Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Moonlight или Manchester by the Sea според мене ќе бидат главни фаворити за Оскар, посебно Moonlight пука од неверојатни реакции, едвај чекам да ги гледам!

Од горните можни номинирани мислам дека на Синедејс најмногу шанси има да ги гледаме La La Land (пошто Whiplash беше прикажан на Синедејс кај нас премиерно), Jackie (ради тоа што беше во Венеција а и на доста други европски фестивали), Nocturnal Animals, The Birth of a Nation и Arrival, навистина се надевам дека и Manchester By The Sea ќе биде прикажан.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.735
Поени од реакции
43.837
Не ми се допадна баш Ослободувањето на Скопје. Сфаќам што сакале да доловат и да покажат во филмот, но според мене беше малку претерано. Прво, не бива сите глупости на едно семејство да му се дешаваат, друго разбирам дека во филмот се цепа на Скопски дијалект, ама имаше непотребни србизми, кои и не се среќаваат баш во дијалектот... И трето, пола филм беше ко од @Џонтра Волта да е напишан ( :icon_mrgr: ), пцуење до максимум. Таа сцената кога бабата сакаше чоколадо ми беше една од најгадните сцени што сум ми гледал, сите кречат, сите се дерат, сите пцујат.. Пак ќе кажам, сфаќам дека и тоа е и поентата на филмот, ама мене лично ми беше некако претерано. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.826
Поени од реакции
36.846
Moonlight или Manchester by the Sea според мене ќе бидат главни фаворити за Оскар, посебно Moonlight пука од неверојатни реакции, едвај чекам да ги гледам!

Од горните можни номинирани мислам дека на Синедејс најмногу шанси има да ги гледаме La La Land (пошто Whiplash беше прикажан на Синедејс кај нас премиерно), Jackie (ради тоа што беше во Венеција а и на доста други европски фестивали), Nocturnal Animals, The Birth of a Nation и Arrival, навистина се надевам дека и Manchester By The Sea ќе биде прикажан.
Искрено не верувам ни дека Manchester by the Sea, ни La La Land ќе ги видиме на Синедејс годинава (не се ни сеќавам дека Whiplash бил прикажан на Синедејс, дури и барав сега по нетов, ама не успеав да најдам). На Синедејс, обично, ако не е филмот европски, поточно - неамерикански, се прикажуваат филмови на кои барем режисерот е европски/неамерикански. Manchester by the Sea и La La Land немаат ама апсолутно ништо европско/неамериканско во нив, па затоа, што знам, не верувам. Исто такви се и The Birth of a Nation и Nocturnal Animals, па и за нив не верувам. Jackie (па и Neruda) на Пабло Лараин се можни, Arrival исто може да го има... Исто, може ќе го видиме и чудото на Анг Ли во 120 fps, Billy Lynn's Long Halftime Walk.

Јас сепак го очекувам повеќе I, Daniel Blake, освојувачот на Златна палма во Кан годинава и секако - It's Only the End of the World на Ксавиер Долан. Плус и некои од предлозите за најдобар странски филм годинава.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Јас сепак го очекувам повеќе I, Daniel Blake, освојувачот на Златна палма во Кан годинава и секако - It's Only the End of the World на Ксавиер Долан. Плус и некои од предлозите за најдобар странски филм годинава.
Даниел Блејк веќе е најавен уште почетокот на леттото, во статијата кога имаше и за Cafe Society, Julieta и Hail Caesar.

Се збунив иначе, Birdman го гледавме Кајганџиите на Синедејс, го помешав со Whiplash.
 
B

Blade Torch

Гостин
Има некој must-see од последниве на добра снимка / прв ред на рарбг? Anthropoid, Nerve, In the valley of violence, The Whole Truth? Или барем што е ок? :ROFLMAO:
 
Член од
16 октомври 2016
Мислења
36
Поени од реакции
29
Во последно време започнав да се интересирам за скандинавската филмографија, посебно за Норвешките филмови. Имате некои препораки за филмови од овој регион од Европа?

П.С. Извинете ако пишав во погрешна тема. :)
 
Пренасочи го акцентот на Шведските филмови, бајо мој! Многу препораки имам само од оваа држава, дури ме мрзи да ги набројам :cuc:
 
Член од
16 октомври 2016
Мислења
36
Поени од реакции
29
Пренасочи го акцентот на Шведските филмови, бајо мој! Многу препораки имам само од оваа држава, дури ме мрзи да ги набројам :cuc:
Интересно е што учам шведски веќе некој период и имам изгледано некои од филмовите од Шведска, како пример Ondskan, Jagarna, Koops,
Songs from the Second Floor, The Seventh Seal (филмиште!!!), The Girl with Dragon Tattoo и други. :)
 
Последно уредено:
Член од
5 април 2012
Мислења
8.151
Поени од реакции
8.946
Интересно е што учам шведски веќе некој период и имам изгледано некои од филмовите од Шведска, како пример Ondskan, Jagarna, Koops,
Songs from the Second Floor, The Seventh Seal (филмиште!!!), The Girl with Dragon Tattoo трилогијата и други. :)
Не е филм ама Bron/Broen
 
W

wicked_1

Гостин
Во последно време започнав да се интересирам за скандинавската филмографија, посебно за Норвешките филмови. Имате некои препораки за филмови од овој регион од Европа?

П.С. Извинете ако пишав во погрешна тема. :)
The Girl with the Dragon Tattoo
The Celebration
The Hunt
Submarino
Headhunters
 
G

grande-juve

Гостин
Во последно време започнав да се интересирам за скандинавската филмографија, посебно за Норвешките филмови. Имате некои препораки за филмови од овој регион од Европа?
скандинавски/норвешки
Ingmar Bergman
A Man Called Ove
"The Kingdom"
Kon-Tiki
A Royal Affair
The Pinchcliffe Grand Prix
Together
We Are the Best!
King of Devil's Island
The Bothersome Man
Pusher
Junk Mail
Kitchen Stories
Elling
In a Better World
Force Majeure
Ordet
Nightwatch
A Hijacking
Orion's Belt
Insomnia
Nine Lives
My Life as a Dog
Pathfinder
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Интересно е што учам шведски веќе некој период и имам изгледано некои од филмовите од Шведска, како пример Ondskan, Jagarna, Koops,
Songs from the Second Floor, The Seventh Seal (филмиште!!!), The Girl with Dragon Tattoo и други. :)
Филмовите на Ингмар Бергман мора да се погледнат, тоа е нешто предобро и прекрасно. Ете Seventh Seal веќе си го гледал, погледни ги и Wild Strawberries, Persona, Smiles of a Summer Night, Sawdust and Tinsel. :)
После тоа можеш да го погледнеш данскиот филм Adam's Apples.
Kon Tiki е предобар филм исто така. Имаш многу одлични филмови, ама јас мислам со Бергман да почнеш, тука нема промашај.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom