DAMON методата не ја предаваат на факултет. не знам точно ама после 2009 може е измислена. професионални од аспект што ми кажаа реално дека треба две години да ја носам, а на други ординации одговори година или макс година и пол, и самиот амбиент во ординацијата го кажува своето и бројот на луѓе што ги посетуваат. Плус докторката која е сопственик на ординацијата каде работат пет шест доктори, тековно предава и оди на регионални предавања за истата метода, од facebook страната тоа го гледам. Самата метода овозможува многу предности за разлика од традиционалните протези, не се вадат заби, забите може да одат во три правци на местење, и фацијално се корегира лицето во однос на долната вилица и нејзиното местење да е пропорционално на лицето. заради и тоа кај мене е две години, поради длабокиот загриз и додека се намести вилицата и зарасне коската каде се спојува со горната вилица. иначе забите со DAMON за многу брзо време ќе се корегираат за најмногу година. што не е можно со традиционалните протези.