Ми дојде времето за рецензија, а за рецензии чекам баш вакви не многу познати а добри филмови. И ете дочекав, и баш ми се погоди прв хорор оваа година.
Penny Dreadful е филм од независна продукција првпат прикажан на некој фестивал за хорори. Сѐ на сѐ одличен филм, но да рецензираме подетално.
Права работа што паѓа во очи е самата воведна шпица која не е многу поврзана со останатиот филм но е навистина невообичаена и со тоа атмосферата почнува да се гради буквално уште од првата секунда. Следна работа што паѓа во очи е првата сцена во која има две девојки од кои едната повраќа и тие се прикажани преку исто невообичаен агол на камера и изразит и тежок колорит постигнат со фотографски ефекти.
Едната од нив е постара жена и е психијатар, додека другата е млада девојка по име Пени која има доживеано траума и сега има фобија од коли. Двете се во кола на пат кон некое место, можеби местото каде Пени го доживеала настанот од кој ги добила стравовите, а одат таму со цел таа да се излечи и да ги победи нејзините стравови. Јасно е, нешто тука или не е во ред, или нема да биди понатаму во ред. И нештата почнуваат да се заплеткуваат...
Така, овој почетен дел ќе ве натера да се соживеете со главниот лик. И подоцна… подоцна преку најразличните визуелни и звучни ефекти, преку одличната фотографија и тешките бои кои ќе ни прикажат неколку различни амбиенти, многу добро изглумениот главен лик но и вие ќе го доживеете стравот и ужасот. Тој и вие ќе почувствувате страв, параноја, нервоза, тензија, чувство на клаустрофобија и сл.
Многу интересна игра на сетила.
Како негативна забелешка, сценариото можеби ќе ви изгледа многу едноставно.
9/10.
ПС. Не ми е најјасна оценката на имдб. Составена е од малку гласачи, 3000 и ако е попознат филмов можи ќе има повисока но и 3000 не се малку. Некои велат не бил страшен. Е па како што рече нашиов модератор еднаш, не треба да вриштиме по улици после филмот, некои коментираат на едноставноста на сценариото, на некаков си нелогичен тек на настани (а такви се сценаријата во еден куп хорори, вклучувајќи и хорор класици), на крајот. Да ги има тие работи но како што можи заклучивте од рецензијата, тие се споредна работа овде.