А кој одлучува на кого му е местото во темава а на кого не? Ти? Роза Луксембург? Кој одлучува да даде дефиниција за Феминизмот до која сите треба слепо да се држиме? Тебе ти е охрабрувачка идејата
да бидеш еднаква со мажите и заради тоа се дразнуваш да кажиш дека само тоа е Феминизам и се друго по дифолт не смее да биде Феминизам? Не си помислила дека на други жени можеби охрабрувачка им е идејата да воспостават нов Матријархат и дека можеби по нивната дефиниција тоа е симбол за Феминизам. Жени кои се далеку по-selbstbewusst, уморни од идејата дека полот на CVто вечно ќе ги натера шефовите да размислат два пати. Вечен таргет за секс на работно место. Жени уморни од идејата дека некој се дразнува да оди до таму што формира друштво за да го ограничи нивниот влез во Машниски професии. Следиш ли ти воопшто вакви анализи? Знаеш ли колкав е бројот на жени факултетски 10каши кои им ги крадат работите на мажите во свера која традиционално беше доминирана од мажи? Знаеш ли ти каква нелагодност ствара тоа во фрагилниот, исполнет со его, машки ум? Знаеш до каде би одел еден маж за да ја угнети една жена? До таму да напиши Религии кои се дразнуваат да кажат дека и Господ бог ја мрази жената. Ете до таму. Во кој розев свет живееш ти? Уште поважно, колку години имаш?
Уште еднаш не ти реплицирам, ми се гади од идејата некој да ми наметнува Дефиниции за поими и теми кои јас како индивидуа ќе ги поимам и ќе ги тумачам како што ми чини.
Те оставам разочарана и со рајски соништа за еднаквост со мажите. И да, со желби за многу среќа. Ќе ти треба.
Жената еден ден ќе го достигни својот потенцијал, тоа не е ни така далеку. За еден век, жената веќа е во далеку подобра позиција од порано. Интервјуто на Тесла веќе ѕвони со вистини. Дозволи ми да те разубедам, тоа досигнување на женскиот пол нема да биди по заслуга на луѓе замајани од модерен Луберализам кој аспирира кон еднаквост, перфектност, рајој, соништа.
Тоа ќе биди благодарение на жени кои сватиле колку е саатот, жени кои секташки се организираат, жени кои страдале, жени кои биле тепани, насилно силовани. Такви треба да запознаеш. Само свесна жена можи да доведи до промена. Не и модерен Либерал кој одамна изгубил допир со реалното. Идејата дека
@Dumbledore ти клика лајк на постовите е hilariously bepuzzling. Чунки си имаш работа со кралот на еднаквоста. Ако има еден човек од кој ќе добијаш еднаквост и кој се залага за апсолутна еднаквост, еднаквост и само еднаквост, на цел форуум, тоа е токму тој.
Разбуди се.