Феминизам!

Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Не се сметам дека сум феминистка, но јас лично се залагам за еднакви права и обврски помеѓу мажите и жените.
Eднакви ни се правата. Обврските не треба да бидат еднакви затоа што ако беа еднакви ќе бевме сите еден пол и ајде чао.
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Eднакви ни се правата. Обврските не треба да бидат еднакви затоа што ако беа еднакви ќе бевме сите еден пол и ајде чао.
Не би се согласила со тебе дека ни се еднакви правата. Можеби само на хартија. Во пракса не е така.
Што подразбираш под обврски?
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Не би се согласила со тебе дека ни се еднакви правата. Можеби само на хартија. Во пракса не е така.
Што подразбираш под обврски?
Практика, а не пракса :D

Инаку 76 проценти во судството се жени во Мкд, останатото мажи (ова беше пред 3-4 години) сега нз како е, ваљда нема некоја нагла промена.

Инаку во која област си се почувствувала дека не ти се еднакви правата? :)
 
Член од
21 јануари 2014
Мислења
210
Поени од реакции
444
Не би се согласила со тебе дека ни се еднакви правата. Можеби само на хартија. Во пракса не е така.
Што подразбираш под обврски?
Да, можеби се согласувам со тебе. На хартија се пишани под еднакви но реално мажите не не гледаат како еднакви со нив но тоа не значи дека не почитуваат помалце.

Се зависи до мажот и неговите сфаќања, па и обратно.

Под обврски подразбирам машка и женска работа... Мене тоа ми изгледа сосема нормално. Не треба да се потценуваме демек и ние можеме да вршиме тешки работи и они можат да готват. Но сепак едноставно така е, не за џабе сме понежниот пол (во позитивна смисла).
Им се чудам на жените кои се вреѓаат под она понежниот пол. :вонзем:
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Кај го чув ова?
И маж мојт да заплачит и жена мојт да подпрднит. Да живеет еднаквоста меѓу мажот и жената!!! хахах :)

Сериозно, настрана исфрустрираност од машкиот пол настрана феминизам. 95% од роднини другари дечковци ми оставиле впечаток како да не живеат не мислат не сакаат - само постојат и гледаат да се најадат. И сега гледам луѓе поготово на форум што се како оние 5%. Ден денес се чудам на нормални машки мислења и на машки што постат денес со мене им се чудам. Тоа е фрустрација. Во таква околина сум се нашла и такви впечатоци имам собрано.

Феминизам -нефеминизам: Не мислам дека треба да ги угнетиме и да ги ставиме под контрола или да ги сметаме за непотребни. Си имаат предности. Не им ги знам. Една не ми текнува. Ама добро сега. Мора да имаат. Не мислам дека она што се направило да имаме исти права обврски било во корист на жената. Права да, треба да имаме исти права и мислам дека имаме се школуваме, гласаме, користиме интернет и се. Обврски има некој работи што жената ги прави најдобро, а некој мажот (незнам кој ама ок, хахах, мора да има). Нема љутиш
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060

У принцип се согласувам со тебе, но ќе додадам еден мој заклучок на темата мажи-жени :D. Имено, жените на хартија ги имаат сите права подеднакво, мажите не не гледаат еднакви со нив ( читај: они се секогаш попаметни и знаат повеќе од нас, а женското по дифолт е поглупата половина), но во однос на поделба на обврски според модерниот маж сме рамноправни, така што он не може да мие садови, но ако он сам може да ја поправи колата на пример, тогаш можеш и ти... затоа што според модерниот маж ние сме рамноправни :D.
 
Па види, понекогаш со самата одбрана на жената со ваков тип на зборови се омаловажуваме. Јас искрено прв пат слушам дека мажите биле попаметни од жените... Глупост на годината. Не мислам дека мажите го имаат ова мислење. Секако, постојат жени кои се глупи, но постојат и мажи кои се глупи. Постојат мажи кои го срамат машкиот пол, жени кои го срамат женскиот пол, но тоа не не става сите во една целина како поглупи или попаметни.

Под еднакви права подразбирам права на еден човек без разлика на полот. А кој каква улога има е дело на природата. Тоа што сме жени и имаме поинакви "обврски" не не прави подоле од мажите. Ниту пак обратно.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Си имаат предности. Не им ги знам.
Најдобро гушкаат - еурека кажано :)
15 мин ми требаа најдам причина зошто не би можела да живеам без машки на планетава, ама се сетив на една.
 
Член од
10 февруари 2008
Мислења
3.947
Поени од реакции
2.060
Па види, понекогаш со самата одбрана на жената со ваков тип на зборови се омаловажуваме. Јас искрено прв пат слушам дека мажите биле попаметни од жените... Глупост на годината. Не мислам дека мажите го имаат ова мислење. Секако, постојат жени кои се глупи, но постојат и мажи кои се глупи. Постојат мажи кои го срамат машкиот пол, жени кои го срамат женскиот пол, но тоа не не става сите во една целина како поглупи или попаметни.

Под еднакви права подразбирам права на еден човек без разлика на полот. А кој каква улога има е дело на природата. Тоа што сме жени и имаме поинакви "обврски" не не прави подоле од мажите. Ниту пак обратно.
Па ако ги прашаш секако дека немаат такво мислење :) ама посматрај било кој пар околу тебе што се заедно подолго од 5 години па ќе видиш, јас до сега немам запознаено пар којшто би го исклучила од ова.
 
Член од
16 декември 2013
Мислења
1.856
Поени од реакции
1.202
Не се сметам дека сум феминистка, но јас лично се залагам за еднакви права и обврски помеѓу мажите и жените.
Од утре пробај да ги изеднаквиш, оди на утовар-истовар, вреќи од 50 кила на рамо,или со копач на рамо во рудник, и сама ќе видиш зошто неможе да има апсолутна еднаквост.
 
Член од
17 февруари 2013
Мислења
575
Поени од реакции
481
Не се сметам дека сум феминистка, но јас лично се залагам за еднакви права и обврски помеѓу мажите и жените.
Кај го чув ова?
И маж мојт да заплачит и жена мојт да подпрднит. Да живеет еднаквоста меѓу мажот и жената!!! хахах :)

Сериозно, настрана исфрустрираност од машкиот пол настрана феминизам. 95% од роднини другари дечковци ми оставиле впечаток како да не живеат не мислат не сакаат - само постојат и гледаат да се најадат. И сега гледам луѓе поготово на форум што се како оние 5%. Ден денес се чудам на нормални машки мислења и на машки што постат денес со мене им се чудам. Тоа е фрустрација. Во таква околина сум се нашла и такви впечатоци имам собрано.

Феминизам -нефеминизам: Не мислам дека треба да ги угнетиме и да ги ставиме под контрола или да ги сметаме за непотребни. Си имаат предности. Не им ги знам. Една не ми текнува. Ама добро сега. Мора да имаат. Не мислам дека она што се направило да имаме исти права обврски било во корист на жената. Права да, треба да имаме исти права и мислам дека имаме се школуваме, гласаме, користиме интернет и се. Обврски има некој работи што жената ги прави најдобро, а некој мажот (незнам кој ама ок, хахах, мора да има). Нема љутиш
Не знам зошто ги сметаш мажите за непотребни и како до сега не си ги видела нивните предности.Нормално дека има мажи идиоти ,ама не можиш сите мажи да ги ставиш во ист кош,исто како и жените.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Не знам зошто ги сметаш мажите за непотребни и како до сега не си ги видела нивните предности.Нормално дека има мажи идиоти ,ама не можиш сите мажи да ги ставиш во ист кош,исто како и жените.
Не ги сметам за непотребни... барем се трудам од петни жили да не ги сметам за така.... ова го пишам пола саат откако преместував талпи и кофи со земја зошто никој не ми е потребен... Идам од работа и ми кажуваат утре идат мајстори, гледам кај што треба да се работи буниште, и уште ме гледаат кај што работам и викаат чекај утре ние све...
И тешко е покрај вакви... дури се туширав Фатмаѓул гледаа... мажи... уф
 
Kajgana Shop

На врв Bottom