Филмови, режисери, актери: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата tha CaspeR
  • Време на започнување Време на започнување
@dragonsky , секој филм е скоцкан по одредена структура и си има категории елементарни за продуцирање. Па затоа структурата и базичните елементи на филмот треба да бидат тема на оцена и критика, не затоа што не се идело по стрипот / е ремикс / фали сцена / фалат ликови.
Филм што е базиран на нешто треба да биде true to the material.
Не можам јас да правам филм за Стив Џобс и да го облечам како генстер од гетото што пуши цигари и слично.

Или да правам адаптација на некоја книга и ликовите од книгата комплетно да ги сменам.

Сфаќам што сакаш да кажеш, затоа реков и ако го гледам stand alone филмот не ми беше ептен квалитетен. :)
 
Сам се побиваш со тоа што пишаш базиран. Знаеш колку паранормални хорори има БАЗИРАНИ на вистински приказни? :rolleyes:
Јас сум голем фан на филмот искрено и го имам гледано повеќе од неколку пати. Можеби сега да го гледам нема да ми е при срце толку, ама други денови беа тогаш. Исто така и играта ја обожавав. И затоа имав големи очекувања од серијава. Ликот на Константин ми се допаѓа, односно како го портретира актерот, ама серијата е прилично лоша. Its just bad writing. Нејсе, како stand alone филмот има шмек, а како екранизација на стрипот, појма немам - го немам читано.
 
Најновиот филм на Емир Кустурица со Белучи во главна улога во кината во 2015!

10444743_580001892117767_2879543500640941093_n.png
 
И мене ми беше добар филмот, ама кај што беше спор па и крајот беше тотално како филмот да заврши на средина. Ако не си го гледал The Life of Others погледни го, слична тематика само многу подобар филм.
Крајот на A Most Wanted Man и мене ми беше некако туп.

Не беше лош но ако го тргнеме Philip Seymour Hoffman, кој е ѕвер стандард (surprise), навистина филмот нема други квалитети. Приказната веќе видена и не помогна што другите актери беа бледи во споредба. Испаѓа дека филмот беше one man show.

И покрај критиките мене ми беше доволно интересен да го догледам до крај но не би го препорачал.
 
3 Days To Kill... препорака, одлично филмче со Кевин Костнер. Хуморот во филмот не изостанува(y)

Инаку за бедниците како мене... излезе добра слика за The Expendables 3 од Yify
 
Изгледа почна сезоната на рано појавување на убави снимки од филмовите, веќе го има The Judge
 
3 Days To Kill... препорака, одлично филмче со Кевин Костнер. Хуморот во филмот не изостанува(y)

Инаку за бедниците како мене... излезе добра слика за The Expendables 3 од Yify

Кевин Костнер е ветеран пензионерските денови ќе ги поминува со вакви глупи филмови како што е 3 дејс то кил

знаеме каква филмска историја има Кк ова му е само зимање паричка она чисто ко од шала
 
Се надевав дека ќе им се придружи Спајдермен или барем Ентмен. Вака Ултрон е безвезе.

Спајди е на Сони, него во МАРВЕЛ универзум за брзо, ептен тешко. Ентмен и Васп имаат веќе филм во продукција така да нивно камео е многу реално. Ваљда нема уште во првиот тизер да ги покажат :-)
 
Спајди е на Сони, него во МАРВЕЛ универзум за брзо, ептен тешко. Ентмен и Васп имаат веќе филм во продукција така да нивно камео е многу реално. Ваљда нема уште во првиот тизер да ги покажат :)

Ултрон во филмот Авенџерс ќе бил проект на Старк наместо каноничното Пим. А и самиот Ентмен нема да биде Пим него Скот Ленг шо мене тотално ме разочара пошо баш ова ќе беше совршено комбо. Ко филм не очекувам да биде лош, напротив, очекувам минимум 8/10 да ми биде. :D
 
Мислев на тоа дека ЕнтМен е следниот МАРВЕЛ филм после Авенџерс, така да во најмал случај ќе бидат спомнати ама мислам дека ќе имаат и камео, не само сцена после кредити. А болдот не ќе беше лошо да го ставиш во спојлер пошто можда некој и не знае :)

Двајцата ќе се, е сеа како точно ќе ја поврзат приказната, дали едниот ќе го направат само научник или дека веќе станал ЕнтМен нз, ќе видиме :)
 
Кевин Костнер е ветеран пензионерските денови ќе ги поминува со вакви глупи филмови како што е 3 дејс то кил

знаеме каква филмска историја има Кк ова му е само зимање паричка она чисто ко од шала

Епа не се прават веќе филмови како Dances With Wolves :icon_mrgr:. Сега сите глумат бедес ликови, па така и Кевин мора да се уклопи некако меѓу овие улоги.
Ама сепак, сметам дека овој филм му беше добар... инаку многу си го почитувам Костнеров, меѓу омилените актери ми е
 
Мислев на тоа дека ЕнтМен е следниот МАРВЕЛ филм после Авенџерс, така да во најмал случај ќе бидат спомнати ама мислам дека ќе имаат и камео, не само сцена после кредити. А болдот не ќе беше лошо да го ставиш во спојлер пошто можда некој и не знае :)

Двајцата ќе се, е сеа како точно ќе ја поврзат приказната, дали едниот ќе го направат само научник или дека веќе станал ЕнтМен нз, ќе видиме :)

Се забораив :unsure:

А за ова дека ултрон ќе биде напраен од Старк е потврдено. Ентмен веројатно нема да се спомне во новиот авенџерс него ќе си тера поделено, и да, Пим ќе биде остарен и ќе го менторува новиот Ентмен :icon_mrgr:
 
Како што ги читам првите рецензии ми изгледа дека Интерстелар ќе биде најпреценет филм годинава. Барем според пар прочитани рецензии, што нормално не мора да значи ништо. И American Hustle лани за многумина беше преценет па мене ми се допадна.

Ова го пишувам, чисто онака да го гледате филмот со помали очекувања за да не се разочарате, пошто гледам голем хајп има за филмов :D

Инаку изгледа Бенедикт Камбербач ќе бил Dr.Strange. Арно за него.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom