Предлог за филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата VeGaS
  • Време на започнување Време на започнување
Megamind
megamind+movie.jpg

Најдобар анимран филм за оваа година, нешто како Incredibles.
Борба помеѓу добро и зло, нели како и секогаш, само што кога злобниот ке победи и нема повеќе добар да му се спротистави му биднува здодевно, па прави друг суперхерој кој ке му се спротистави на лошиот Мегамајнд :)
Супер сцени, супер позајмени гласови, супер саундтрак. 8,5/10 :)
 
The Cove

cove_xlg.jpg


Ова е документарен филм кој сериозно ќе ве загрижи и заплаши ако сте вистински вљубеник во природата, живиот свет, чистата животна средина ( како што сум јас). Станува збор за група активисти кои се обидуваат да му откријат на светот какви страшни работи прави Јапонија во риболовот или поточно во ловењето китови (делфини). Знаев општо онака од весници, вести како предупредуваат со години наназад дека во светот се врши прекумерен риболов и дека се заканува истребување на многу видови риби, ама ова што го видов на филмов, што го прават Јапонците во гратчето Таиџи ни на крај памет не ми идеше. Дури и на моменти ми идеше да заплачам од она што го видов. Погледнете го филмов е од 2009, многу наградуван (меѓу кои и оскар за најдобар док. филм за 2009), со висока оценка и кој полека прераснува во движење слично на Zeitgeist.

А откако ќе го изгледате еве ги и страните каде можете да дознаете нешто повеќе и да се вклучите во движењето.

http://www.thecovemovie.com/
http://www.takepart.com/thecove

--- надополнето ---

Gattaca (1997)

gattaca-inspirational-movie.jpg


Многу добра сф-драма со одлична актерска екипа (Итан Хок, Ума Турман и Џуд Ло) во која се работи за еден генетски инфериорен човек кој прави многу добра измама во договор со генетски супериорен, но повреден во несреќа човек, при што го превзема неговиот идентитет за да се вклучи во Gattaca Aerospace Corporation, нешто како НАСА за генетски супериорни луѓе и така да го оствари својот животен сон за патување во вселената.

7/10 од мене :)
 
8 mm (1999)
Приватен детектив (Николас Кејџ) е ангажиран од страна на една баба да провери дали 8мм-ката "снаф" снимка која ја поседува е автенитчна или не. Еден од омилените мои филмови .
Според мене филмов има оцена 9/10 :)
8mm.jpg
снаф = порно филм ,во кој на крај од филмот има убиство
 
Let the Right One In (2008)

6a00d83451c2d869e201156f3d8349970c-800wi


Кој го препорача да се јави да го честам зелено, пошто не можам да го најдам постот кај беше. Баш ми се гледаше нешто „нестандардно“ и го изгледав овој шведски филм кој ме изненади пријатно. На IMDB е означен како drama/fantasy/mystery ама сепак тука фали и едно horror.

Оскар е 12 годишно дете на кое не му посветуваат доволно внимание дома а во школо е постојано малтретиран од неговите соученици. Ова ќе се смени кога во неговата зграда ќе се всели Ели, 12 годишно девојче со кое станува пријател. За содржината нема да пишувам повеќе а не препорачувам ни влез на IMDB затоа што е подобро да не знаете никакви детали и да ве изненадат некои сцени.

Ме изненади начинот на кој е направен овој филм кој цело време е во ладна атмосфера во која единствена топлина внесуваат емоциите на главните актери. Ефектите се одлични а филмот не е налик на холивудските хорори пред се затоа што има побавни сцени со кои се доловува тензијата (карактеристично пак за постарите хорори).

Да кажам уште и дека филмот е на шведски јазик а можете да го симнете оригиналот или пак синхронизирана верзија на англиски. Јас го гледав оригиналот со англиски превод, затоа што во коментарите пишуваше дека англиската синхронизација е многу лоша.

Филмот има освоено 60 награди и уште 17 номинации на фестивали.

8/10 и препорака.

P.S. Psyside, you might want to check this out!
 
Ondine

Ирски филм. Станува збор за рибар (Колин Фарел) кој наоѓа една жена додека е на рибарење.
Изгледа дека е мртва, но... Ќе видите. :)

Додека го гледав ми се чинеше досаден, трае подолго отколку што можам обично да го задржам вниманието и можеби има некои непотребни сцени, но целата идеја и порака што ја носи ми се допадна многу. Ме потсети дури малку и на Бартоновиот Big Fish. Фантазијата и реалноста на моменти се граничат, на моменти знаат да бидат толку блиску, а сепак разликата меѓу нив да е огромна. Има многу јака симболика во филмот, нешто што ви дава чувство да посакате да останете во тој фантастичен свет без да биде урнат од светот на реалноста.

Можеби на многумина нема да им се допадне, ако го гледаат само површно и ако им е битна само приказната, но ако суштински се загледаме нештата стануваат допадливи.
 
RED
Акција со многу комични сцени јас мислам дека вреди да се погледне иако приказната е класична за филм со Брус вилис сам против сите ама за чудо во овој филм не го спасува светот туку се спасува самиот себе :Р
Значи приказната на филмот е на што се е подготвен да направи еден пензиониран ЦИА агент (кој ги вршел најопасните задачи) за да се спаси самиот себе и луѓето кој ги сака.
Оцена од ИМДБ 7.2/10
п.с. RED = retired extremely dangerous :Р
MV5BMzg2Mjg1OTk0NF5BMl5BanBnXkFtZTcwMjQ4MTA3Mw@@._V1._SX214_CR0,0,214,314_.jpg
 
Falling Down (1993)
images


Филмот го гледам по втор пат но првиот пат беше одамна на ТВ. Со оцена од 7.6 на IMDB ова е еден од најпотценетите филмови и според мене најдобрата улога во кариерата на Мајкл Даглас. Веројатно на многу од гледачите не им се допаднале темите во филмот.

Falling Down е филм за падот на еден човек, но и падот на едно општество. Бил Фостер (Даглас), во еден жежок ден се враќа дома на роденденот на својата ќерка. Дома, кај жената од која е разведен и има забрана за пристап. Бил е гневен на луѓето, нивните измами, ароганција, неморал... и во овој неподносливо жежок ден го губи разумот и решава на патот до „дома“ да подели и малку правда, иако на почетокот се обидува да се разбере човечки, но никој повеќе не слуша никого, нели? Ова не е филм за некој осамен лудак кој има лош ден, доаѓа до оружје и ги тероризира луѓето. Неговите барања се толку разумни, што на моменти сваќате дека светот околу него е неразумен, далеку полуд од овој растроен и вознемирен човек. Можеби сцената: „Што не чини со улицата?“ кажува се. (Ќе видите)

Бил Фостер, херој или анти-херој, насилник или жртва на модерното време, како и да го доживеете, гарантирано ќе биде лик кој нема никогаш да го заборавите. Покрај Мајкл Даглас, во филмот е и секогаш добриот Роберт Дувал во улогата на полицаец на кој денот треба да му е последен пред пензија. Филмот има одлично обмислени сцени и доста цитати за паметење, како на пример: "I am the bad guy? How did this happened? I did everуthing they told me!"

Според мене, многу потценета класика, филмот си заслужува место во топ 250, ќе ве остави да размислувате за него.
10/10
 
Еднаш напишав за филмов, но тоа беше во форумот за кошарка. Пишувам по втор пат, сега овде, бидејќи сепак станува збор за филм (документарен) и сметам дека е штета за секој еден познавач на спортот, па и љубител на филм да испушти да го изгледа.

Верувам дека секој еден човек роден барем некаде од кај 83-84 (како мене например), барем малку ке се сеќава на еден Тони Кукоч, Дино Раџа, Владе Дивац, Дражен Петровиќ... Група на млади момчиња кои ги нарекуваа "Европскиот дрим-тим". Тим од играчи кои први им ги отворија вратите на уште многу странци во NBA. Тим од другари.

vlade-drazen-1010-560.jpg


http://www.imdb.com/title/tt1754311/

Прекрасно направен документарен филм во продукција на NBA Entertainment, и како што реков, се извинувам доколку приметите дека еднаш некој го има некој спомнато, но муабетот ми е дека во подфорумот за спорт е заглавен во една неприметлива темичка и кој видел, кој не. А верувам дека секој еден љубител на кошарката и спортот ке сака да го погледне ова. И ке ве замолам да се воздржете од коментари со политички карактер.

Филмот се вика Once Brothers.

И ме остави без зборови.
 
Некој член го имаше препорачано претходно, така да, i won't take credit for this. :)

Cashback(2006)

Kaков Cashback, филмов би требало да се вика Rollercoaster, толку многу различни теми, фантазија, еротика, уметност, британски хумор, љубов. :)))
Филмчево е нешо меѓу Clerks. и High Fidelity, според мене 2 култни остварувања.
Малце бев изненаден првите 30 минути, после се навикнав на чудово. Болна комедија, романтична комедија, драма, како сакате наречете го.

Многу интересни ликови, мешања меѓу реалност и фантазија на моменти, смешни флешбекови итн...
Одам на голем ризик со препоракава, не сум сигурен дека ќе го сакате ко мене, ама да пробаме.

Pozz
2qi9zic.jpg
 
Into The Wild

photo_13_hires.jpg


Ова е прекрасен филм. Едноставно мора да го гледате. Се базира на вистинска приказна во која еден студент по име Крис решава да ја остави цивилизацијата зад себе, ја дава целата заштеда во добротворни цели и решава да го запознае светот на поинаков начин. Неговиот сон е Аљаска. Тој прави се што е можно за да ги избрише трагите на своето постоење, создавајќи псевдоним за себе ( за време на патешествието започнува да се нарекува Александар) и тргнува на пат до својот сон. Крис ужива во својот пат и запознавањето со луѓето попат, редовно забележувајќи ги своите патешествија во дневник.

Прво, морам да го испофалам главниот актер Emile Hirsch. Актеров има една таква харизма па тоа е чудо. Просто ќе ве магнетизира за екран. Одлично ги доловува емоциите, а и прекрасно ја прикажува филозофијата застапена во филмот. Мене дефинитивно ме освои со изведбата. Она што е најважно, ме натера да се соживеам со него. Само, се изнамачив мислејќи од каде ми е познат, се мислам дека има играно како помлад во некоја од сериите кои ги давале на нашиве телевизии.

Филмот има посебна филозофска нишка, која Крис ја негува за време на целиот свој пат. Несомнено е дека тој самиот остава впечаток дека бега од нешто, но и дека оди во пресрет на авантурите кои ги нуди животот. Во суштина тој не го сака материјалниот свет и го анулира неговото дејствие врз него со самото свое преживување во филмот. Крис не ја сака човековата зависност од предмети кои се непотребни. Сосема храбро турка до својата цел иако речиси и да не наидува на разбирање кај останатиот свет за својата постапка, освен кај сестра си. Тој сака да ја спознае дивината и веројатно да се спознае сам себеси во неа.

Мислам дека филмов сериозно ќе ве замисли, а и е доволно привлечен за да ве натера да поверувате дека ви е потребно многу малку за да бидете среќни.

П.С: Браво за Шон Пен, се покажа како одличен режисер.
 
Подредени од просечен кон најубав:


The method (El methodo)

el-metodo.jpg

Го најдов на форуми кај што го споредуваат со The exam, a вториов претерано ме бендиса, па и овој го гледав. За разлика од The exam, овој филм е драма. Филмов има добиено многу награди.
Содржината е за 7 луѓе кои се наоѓаат на интервју за работа која може да ја добие еден од нив. Еден од луѓето веќе е вработен во фирмата и е на некој начин натрапник. Тие не знаат кој е тоа.
Како што реков, филмов е драма, ги разработува карактерите на ликовите. Не е whodunit, малце внимание е посветено на откривањето на натрапникот.
Иначе карактерите се кој од кој понервирачки. Ниту еден не ми се допадна.
Океј е филмов, мене лично не ме воодушеви, и за мене е далеку подоле од The exam. Али добар филм во секој случај.
Од мене има 6.5/10.



The Joneses, ама тој од 2009

The-Joneses.jpg

Пак драма. Овојпат со Деми Мур и Дејвид Духовни, кој е закон тука.
Едно семејство се доселува во град. Семејството однадвор изгледа совршено, али крие една тајна.
Потценет филм ми се чини, малку луѓе чуле за него, а оние кои го гледале им се допаднал. Има неспектакуларен крај.
7/10



The town

6.283075.jpg

И пак драма. Кога ја читав содржината на имдб мислев дека е крими али не е.
Се работи за една дружина која ограбува банки. Еден од дружинава ќе се заљуби во службеничката од банката која ја ограбиле. Освен фактот што уствари и има создадено трауми, тука е и неговиот другар кој штотуку излегол од затвор и му прави проблемчиња.
Секоја чест за маските при грабежите - калуѓерки, па полицајци. Најзакон у свет.
Од глумците ги знаев Бен Афлек и Блејк Лајвли и мене, за разлика од сите, ми се допадна глумата на Бен Афлек. Не дека сум компетентна да коментирам за неа. Али секс сцената со Блејк Лајвли ми беше катастрофа. Значи најлоша секс сцена што ја имам видено ви животов. Не знам дали така требала да изгледа или само е глупо одглумена.
Филмов дефинитивно ми се допадна. Од мене има 8/10.



Planet of the apes (1968)

Аууу многу закон филмче. Јас првпат го гледам, и покрај тоа што е култен :(
Секоја чест за идејата. Која приказна човече. Добро разработена содржина, а за крајот немам зборови, мада се надевав дека така ќе заврши, ми се направи ќејфот.
И еве опис, за 0.0001% кои го немаат гледано. Во еден вселенски брод има четворица патници. Едниот умира, не е важно. Додека овие патувале, на Земјата се изминати многу години. Тие принудно запираат на една планета и откриваат дека на неа мајмуните се доминантни, а луѓето се третираат како животни. На пример, ветеринарот е мајмун-доктор за луѓе. И кога ветеринарката ќе сфати дека човекот може да зборува, ја поддржува теоријата на нејзиниот свршеник дека мајмуните на таа планета се настанати од луѓето. Значи Дарвин in reverse.
Кој не го гледал, сместа да го гледа. 10/10
Не идете на линкот од имдб бидејќи на сликата има огромен спојлер!!!! Не ставам слика од истата причина, будали бе, крајот го ставиле на филмскиот постер.
 
velvetgoldmineposter.jpg

Velvet Goldmine
(1998)

Овој е обавезно за секој Дејвид Боуви фан (како мене :) ), секој љубител на добра рок музика и за женскиот дел од форумов поради главните актери у филмов. :icon_bigg

Драма за глам рок периодот од 70-тите, чудната, светкава облека, фризурите, шминката...и за влијанието, преку едни од најголемите ''гламстери'' - Дејвид Боуви или у филмов - Брајан Слејд ( Jonathan Rhys Meyers, кој е перфектен за оваа улога), Иги Поп т.е. Курт Вајлд (Ewan McGregor , кој така го симна на Иги, изразите, движењата... :aplauz:) и еден музички новинар (уште една добро изиграна улога од Christian Bale).

Има доста геј/би сцени, кои не ми се свиѓаат и како Боуви и Иги фан, ама со оглед на темата , не може филмов без тие работи.

Рок саундтракот е супер, еден од најдобрите саундтраци евер... Штета што на Боуви не му се свиѓало сценариото, па не одобрил негови песни да се користат, а и не знам зошто оваа песна ја нема на саундтракот, кога е една од најдобрите во филмот :


Somebody called me Sebastian... :music2:
 
127 Hours

Што да пишам во рецензија ,освен тоа дека е одличен филм кој мора да се гледа.
Дени Бојл,како само едноставно го бива ,го доловува она што треба да се долови и види во еден филм (без разлика во кој жанр е).
Од другата страна,Џејмс Франко како да е роден за улогата на авантуристoт....


"This rock has been waiting for me all my life . . . and all its life..."

10 од десетка.

2010-та година ,покрај многу други работи ќе ја запаметам како годината во која излегле врвни филмчиња по мој шмек.

Пошто е биографски филмов ,не читајте ништо за личноста за која се работи во филмов,затоа што може да ви е и те каков спојлер.

 
The Hire
the-hire-title-card.jpg

Се мислев дали да го постирам во кратки филмови или тука ,али пошто сите 8 кратки филмчиња беа добри ,не само како посебни туку и како целина решив тука .
Целиот минисеријал е осмислен како реклама за BMW ,Клајв Овен го толкува шоферот,сите се режирани од различни познати режисери како :
John Frankenheimer,Ang Lee,Wong Kar-wai,Guy Ritchie,Alejandro González Iñárritu,John Woo,Joe Carnahan,Tony Scott...
Некои изобилуваат со акција и адреналин пошто има епик брканици ,други имаат малце подлабока емоционална тематика....
Да надополнам,гостуваат многу познати личности,од Адријана Лима до Џејмс Браун и Мерлин Менсон :) .
 
Conviction

conviction-movie-poster.jpg


Филм направен според вистинска приказна. Кени, братот на Бети е осуден на доживотна казна затвор без можност за помилување. Неговата сестра целосно го посветува својот живот да го ослободи својот брат. Убедена дека тој е невин, се запишува во средно училиште, на колеџ, па потоа завршува Право, за по цели 18 години конечно да стане адвокат и да се обиде да му помогне на својот брат.

Драма што вреди да се гледа.

Оцена 7.5/10 и препорака
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom