Феминизам!

Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Не сакав да тргнам по овој пат на натегање наше - ваше, првенствено заради тоа што сепак се залагам за рамноправност, ама кога веќе почна да споредуваш кој, каде и колку е застапен, кажи ми во име на рамноправноста, колку жени држат високи политички функции, колку жени биле претседатели на државава, премиери на државава, колку од нив се градоначалници на општини, колку од нив се лидери на политички партии, колку министерки,колку се директори на болници, колку се пилоти, извршни директори на државни фирми итн
:)
многу мажи нема никогаш во животот да станат директори, министри, градоначалници. Тоа е до конкуренција, колку се способни толку. Така и со жените. Голем број жени се на високи функции во државните и јавни фирми или во банките. Во градежните фирми кои го изведуваат на пример проектот Скопје, физичките работи се доделени на мажите.
Пишав и погоре за рамноправноста во професиите -колку жени држат работни места на шофери на автобус, на ѕидари и слично. Зошто девојките не се пријавуваат за занаети ѕидарство, автоелектрика, автомеханика или зошто не работат по стоваришта. Тоа нели би бил навистина прв чекор во рамноправност во сите занимања и на сите полиња? Или рамноправноста треба да ја оценуваме единствено во канцелариските или раководни професии.
Сепак, професиите кои ги одбра во твојот пост се одбрани професии, а со таква селективна борба за одредени позиции жените се ставени во нерамноправна положба. Не знам дали ја гледаш нелогиката во ваква селективна рамноправност.
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
многу мажи нема никогаш во животот да станат директори, министри, градоначалници. Тоа е до конкуренција, колку се способни толку. Така и со жените. Голем број жени се на високи функции во државните и јавни фирми или во банките. Во градежните фирми кои го изведуваат на пример проектот Скопје, физичките работи се доделени на мажите.
Пишав и погоре за рамноправноста во професиите -колку жени држат работни места на шофери на автобус, на ѕидари и слично. Зошто девојките не се пријавуваат за занаети ѕидарство, автоелектрика, автомеханика или зошто не работат по стоваришта. Тоа нели би бил навистина прв чекор во рамноправност во сите занимања и на сите полиња? Или рамноправноста треба да ја оценуваме единствено во канцелариските или раководни професии.
Сепак, професиите кои ги одбра во твојот пост се одбрани професии со што самата ги ставаш жените во нерамноправна положба. Не знам дали ја гледаш елогиката во ваква селективна рамноправност.
Прв болд - Многу од мажите навистина никогаш нема да станат директори, министри и градоначалници, ама на 1000 мажи што ќе ја добијат таа работна позиција дали 2 жени ќе ја добијат истата. Да беше само до конкуренција навистина ќе постоеше рамноправност.

Остатокот од постот ми личи „со свој камен по своја глава“. Твојата селекција држи вода, мојата - не. Никаде не напишав дека жените не треба, а уште помалку дека не се способни да работат како возачи на автобуси, автомеханичари итн. Ама за рамноправност потребно е и мажите исто така да учествуваат во „женските работи“ како на пример работа во конфекција, да се грижат за домаќинството и децата, да не се повторувам го споменав ова и во предходниот пост.

Јас цело време пробувам да укажам дека треба да постои рамноправност во сите професии, а ти цело време ја нагласуваш поделбата на машки и женски професии. Да појаснам, нема причина зашто жените не би работеле како ѕидари, електичари, молери итн исто како што нема причина заштно не би биле на раководни позиции, доколку ги имаат потребните квалификации за било која од наведениве работи.[DOUBLEPOST=1395255946][/DOUBLEPOST]
Научно да, ама во примена, цели и разбирање во нашава земја - Не :)
Во теорија, феминизмот претставува тоа што и го напишав во првичиот пост. А начините на кои што се злоупотребува, извртува, користи и игнорира - односно самата пракса, се резултат на тоа што секој си го толкува феминизмот на свој начин, било да знае за што зборува или е сосема некомпетентен за темата. :D
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Јас цело време пробувам да укажам дека треба да постои рамноправност во сите професии, а ти цело време ја нагласуваш поделбата на машки и женски професии. Да појаснам, нема причина зашто жените не би работеле како ѕидари, електичари, молери итн исто како што нема причина заштно не би биле на раководни позиции, доколку ги имаат потребните квалификации за било која од наведениве работи.
Ај нека е така само претходниот пост што го цитирав се збореше за канцелариски, министерски, раководни места.
Во теорија, феминизмот претставува тоа што и го напишав во првичиот пост. А начините на кои што се злоупотребува, извртува, користи и игнорира - односно самата пракса, се резултат на тоа што секој си го толкува феминизмот на свој начин, било да знае за што зборува или е сосема некомпетентен за темата. :D
ај можи грешно сфаќам или не се изразуваш целосно за да сфатам. Според ова
т.е еднаквоста на жените и мажите во однос на политичките, економските и социјалните права.,....Особено значајно за феминистичките движења е обезбедување на еднакви услови за образование и вработување (што вам може ви звучи смешно денес во Македонија, зошто некој би се залагал за ова, но во светот уште постојат држави каде што ова не е овозможено за жените)
Збориме за Македонија. каде жената, во кои сфери нема права во пракса? Не смее да се образова, да оди на школо или не смее да конкурира?
 
Последно уредено:
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
Ај нека е така само претходниот пост што го цитирав се збореше за канцелариски, министерски, раководни места.
ај можи грешно сфаќам или не се изразуваш целосно за да сфатам. Според ова

Збориме за Македонија. каде жената, во кои сфери нема права во пракса? Не смее да се образова, да оди на школо или не смее да конкурира?
Кажавме што имавме да кажеме и двајцата, понатаму дискусијата нема никаква поента. Во Македонија жените не се законски дискриминирани по основ на работа, во пракса ситуацијата е малку поразлична, сакаш прифати го тоа - сакаш лажи се, твое си е. Најнакрај не си ти жената што на интервју ја прашуваат кога и дали планира да раѓа и кога и дали планира да се мажи.
:)
 
N

NikolaMKD91

Гостин
Член од
30 март 2008
Мислења
146
Поени од реакции
121
Темава е отворена на 7 март 2007...некој сериозно не сакал да купува подароци :icon_lol:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Дали има муслиманки феминистки?
Да
Овие смеат да пазарат


Тоа се големи победи, нема шала со феминистки као она девојчено Арис. Посебно кога се активни на терен во Шутка, Скопје Север и Топана...и Ангола
 
Член од
22 септември 2012
Мислења
51
Поени од реакции
154
Тоа се големи победи, нема шала со феминистки као она девојчено Арис. Посебно кога се активни на терен во Шутка, Скопје Север и Топана...и Ангола
Би те замолила во иднина доколку сакаш да ме спомнеш во некои од твоите постови, да ме тагираш. Затоа што ова е страшно некултурно од твоја страна.

И да не бидам оф, да постојат муслиманки - феминистки.
И да особено значајна победа е кога смеат да пазарат :cool:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Некултурно е да излезеш на јавен форум, да даваш некои изјави и дефиниции (кои досега не ги знаевме) и да се обидуваш да прекинеш секаква реплика. Обиди се впрочем најди жена муслиманка овде во овие населби во кафеана или чајџилница во друштво еднаква со мажи, свадба, веселба или погреб. Жената не е дискриминирана каде што ти посочуваш туку е дискриминирана овде. Тука треба феминстките да делуваат, ако воопшто сакаат нешто да постигнат. Моето семејство па и семејствата на моите браќа се негација на примерот со прашањето за бременост при вработување. Тој е исклучок, не и правило, затоа што ако не знаеше жените во Македонија процентуално учествуваат повеќе во платената легална работа и се повеќе застапени на управни места од некои други европски држави. Впрочем, ако здруженијата го знаат тој или тие случаи, зашто не делувале со правни мерки? Во феминстичките организации сигурно има и правници.
Накратко пукаат (или плукаат) во празно, онаму каде и не постои дискриминација. Каде што постои, не сум видел да делуваат.
 
Последно уредено:

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Хахахахха морам да признам дека не ми паднало на памет за ова.
Само што земав нешто да читам....па да не ми избега мислата :)

As absurd as it may sound: today's men need feminists much more than their wives
do. Feminists are the last ones who still describe men the way they like to see
themselves: as egocentric, power-obsessed, ruthless, and without inhibitions when it
comes to satisfying their animalistic instincts. Therefore the most aggressive
Women's Libbers find themselves in the strange predicament of doing more to
maintain the status quo than anyone else. Without their arrogant accusations the
macho man would no longer exist, except perhaps in the movies. If the press didn't
stylize men as rapacious wolves, the actual sacrificial lambs of this `men's society',
men themselves, would no longer flock to the factories so obediently.
Ова е преземено од Esther Vilar – The Manipulated Man
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.738
Поени од реакции
4.494
По дефиниција феминизмот е ок ама во реалноста е нешто сосем трето. Има многу работи кои погрешно се разбираат како терминот „еднаквост“, исто така имам и замерки за тоа барем од она јас што сум го видел како феминистките сакаат да ја постигнат целта.

Според мене радикален феминизам како и се радикално во глобала е штетно. Во реалноста жените можеби имаат многу повеќе моќ од мажите, но не се свесни за тоа. Наместо да ги покажуваат цицките на некои смешни протести(инаку неам ништо против голи цицки :love:) може тоа време да го поминат дома со своите деца(синови/ќерки) и да ги воспитаат како што треба, пошто реално тоа е единствениот начин за вистински промени не за џабе рекле страрите теле се учи вол не.


П.С Правата на жените во арапските земји се посебна приказна
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97
Според мене радикален феминизам како и се радикално во глобала е штетно.
те молам научи што е радикален феминизам бидејќи тоа што користиш термини за кои си немаш појма доволно довро ја илустрира твојата “интелигенција“.
Не значи екстра-милитантен ако тоа го помисли твоето мало мозоче (а очигледно ова е ситуацијата):
https://mk.wikipedia.org/wiki/Радикален_феминизам
Причината што оваа група ја добива "радикален" етикетата е дека тие го виделе угнетувањето на жените како најосновната форма на угнетување, онаа што сече преку границите на расата, културата и економската класа.
Во реалноста жените можеби имаат многу повеќе моќ од мажите, но не се свесни за тоа.
да бре затоа има ги најмногу мажите во парламенти и други такви важни улоги. Од каде ти е ова, генијално бе брат! 74dd5ad46a730b768b02f5ad713293ea.jpg
 
Последно уредено:

Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.738
Поени од реакции
18.484
Охоо си ја најде темата конечно, честито :D
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
200
Поени од реакции
97
Охоо си ја најде темата конечно, честито :D
абе ме демнеш ли? Каде коментирам ти дојдеш одма по мене со некој глупав коментар. Поласканa сум но oбсесијата не е здрава Psyside.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom