Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
И мене ми беше добар филмот, ама кај што беше спор па и крајот беше тотално како филмот да заврши на средина. Ако не си го гледал The Life of Others погледни го, слична тематика само многу подобар филм.
Крајот на A Most Wanted Man и мене ми беше некако туп.

Не беше лош но ако го тргнеме Philip Seymour Hoffman, кој е ѕвер стандард (surprise), навистина филмот нема други квалитети. Приказната веќе видена и не помогна што другите актери беа бледи во споредба. Испаѓа дека филмот беше one man show.

И покрај критиките мене ми беше доволно интересен да го догледам до крај но не би го препорачал.
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.660
Поени од реакции
88.504
3 Days To Kill... препорака, одлично филмче со Кевин Костнер. Хуморот во филмот не изостанува(y)

Инаку за бедниците како мене... излезе добра слика за The Expendables 3 од Yify
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.152
Поени од реакции
8.946
Изгледа почна сезоната на рано појавување на убави снимки од филмовите, веќе го има The Judge
 
Член од
26 јуни 2013
Мислења
3.597
Поени од реакции
14.641
3 Days To Kill... препорака, одлично филмче со Кевин Костнер. Хуморот во филмот не изостанува(y)

Инаку за бедниците како мене... излезе добра слика за The Expendables 3 од Yify
Кевин Костнер е ветеран пензионерските денови ќе ги поминува со вакви глупи филмови како што е 3 дејс то кил

знаеме каква филмска историја има Кк ова му е само зимање паричка она чисто ко од шала
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.734
Поени од реакции
12.785
Се надевав дека ќе им се придружи Спајдермен или барем Ентмен. Вака Ултрон е безвезе.
Спајди е на Сони, него во МАРВЕЛ универзум за брзо, ептен тешко. Ентмен и Васп имаат веќе филм во продукција така да нивно камео е многу реално. Ваљда нема уште во првиот тизер да ги покажат :)
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Спајди е на Сони, него во МАРВЕЛ универзум за брзо, ептен тешко. Ентмен и Васп имаат веќе филм во продукција така да нивно камео е многу реално. Ваљда нема уште во првиот тизер да ги покажат :)
Ултрон во филмот Авенџерс ќе бил проект на Старк наместо каноничното Пим. А и самиот Ентмен нема да биде Пим него Скот Ленг шо мене тотално ме разочара пошо баш ова ќе беше совршено комбо. Ко филм не очекувам да биде лош, напротив, очекувам минимум 8/10 да ми биде. :D
 

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Lets Be Cops 2014 1080p BluRay DTS-HD x264-BARC0DE

Го проба некој?
 

Mojso

uneducated knob
Член од
14 септември 2009
Мислења
4.734
Поени од реакции
12.785
Ултрон во филмот Авенџерс ќе бил проект на Старк наместо каноничното Пим. А и самиот Ентмен нема да биде Пим него Скот Ленг шо мене тотално ме разочара пошо баш ова ќе беше совршено комбо. Ко филм не очекувам да биде лош, напротив, очекувам минимум 8/10 да ми биде. :D
Мислев на тоа дека ЕнтМен е следниот МАРВЕЛ филм после Авенџерс, така да во најмал случај ќе бидат спомнати ама мислам дека ќе имаат и камео, не само сцена после кредити. А болдот не ќе беше лошо да го ставиш во спојлер пошто можда некој и не знае :)

Двајцата ќе се, е сеа како точно ќе ја поврзат приказната, дали едниот ќе го направат само научник или дека веќе станал ЕнтМен нз, ќе видиме :)
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.660
Поени од реакции
88.504
Кевин Костнер е ветеран пензионерските денови ќе ги поминува со вакви глупи филмови како што е 3 дејс то кил

знаеме каква филмска историја има Кк ова му е само зимање паричка она чисто ко од шала
Епа не се прават веќе филмови како Dances With Wolves :icon_mrgr:. Сега сите глумат бедес ликови, па така и Кевин мора да се уклопи некако меѓу овие улоги.
Ама сепак, сметам дека овој филм му беше добар... инаку многу си го почитувам Костнеров, меѓу омилените актери ми е
 
Член од
28 декември 2011
Мислења
4.371
Поени од реакции
6.209
Мислев на тоа дека ЕнтМен е следниот МАРВЕЛ филм после Авенџерс, така да во најмал случај ќе бидат спомнати ама мислам дека ќе имаат и камео, не само сцена после кредити. А болдот не ќе беше лошо да го ставиш во спојлер пошто можда некој и не знае :)

Двајцата ќе се, е сеа како точно ќе ја поврзат приказната, дали едниот ќе го направат само научник или дека веќе станал ЕнтМен нз, ќе видиме :)
Се забораив :unsure:

А за ова дека ултрон ќе биде напраен од Старк е потврдено. Ентмен веројатно нема да се спомне во новиот авенџерс него ќе си тера поделено, и да, Пим ќе биде остарен и ќе го менторува новиот Ентмен :icon_mrgr:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Како што ги читам првите рецензии ми изгледа дека Интерстелар ќе биде најпреценет филм годинава. Барем според пар прочитани рецензии, што нормално не мора да значи ништо. И American Hustle лани за многумина беше преценет па мене ми се допадна.

Ова го пишувам, чисто онака да го гледате филмот со помали очекувања за да не се разочарате, пошто гледам голем хајп има за филмов :D

Инаку изгледа Бенедикт Камбербач ќе бил Dr.Strange. Арно за него.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom