееска на тв кажа дека тоа што се избориле за најниска каматна стапка од 2.6 проценти на последното задолжување на владата, всушност заштедиле околу 100 милиони евра, па ете, колку еден просечен филм на Нолан, да сме живи и здрави.
6/10