Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
Овој Злате значи кога ќе ти препорача филм, препорачан е... и @Corvus секако :love:
Перегрини мерегрини тој со децата шо се дава во Синеплекс на Тим Бартон е сууууупер.
:love:
 
Го гледав и ја итаљанскиов Perfect Strangers, и се до последните сцени ме држеше ниет да пишам дека е тенденциозна жабарска патетика од која треба да извлечеме некаква поука за нашите животи, али крајот го направи филмот. Тројка за победа у последна секунда му дојде крајот. Мислам самата приказна беше уникатна и оригинална, факт, муабетите кои што ги тераа на замислената вечера не баш. Повеќе одеа накај крајно тенденциозни, изнудени и предвидливи филмски реакции на ликови кои решаваат да си играат "руски рулет" со својата приватност, наместо со револвер и се тотално океј пошто на некоја гуска психотеравпет и текна да им ја направи вечерта позанимлива. Али крајот беше за сите пари.

Ако си ликот со брадата и цвикерите кој има длабок глас, изгледа мудро, дели совети ко да е Аристотел на бело, и зборува за компромисот и попустливоста ко еликсир за долговечен брак, плус има убава, исфрустрирана, псеудо-квази-интелектуалка, "не знам што сакам у животот" жена. Биди сигурен дека некој ти ја ебе жената.
 
Морам овде да го пишам ова, а не во темата „Македонски филмови“, од причина што нема да зборувам само за наш филм. Денес конечно бев на последната проекција на „Златна петорка“ во Синеплекс. И не беше сѐ така црно: пред почетокот на филмот го гледав трејлерот за Hacksaw Ridge на Мел Гибсон и за прв пат во мојот живот ме наежил трејлер. Мислам дека годинава е годината кога конечно ќе ви речам „Ви реков?“ откако Ендрју Гарфилд ќе заблеска на филмското платно и кога сите ќе признаете дека е актериште (може не по „Hacksaw Ridge“, може по „Silence“ на Скорсезе, а може и по двата, небитно). Одамна го препознав талентот во него и знаев дека ќе дојде овој момент, но нели вам ви го уништил Спајди, па затоа одма го прогласивте за подпросечен актер, што е далеку од вистината. Ама ај, да не правиме муабет пред време и по само еден изгледан трејлер. Ќе видите. ;) Hacksaw Ridge, заедно со La La Land, Loving, Arival... е еден од најочекуваните филмови есенва, за мене. Се надевам дека за Hacksaw Ridge, стоечките овации за кои читав по Венеција ќе се пренесат и кај нас. Барем според трејлерот, ветува многу.

А сега да завршам за тоа што почнав - „Златна петорка“. Очобол! Еден од полошите македонски во последно време. Едвај го догледав. Ај, ќе ги разберам некако пасажите со нараторот - немале доволно средства, па морале да го пополнат времето со нешто, некако. Ама не можам да разберам до толку здрвена глума. Значи дрва, трупци да наместиш пред камера ќе изглумат подобро од поголем дел од актерите овде. Ај, доајените од типот на Љупка Џундева, Петар Арсовски, гостинот Славко Штимац и Билјана Таневска (па и Игор Ангелов би го ставил во оваа група), ќе ги оставам на страна, и не беше така страшно. Ама овие младиве... Ка-та-стро-фа! Влатко Илиевски бе! Таа секретарката на Петар Арсовски - полошо нешто немам видено на филм. Па на дете од 5 години да му дадам да прочита една реченица ќе и поверувам повеќе отколку на оваа. Делуваше ко просечен политичар кој чита однапред напишан говор од друга личност. За статистите да не правам муабет: на почетокот на филмот двајца од убиените момци - мрднаа. Подоцна, кога одеа со свеќи на погребот, еден статист со свеќа в рака - се ѕвереше во камерата и се смееше. Во хотелот на Петар Арсовски, на скалите, двајца статисти кои божем правеа муабет, звучеше ко да рецитираат песничка, а кон крајот на филмот, групата од статисти, божем новинари, кои ја снимаа изјавата на стариот Џиџи (Петар Арсовски, пак), беа поздрвени од восочни фигури. Полошо водење на статисти во филм не сум видел.

Ја спомнав изјавата за новинарите на Џиџи, т.е. неговата доцна исповед - потполно непотребна во цел филм (ова го прочитав и во рецензијата на Влатко Галевски во Филм+) - ништо ни добивме, ни изгубивме со неа, може само еден facepalm плус.

Приказната не очекував дека ќе ја сведат на толку елементарно ниво. Јас од Златната петорка не видов ништо во филмов. Единствено се издвојуваше Маки (Александар Ристоски), а останатите момци ми делуваа ко статисти, а не како актери кои портретираат улоги кои треба да се стожерот на филмот. Ни да се расветлат мотивите, нивните делувања, нивните идеи и идеали, па дури и начинот на кој беа убиени беше прикажан некако преедноставно... А се согласувам и дека пренесувањето на приказната во 2016 беше очајно изведено и не сфаќам што сакаше да се постигне со тоа. Но, баш затоа што не дознав ништо од тоа што сакав за Златната петорка, до некаде е и позитивно, зашто ме заскокотка, ме заинтригира, и сега сакам да го најдам и прочитам романот на Братислав Ташковски - „Расцепен ум“, по чии мотиви е направен филмов. И сигурен сум дека ќе ми се допадне повеќе од филмот.

Не сум забележувал толку многу технички детали од типот на шминка и фризура во нашиве филмови, но тука дури и тоа беше катастрофално страшно. Децава од петорката, особено Влатко Илиевски, имаа по пет кила пудра на лицето, што беше толку очигледно, што на моменти гротескно изгледаа ко травестити. :pov:

Ај, да не биде сѐ така црно - ми се допаднаа музиката, и секс сцената на Јана Стојановска и Александар Ристовски. И тоа што ме заскокотка да дознаам повеќе за златната петорка од Струмица. И толку.

5/10
 
Ми е страв мене да го гледам, вака како ве читам, изгледа ќе го скокнам. Никаква желба немам да го изгледам.

Конечно добра драма, Certain Women, одличен! Мишел Вилијамс ми е предрага, а и Кристен Стјуарт со последниве филмови конечно ми прераснува во една од подрагите, па плус и Лаура Дерн, одлична екипа! Интересно филмче за три паралелни приказни, за три жени во мал американски град. Филмот е од последново издание на Санденс, и има доста позитивни критики, не знам зошто на ИМДБ има 6.

8/10

Заборавив да пишам за францускиот номиниран Elle, според мене многу слаб филм, јас не знам зошто е толку хајпуван филмот, дури на моменти грозен ми беше. Нешто демек сака трилер да биде, ама е толку очаен во обидот... Штета што Изабел е толку добра глумица, ама целата приказна и концепт мене ми беше ужас. Од друга страна денес го гледав и Les Innocentes, кој беше во трка за француска номинација! Одличен! Приказна за неколку невини калуѓерки кои остануваат трудни после силување од страна на војниците за време на војната од Русите. Полско-француска соработка. Стварно не ми е јасно како овој не е номиниран :mad:
 
Последно уредено:
Moonlight или Manchester by the Sea според мене ќе бидат главни фаворити за Оскар, посебно Moonlight пука од неверојатни реакции, едвај чекам да ги гледам!

Од горните можни номинирани мислам дека на Синедејс најмногу шанси има да ги гледаме La La Land (пошто Whiplash беше прикажан на Синедејс кај нас премиерно), Jackie (ради тоа што беше во Венеција а и на доста други европски фестивали), Nocturnal Animals, The Birth of a Nation и Arrival, навистина се надевам дека и Manchester By The Sea ќе биде прикажан.
 
Не ми се допадна баш Ослободувањето на Скопје. Сфаќам што сакале да доловат и да покажат во филмот, но според мене беше малку претерано. Прво, не бива сите глупости на едно семејство да му се дешаваат, друго разбирам дека во филмот се цепа на Скопски дијалект, ама имаше непотребни србизми, кои и не се среќаваат баш во дијалектот... И трето, пола филм беше ко од @Џонтра Волта да е напишан ( :icon_mrgr: ), пцуење до максимум. Таа сцената кога бабата сакаше чоколадо ми беше една од најгадните сцени што сум ми гледал, сите кречат, сите се дерат, сите пцујат.. Пак ќе кажам, сфаќам дека и тоа е и поентата на филмот, ама мене лично ми беше некако претерано. :)
 
Moonlight или Manchester by the Sea според мене ќе бидат главни фаворити за Оскар, посебно Moonlight пука од неверојатни реакции, едвај чекам да ги гледам!

Од горните можни номинирани мислам дека на Синедејс најмногу шанси има да ги гледаме La La Land (пошто Whiplash беше прикажан на Синедејс кај нас премиерно), Jackie (ради тоа што беше во Венеција а и на доста други европски фестивали), Nocturnal Animals, The Birth of a Nation и Arrival, навистина се надевам дека и Manchester By The Sea ќе биде прикажан.
Искрено не верувам ни дека Manchester by the Sea, ни La La Land ќе ги видиме на Синедејс годинава (не се ни сеќавам дека Whiplash бил прикажан на Синедејс, дури и барав сега по нетов, ама не успеав да најдам). На Синедејс, обично, ако не е филмот европски, поточно - неамерикански, се прикажуваат филмови на кои барем режисерот е европски/неамерикански. Manchester by the Sea и La La Land немаат ама апсолутно ништо европско/неамериканско во нив, па затоа, што знам, не верувам. Исто такви се и The Birth of a Nation и Nocturnal Animals, па и за нив не верувам. Jackie (па и Neruda) на Пабло Лараин се можни, Arrival исто може да го има... Исто, може ќе го видиме и чудото на Анг Ли во 120 fps, Billy Lynn's Long Halftime Walk.

Јас сепак го очекувам повеќе I, Daniel Blake, освојувачот на Златна палма во Кан годинава и секако - It's Only the End of the World на Ксавиер Долан. Плус и некои од предлозите за најдобар странски филм годинава.
 
Јас сепак го очекувам повеќе I, Daniel Blake, освојувачот на Златна палма во Кан годинава и секако - It's Only the End of the World на Ксавиер Долан. Плус и некои од предлозите за најдобар странски филм годинава.
Даниел Блејк веќе е најавен уште почетокот на леттото, во статијата кога имаше и за Cafe Society, Julieta и Hail Caesar.

Се збунив иначе, Birdman го гледавме Кајганџиите на Синедејс, го помешав со Whiplash.
 
Во последно време започнав да се интересирам за скандинавската филмографија, посебно за Норвешките филмови. Имате некои препораки за филмови од овој регион од Европа?

П.С. Извинете ако пишав во погрешна тема. :)
 
Во последно време започнав да се интересирам за скандинавската филмографија, посебно за Норвешките филмови. Имате некои препораки за филмови од овој регион од Европа?

П.С. Извинете ако пишав во погрешна тема. :)

Пренасочи го акцентот на Шведските филмови, бајо мој! Многу препораки имам само од оваа држава, дури ме мрзи да ги набројам :cuc:
 
Пренасочи го акцентот на Шведските филмови, бајо мој! Многу препораки имам само од оваа држава, дури ме мрзи да ги набројам :cuc:

Интересно е што учам шведски веќе некој период и имам изгледано некои од филмовите од Шведска, како пример Ondskan, Jagarna, Koops,
Songs from the Second Floor, The Seventh Seal (филмиште!!!), The Girl with Dragon Tattoo и други. :)
 
Последно уредено:
Интересно е што учам шведски веќе некој период и имам изгледано некои од филмовите од Шведска, како пример Ondskan, Jagarna, Koops,
Songs from the Second Floor, The Seventh Seal (филмиште!!!), The Girl with Dragon Tattoo трилогијата и други. :)
Не е филм ама Bron/Broen
 
Во последно време започнав да се интересирам за скандинавската филмографија, посебно за Норвешките филмови. Имате некои препораки за филмови од овој регион од Европа?

П.С. Извинете ако пишав во погрешна тема. :)
The Girl with the Dragon Tattoo
The Celebration
The Hunt
Submarino
Headhunters
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom