Феминизам!

Член од
30 август 2021
Мислења
1.243
Поени од реакции
2.625
Па Никола Тесла бил високоинтелегентен,дефинитивно добро ги познавал жените,затоа и никогаш не се оженил!:D
Имал убаво мислење за жената но сметал дека целата негова енергија треба да ја вложи во својата пасија, за жена ќе требало да ја дели. Добар пример е и за инцелите, да најдат цел поголема од нив што би била бенефит за целата цивилизација.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.668
Поени од реакции
38.846
најново што прочитав е дека вакцинирањето го задирало феминизмот. Како функционирало тоа е дека они биле одговорни за нивното тело и никаква мушка вакцина не смее да ги допре ако они не сакаат.
 
  • Хаха
Reactions: TOT

Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Кога жената е Шеф: интервју со Никола Тесла
Јануари 1926 | Магазинот Colliers

Тесла:
На секој обучен набудувач, па дури и на оние социолошки необучените, им е јасно дека низ вековите во светот се појави нов став кон половата дискриминација, кој доби ненадеен стимул непосредно пред и по Светската Војна.
Оваа борба на човечката жена кон полова еднаквост ќе заврши со нов полов поредок, при што женката ќе биде супериорна во новиот. Современата жена, која само во површни феномени (како правото да гласа) веќе го предвидува напредокот на нејзиниот пол, е само симптом на нешто многу подлабоко, едно потентно ферментирање кое веќе долго се случува во генот на самата раса.
Не е во плитката физичка имитација на мажите, таму каде жените прво ќе ја потврдат својата еднаквост, а подоцна и нивната супериорност - туку во будењето на интелектот на жените.
Кликнете на линкот во насловот за да читате натаму.

Член од
13 април 2021
Мислења
3.134
Поени од реакции
10.479
@Византиецот зарем навистина мислиш дека еден великан ко Никола Тесла би се занимавал со вакви работи? Веројатно некој го има сето тоа убаво спакувано и му го препишува на Никола Тесла.

Феминизмот не би требало да значи да мажот преку жената ги остварува своите барања и цели, исто ко што жената не би требало да ги остварува своите барања и цели преку мажот. Инаку појавата на патријархат и матријархат, односно преваленцијата на едното или другото е незибежна....еволуцијата на свеста најверојатно би требало да доведе до некаква рамнотежа. :unsure:
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
АХХАХАХА Чекај ти мислиш дека некој го измисли ова? Ало ја прочита статијата. Ова е интервју кое самиот Тесла го дал за магазинот Колиерс во САД. Тесла не размислувал само на темата жени, туку на многу многу други работи, напишал анилизи и ставови на темата Белата Раса. Забораваш дека е Србин роден токму во моментот кога Србија конечно се ослободила од Отоманска власт. Погоди како гледал на Турците? Како гледал на сите кои не се Европјани? Знаеш во која ера живее? Прва половина на 20ти век. Знаеш кави ставови владеат на темата Раси во тоа време? Америка ги крија, затоа што според новиот свет, истите се чинат како претерано расистички.
Имено Тесла бил Еугеник - лик кој се залага за идејата дека само најздравите, највитални, најубави машки и женски единки треба да имаат право на сексуален однос и репродукција. Смета дека тоа ќе доведи до свет со посилни луѓе, поздрави, ултумативно посреќни. Затоа што таму кај што нема болест, нема ни страдање.

Да со такви теми се бавел Никола Тесла.
 
Вистината е таа, се плашел од рушење на традиционалните улоги, но тоа не било поттикнато од омразата кон жената.

Доволно е да ја прочиташ неговата листа на изуми и ќе сфатиш дека ниту ги сакал ниту ги мразел жените....туку едноставно немал време за нив.
Не може да се каже дека бил мизогинист, но наивно е да се мисли дека имал време да се занимава со ваква тематика. Горенаведеното веројатно го мислел за неговата мајка, затоа што и сам пиша дека го сметал мајчиснството за нешто извонредно.
 
Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.281
Поени од реакции
22.561
Имено Тесла бил Еугеник - лик кој се залага за идејата дека само најздравите, највитални, најубави машки и женски единки треба да имаат право на сексуален однос и репродукција. Смета дека тоа ќе доведи до свет со посилни луѓе, поздрави, ултумативно посреќни. Затоа што таму кај што нема болест, нема ни страдање.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
^^ Баш така! Идејата веројатно била негова и на еден купи други европски интелекруалци од тоа време. Знаеме на која мапа се Србите по овие прашања, колку поразличен би бил Тесла? Студирал во Грац во Австрија (таму студирал и еден Македонски Влаин од Крушево кој подоцна станува Патријарх на цел православен свет во Констнтинопол - поглавар на Цариградската Патријаршија) и со професорите развил неверојатна конекција. До тој степен што Алберт Ајнштај бил љубоморен. Кога професорите ќе го прашале нешто важно тој враќал, а што ме прашувате мене? Fragen Sie ihre neu mann. Прашајте го вашиот нов човек. Алберт имал опсесија со Тесла. Веројатно и со Србите. Женатаму била Србинка ако не се лажам.
Автоматски споено мислење:

Не може да се каже дека бил мизогинист
Јас не го кажав тоа. Тесла бил далеку од мизогинист. Тоа го инсуинираат членовите со лош сарказм над тебе. Тесла е Феминист, и тоа вистински, а не модерно политички генериран. Тоа значи не е еден од тие ко тебе што се залагаат за провидна еднаквост на половите. Туку за женска доминација.

Главната причина поради која не се оженил е токму Еугенизмот. Самиот сметал дека тој не влегува во таја категорија на супериорни граѓани кои треба да имаат деца. За да дојди до тој заклучок направил историја на болеста на цела своја фамилија. Спартански и сурово, зар не.
 
Последно уредено:
Член од
13 декември 2020
Мислења
85
Поени од реакции
139
Жената интелектуално не е ништо помалку од мажот.
Резултатите во пракса покажуваат нешто друго еве мала статистика помеѓу македонскиве форуми, какви теми се актуелни на фемина кај што се 99% жени и тука кај што доминира машкиот пол, тука преовладуваат теми кои што захтеваат поголем интелектуален капацитет како наука, религија, филозофија ок со исклучок на спорт :Dдодека пак на фемина најактуелни се некои безполезни теми, кафе муабети, поздрави, оговарање естрадни личности и нешто малку од полето на уметност, филм, литература, фотографии.
А и ако ги зееме сите знаменити научници, филозофи 98% биле мажи.
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
Тоа е заради вековната опресија и - знај си го местото! ставот на кој се подучувани жените од мали.
Денес во Силиконската Долина имаш здружение од мажи формирано од Илон Маск, нешто како машко братство по име Црвена Пилула. Има за цел да го ограничи бројот на жени кои ќе влезат на Машински Факултет и подоцна на иженерски работни позиции.

Иронично, ако ја прочита статијата на Никола Тесла, тој вели дека женскиот интелект ќе процвета токму на ова поле. За само еден век од домајќинка, жената стана закана за машкиот свет во Силиконската Долина. Иронично зар не. Замисли што ќе се случи за уште еден век?

Биди ми поздравен од Хеди Лемар, Еврејка-Европејка која во Австрија ги удира постулатите за ви-фи безжичен интернет. Бега во САД, место научник, станува актерка. Се е до стимулот кој ти го дава општеството.

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.660
Поени од реакции
11.693
Резултатите во пракса покажуваат нешто друго еве мала статистика помеѓу македонскиве форуми, какви теми се актуелни на фемина кај што се 99% жени и тука кај што доминира машкиот пол, тука преовладуваат теми кои што захтеваат поголем интелектуален капацитет како наука, религија, филозофија ок со исклучок на спорт :Dдодека пак на фемина најактуелни се некои безполезни теми, кафе муабети, поздрави, оговарање естрадни личности и нешто малку од полето на уметност, филм, литература, фотографии.
А и ако ги зееме сите знаменити научници, филозофи 98% биле мажи.
Статистиката е невалидна. И за форуми и за философи и научници. На кајгана имаш подобри дискусии во религија и философија бидејќи повеќе се машки?
Види ги темите наназад низ годините...
Се колнат, пцовки и навреди како да се во кафана... вистински мажи! Интелектуално подковани на темите за кои зборуваат, а реално 93% за религија знаат од пијанчење на имендени и „Името не го даваме“ - Исус е Македонец! Лидија е првата христијанска, од Солун!
Површни проценки.

Ние дури денес дознаваме дека жени биле програмери во NASA кои рамо до рамо со нивните колеги создавале исто како мажите. Во блиското минато не ни имавме жени професори на универзитети! Денес на многу полиња ќе најдеш жени кои градат без проблем кариери во секое поле на науката - исто како мажите претходно и денес.
Голем процент од жените во блиското минато беа „со портрет“ како домаќинка, мајка, со престилка, го чека мажот, големиот снабдувач за семејството, во костум... но никако жената ја немавме како директор, претседател, активен член во општеството, жена која може да има свој живот, да гради кариера.... тоа беше фантастика!

Улогата на жената беше диктирана индуктивно преку старите религии. И тоа денес се обидуваат да го прават одредени структури - но не оди работата повеќе така.
Човекот кога ќе намириса слобода и можност за апсолутно исполнување на неговите соништа за да биде некој, како индивидуа - нема назад! :)
Затоа реков дека жената не е ништо помалку од мажот.
Истото го може како и претходно - само сега има слобода и ако ја нема, треба да се избориме да ја има - да биде што сака во однос на нејзината индивидуалност - како мажот што има можност.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Резултатите во пракса покажуваат нешто друго еве мала статистика помеѓу македонскиве форуми, какви теми се актуелни на фемина кај што се 99% жени и тука кај што доминира машкиот пол, тука преовладуваат теми кои што захтеваат поголем интелектуален капацитет како наука, религија, филозофија ок со исклучок на спорт :Dдодека пак на фемина најактуелни се некои безполезни теми, кафе муабети, поздрави, оговарање естрадни личности и нешто малку од полето на уметност, филм, литература, фотографии.
А и ако ги зееме сите знаменити научници, филозофи 98% биле мажи.
Не би се сложил во целост. На Фемина пратам само еден и единствен подфорум-Литература. Далеку е поактивен од нашиов, па и самиот факт дека жените читаат повеќе книги од мажите, таргет група за многу издавачки куќи се токму жените. Сега тоа се претежно љубовни романчиња, закинети со по некој трилер. Тоа се троши, не викам дека само тоа читаат.

На форумов има фантастични соговорнички, може со нив да се опфатат теми од нљбрпјаните. Но...ако го гледаме шахот како мерило (спорт кој се темели на интелект, логика и на учење теорија), мажите доминираат. Во оние сектори каде жените генерално го имаат интересот (како модата), доминираат мажите. Во кулинарството доминираат мажите!

Западното општество денес се темели на еднаквост, а сепак има доминација на мажот. Причината е во тестостеронот. Мажот, генерално, ги работи физички најтешките работи и мажот, во просек, поминува повеќе време на работа од жената. Така тој вејџ гап се темели на изборот, а не на дискриминацијата. Кај нас сидрото е шивачката индустрија.

Кај нас има 54-46% присуство на жените во администрацијата. Имаше фаворизирање на министерот Манчевски кој отворено рече дека фаворизира жена пред маж на раководна позиција!

Во градежништвото и во рударството жената не е воопшто застапена! И онаму каде е во овие сектори, врши канцелариска работа. Па и во земјоделството состојбата не е нешто подобра, ама таму имаш семеен аргатлук. Разликата е голема и кога се јавува како сопственик на земјоделство земјиште во полза на мажот. И тука имаше политики на владата, според мене непотребни.

И тука, можеби веќе 10 пати напишав, постои рамноправност на половите (и на брачните партнери во брачното право), но и систем на позитивна дискриминација во трудовото право! Тоа не ќе да е еднаквост.

По секое статистичко потфрлање се обвинува општеството (дека било патријархално), но секој успех е индивидуален. :)
 
Византиецот

what you looking at, ass
Член од
14 март 2021
Мислења
2.601
Поени од реакции
6.022
@Aceso уште ли ќе се занимаваш со провидна еднаквост на половите? Патријархатот е уморен и штетен. Му помина времето. Сега наместо да стимулира прогрес, му стои на патот и пробува да го спречи истиот.

Размисли убаво и запрашај се, дали сакаш да бидиш еднаква со ваквите бацки како овај калифорниски само-прогласениот филантроп и љубител на човештвото? Или сакаш да бидиш нешто подобро од тоа?

Денес во Силиконската Долина имаш здружение од мажи формирано од Илон Маск, нешто како машко братство по име Црвена Пилула. Има за цел да го ограничи бројот на жени кои ќе влезат на Машински Факултет и подоцна на иженерски работни позиции.
Одлуката е на жените. А штом ќе ви стани јасно колку е саатот, никој нема да може да ви застани на патот, ниедно тајно машко братство, куршлус. Верувај кога ти кажувам.
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Љубовта одзема време. Романтизмот исто така.
Романтизмот на Тесла бил насочен кон науката и создавање нови работи. Затоа има над 700 патенти...
Жртва мора да се даде....
Тесла е модерен монах-научник и нема врска со тоа колку и како ги познавал жените, но добро го знаел духовното кај човекот што е исто и кај мажот и кај жената :)

Ама ова твоето е сарказам како што гледам, шегобиец низаеден :D
Најголеми жртви на жените а и феминистките се романтичните мажи.Кај секој оженет маж магично ја снемува романтиката.Тесла бил идеалист затоа и останал сам во сиромаштија.А инаку и мажите не се ништо подобри.Ако некоја жена е заљубена тогаш почнуваат манипулации од страна на мажот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom