Феминизам!

Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
пак да повторувам? Каков лик ќе си одбереш, таков живот ќе имаш. Тоа не зависи од мене, не зависи од никого освен од оној што избира. Ако одбереш убав на лик домат, а внатре дрво...или скапано, ти си одбрал. Е сега, некој што не знае да бира, тоа е друга работа. Башка ова што стално го пишуваш не е поврзано со темава туку со функционирање на институциите.
Е поврзано со темата затоа што таквите ликови треба да сфатат дека не треба да млатат некој кој нема доволно сила да се брани, значи се работи за начинот на размислување кај нив, не за институциите. Сѐ додека има ликови кои ја гледаат жената како инфериорна, ќе има и феминизам.
Автоматски споено мислење:

што па ја сега.
Те тагирав затоа што беше фер кога веќе те спомнувам, да знаеш дека сум те спомнала. Не го гледај како личен напад или потреба да се браниш. :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Е поврзано со темата затоа што таквите ликови треба да сфатат дека не треба да млатат некој кој нема доволно сила да се брани, значи се работи за начинот на размислување кај нив, не за институциите.
а си викам па ли јас "традиционалиста" сум дежурен виновник :pos:. Се е ствар на избор. Ако избере некој нафатиран или мушкарчина кој везден ќе кисне со другари на утакмици, на скари, а за било каква забелешка ќе и стегне шамар...таа го избрала. Ок, некогаш и покрај најдобри процени грешки се прават но и се корегираат. Постојат советувалишта (каде паровите одат реда ради) и судски постапки-развод. Втора шанса, да се одбере некој компатибилен. Има голем број такви успешни приказни.
30 години.
Лепота и паре су пролазни, остају љубав и убави спомени.
 
Последно уредено:
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
и уше нешто Агде, ил да те тагну @Agda Beata :) изви'нејте што ја баш не сум релевантен за темава. Обсолит олдтиме модел, иако далеку од традиционалист во однос на врска/брак/заеднички живот, нема многу да помогни во вакви теми. Пошо порелевантни се мислењата (и односот, активностите) на млади мажи кои допрва треба да се борат за понежниот пол, дома, на работно место, во државава комплет, да го градат системот како човек.
Што се однесува до чорапите... :pos: ај добар нека ви е денот
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Насилството врз жените во Македонија е бајка? Океј.
Ова е сериозен проблем ама јас не го поврзувам со терминот „феминизам“. Физичко-пропорционалната нееднаквост помеѓу мажите и жените е факт. Необразованост, менталитет, опкружение, психичка зрелост, ред различни фактори влијаат на насилство врз жените. Го има секаде, кај нас, во Америка, буквално секаде. За жал не е врзано секогаш со посебен профил на луѓе. Богати, фрустрирани, сиромашни, алкохоличари.. Феминизмот треба да им посочи на жените дека не треба да трпат и да превземат нешто? НЕ. Самосвеснота е таа што поставува граница со која е нарушен личен дигнитет.
Нека се подобри образованието, нека се подобри економската состојба со која сите ќе имаат можност за заработување, со тоа право на избор и носење здрави одлуки станува реално и изводливо.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Феминизам не е само еднаквост пред законот...

Феминизмот постои затоа што постојат ликови како типов кој си дозволил да удри жена само затоа што е посилен од неа. Наместо девојкава, да беше некое јако бате, ликот немаше да удри без разлика колку се чувствува повреден и понижен. Да, можела да го пријави(и знак прашалник е дали ќе го гонеле кривично), ама пак ќе повторам, не се работи само за еднаквост пред законот, туку мајндсетот на батево што шлапа жена затоа што не сака да е со него повеќе.

Друг пример зошто феминизмот постои можете да видите на темава, а богами и ако ги разгледате останатите мислења на Бодидарма кои изобилуваат со сексизам и понижување на женскиот пол. Рецимо:



Или постов над мене...

И не ми се расфрлајте со примери на западњачки наци феминистки кои го вртат проблемот кон друга насока и ставаат акцент на нешто кое е небитно.
Сеуште во Македонија нападот е кривично дело. Тоа е телесна повреда, за која има и парична казна или и парична и затворска казна. Кривично дело е и семејното насилство. Башка имаш и потежок стадиум- тешка телесна повреда. Исто како да кажеш дека тој ја силувал, па можеби и ќе биде кривично гонет и суден (истото се однесува и на запад)! Сем ако не е локален шериф, тој ќе крка казна, башка големи се шансите да остане и без работа, општествена и семејна изолација, презир итн. Таков пример имам во маало, но не значи дека тоа е правило. Некои поминуваат и многу полесно, но казната ги стигнува. И имаш и обратни примери, не знам зошто тие поминуваат под радарот. Сега имаме убиство, каде мажот е пронајден мртов, а жената беше со тешки телесни повреди. Децата се осомничени, па и жената, ама семејството имало насилна историја. Затоа тука повеќе би се вклопила онаа „сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”. Од друга страна, повторно загина работник (кој ги врши опасните работи?)! И хит беше настанот со таксистот кој бутна жена, која тргна да му ја крши колата! На чива страна застана општеството во овој случај? Феминизмот во твојата приказна би се вклучил само ако тој не биде осуден или ако постојат различни казни за мажите и жените во правосудниот систем.

Инаку што е со она “сите мажи се исти“? Пушти го ти Буда што пишува, може провоцира, можеби мисли дека интелектот е поврзан со должината на косата, а бидејќи е ќелав, може смета дека е гение (знам дека провоцира)! Она е исто како со бојата на кожа и поврзаноста со IQ. Нема научен доказ, барем не сеуште, кој ни укажува дека бојата на кожа влијае врз интелигенцијата! Се’ е до културата, традицијата и образованието. И да, семејното насилство е сеуште сериозен проблем кај нас, не може да се утврди точната бројка затоа што некои жени (па и мажи) не пријавуваат. А знаеш, ако некој/а не пријавил/а, не може да влезе во никоја статистика (сем како маргина) и правниот поредок го води како и никогаш да не се случило. Сега што вадат случаи стари и по 40 год., што во нашиот систем се сметаат за застанери, може да служат само како оцрнување на таа личност. Пр. судијата Кавана(х) за кој дел од јавноста сеуште смета дека е сексуален манијак, а против него нема ниту еден конкретен доказ.

Има факти и на 2те страни, ама може да се сложиме дека во поглед на правата и рамноправноста, историски, дојдени сме до една кулминација. Немам ништо против тебе, не се согласувам со одредени работи, но и се согласуваме во одредени нешта, кои ги потенцирав во коментарот. Во моите коментари има и провокации и вредносни судови, но и тука има одредено правило (правда) која може да резултира и со казнени поени или бан. Ова е за тоа дека оној форум бил “машки“, а притоа има и женски модератори, но и никој не им брани на жените да бидат активни на овој форум. Аналогно на ова- политичките партии. Знаеш на што целам, така? ;)

пи.ес. Сега ја читам “Сапиенс“ и топло ти ја препорачувам. Таму има неколку глави кои се посветени конкретно на улогата на жената во историјата, па и разликата “род“ и “пол“ и од каде извирале тие неправди во/од минатото. Книгата има и “продолжение“, кое сеуште не е преведено на македонски јазик. :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Феминизам не е само еднаквост пред законот...



Феминизмот постои затоа што постојат ликови како типов кој си дозволил да удри жена само затоа што е посилен од неа. Наместо девојкава, да беше некое јако бате, ликот немаше да удри без разлика колку се чувствува повреден и понижен. Да, можела да го пријави(и знак прашалник е дали ќе го гонеле кривично), ама пак ќе повторам, не се работи само за еднаквост пред законот, туку мајндсетот на батево што шлапа жена затоа што не сака да е со него повеќе.

Друг пример зошто феминизмот постои можете да видите на темава, а богами и ако ги разгледате останатите мислења на Бодидарма кои изобилуваат со сексизам и понижување на женскиот пол. Рецимо:



Или постов над мене...

И не ми се расфрлајте со примери на западњачки наци феминистки кои го вртат проблемот кон друга насока и ставаат акцент на нешто кое е небитно.
Ме интересира каде се феминистките во одбрана на работничките во текстилните фабрики низ државава?Мислам сигурно ти е познато во какви услови работат.Во денешно време и феминизмот е уште една алатка за раздор на обичниот народ исто како и политичките партии.Занаеш како,раздели па владеј!Ево јас не сум феминист па сепак сум против насилство врз жените или било кого.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Ме интересира каде се феминистките во одбрана на работничките во текстилните фабрики низ државава?Мислам сигурно ти е познато во какви услови работат.Во денешно време и феминизмот е уште една алатка за раздори бизнис на обичниот народ исто како и политичките партии.Занаеш како,раздели па владеј!Ево јас не сум феминист па сепак сум против насилство врз жените или било кого.
Морав да те корегирам, постоењето на скоро секоја организација и група во последниве години е поради политичка и финансиска моќ која понатаму имплицира случувања какви што ќе изрежираат (со чест на исклучоци поединци во организациите кои се ретки и обично не се на раководни позиции во истите).
Инаку тие кои навистина се сеуште угнетени во женскиот свет не ги гледа никој (ете во мкд нека прошетаат низ муслиманските семејства) или нека отидат во Африка да ги видат како ги третираат, или во текстилни фабрики низ вукојебинава, фирми за чистење по објекти (соодветна опрема не им даваат а со доместос и солна киселина чистат), ама тие не се битни, битно да има за оние што ќе газат со штиклите по плочките мермерни и црвените теписи низ хотелите.
Битно е за курчење на телевизија, ако се може да се изнуди некаде пратеник во собрание, измислување на фејк фондови за да ги исперат парите и тн немаат проблеми. Сличен бизнис модел користат што е најтрагично сите организации, ама никој никого не чепка за да не си ја изгуби својата моќ.
 
Член од
12 февруари 2014
Мислења
7.701
Поени од реакции
24.161
Сеуште во Македонија нападот е кривично дело. Тоа е телесна повреда, за која има и парична казна или и парична и затворска казна. Кривично дело е и семејното насилство. Башка имаш и потежок стадиум- тешка телесна повреда. Исто како да кажеш дека тој ја силувал, па можеби и ќе биде кривично гонет и суден (истото се однесува и на запад)! Сем ако не е локален шериф, тој ќе крка казна, башка големи се шансите да остане и без работа, општествена и семејна изолација, презир итн. Таков пример имам во маало, но не значи дека тоа е правило. Некои поминуваат и многу полесно, но казната ги стигнува. И имаш и обратни примери, не знам зошто тие поминуваат под радарот. Сега имаме убиство, каде мажот е пронајден мртов, а жената беше со тешки телесни повреди. Децата се осомничени, па и жената, ама семејството имало насилна историја. Затоа тука повеќе би се вклопила онаа „сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”. Од друга страна, повторно загина работник (кој ги врши опасните работи?)! И хит беше настанот со таксистот кој бутна жена, која тргна да му ја крши колата! На чива страна застана општеството во овој случај? Феминизмот во твојата приказна би се вклучил само ако тој не биде осуден или ако постојат различни казни за мажите и жените во правосудниот систем.
Она со таксистот... Не знам, не можам да проценам затоа што не знам што точно се случило. Првата реакција ми беше напад врз таксистот, подоцна видов дека му ја удира колата(реално, и јас би покажала физичка сила во случај ако некој ми уништува нешто кое крваво сум го заработила), ама пак прашањето е зошто жената полугола мава по колата? Не знам, професоре, не знаеме што точно се случило, така да не можеме да дојдеме до било кој заклучок, да го оставиме тој случај настрана.

Инаку што е со она “сите мажи се исти“?
Од каде ова?


Има факти и на 2те страни, ама може да се сложиме дека во поглед на правата и рамноправноста, историски, дојдени сме до една кулминација. Немам ништо против тебе, не се согласувам со одредени работи, но и се согласуваме во одредени нешта, кои ги потенцирав во коментарот. Во моите коментари има и провокации и вредносни судови, но и тука има одредено правило (правда) која може да резултира и со казнени поени или бан. Ова е за тоа дека оној форум бил “машки“, а притоа има и женски модератори, но и никој не им брани на жените да бидат активни на овој форум. Аналогно на ова- политичките партии. Знаеш на што целам, така? ;)
Кулминација можеби не, ама се согласувам дека е постигнат голем успех досега, благодарение на оние жени кои се бореле низ историјата, значи феминистки. :)
Апсолутно дека никој не им брани и ова зависи од опкружувањето, многу жени имале непријатни искуства ако се вмешаат во машки друштва или имаат машки професии.

пи.ес. Сега ја читам “Сапиенс“ и топло ти ја препорачувам. Таму има неколку глави кои се посветени конкретно на улогата на жената во историјата, па и разликата “род“ и “пол“ и од каде извирале тие неправди во/од минатото. Книгата има и “продолжение“, кое сеуште не е преведено на македонски јазик. :)
Фала, ќе пробам да ја најдам.


Ме интересира каде се феминистките во одбрана на работничките во текстилните фабрики низ државава?Мислам сигурно ти е познато во какви услови работат.Во денешно време и феминизмот е уште една алатка за раздор на обичниот народ исто како и политичките партии.Занаеш како,раздели па владеј!Ево јас не сум феминист па сепак сум против насилство врз жените или било кого.
Еве и јас не сум феминистка, па бев во план за некои акции во врска со ова. Не можам да зборувам за другите, мада знам дека многу феминистки го имаат потенцирано овој проблем. Освен тоа, додека вие правевте скара за први мај, ние протестиравме за правата на сите работници. :)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Она со таксистот... Не знам, не можам да проценам затоа што не знам што точно се случило. Првата реакција ми беше напад врз таксистот, подоцна видов дека му ја удира колата(реално, и јас би покажала физичка сила во случај ако некој ми уништува нешто кое крваво сум го заработила), ама пак прашањето е зошто жената полугола мава по колата? Не знам, професоре, не знаеме што точно се случило, така да не можеме да дојдеме до било кој заклучок, да го оставиме тој случај настрана.

Кулминација можеби не, ама се согласувам дека е постигнат голем успех досега, благодарение на оние жени кои се бореле низ историјата, значи феминистки. :)
Апсолутно дека никој не им брани и ова зависи од опкружувањето, многу жени имале непријатни искуства ако се вмешаат во машки друштва или имаат машки професии.
Јас не споменав дека е полугола, тука прашав на чива страна застанаа општеството/јавноста, медиумите и институциите? Никој не си го постави прашањето “како јас ќе реагирав или постапев некој мене тоа да ми го направеше?“! Башка човекот е одговорен за секоја гребнатина на колата, но и ова не е ништо ново, често се случување тоа и во хармониките на ЈСП. Малку докази, а огромни реакции врз кои може да се уништи нечив живот.

И да, никогаш не сум го нападнал негативно првиот бран на феминизмот. Последните 2 брана се проблем. Еве најнов проблем што се отвара во нашиот правен поредок е тоа дали треба да се продолжи породилното отсуство, а притоа само неколку проценти го користат до крај! Дали тоа е резултат на реална потреба или потреба да се цица дополнително приватниот сектор со неколку месеци плус 50% плата за работничката!? Има огромни дилеми околу овој проблем, пред се’ поради првата причина каде многу малку жени истиот го користат до крај. :)
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.689
Она со таксистот... Не знам, не можам да проценам затоа што не знам што точно се случило. Првата реакција ми беше напад врз таксистот, подоцна видов дека му ја удира колата(реално, и јас би покажала физичка сила во случај ако некој ми уништува нешто кое крваво сум го заработила), ама пак прашањето е зошто жената полугола мава по колата? Не знам, професоре, не знаеме што точно се случило, така да не можеме да дојдеме до било кој заклучок, да го оставиме тој случај настрана.



Од каде ова?




Кулминација можеби не, ама се согласувам дека е постигнат голем успех досега, благодарение на оние жени кои се бореле низ историјата, значи феминистки. :)
Апсолутно дека никој не им брани и ова зависи од опкружувањето, многу жени имале непријатни искуства ако се вмешаат во машки друштва или имаат машки професии.



Фала, ќе пробам да ја најдам.




Еве и јас не сум феминистка, па бев во план за некои акции во врска со ова. Не можам да зборувам за другите, мада знам дека многу феминистки го имаат потенцирано овој проблем. Освен тоа, додека вие правевте скара за први мај, ние протестиравме за правата на сите работници. :)
Противник сум на правење скара на 1 мај, туку за прототест за поголеми плати и права за работниците.За жал во моментов ретко кој работник во државава е член на синдикат.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
17.511
Поени од реакции
9.410
Противник сум на правење скара на 1 мај, туку за прототест за поголеми плати и права за работниците.За жал во моментов ретко кој работник во државава е член на синдикат.
Нема ефект со првомајските протести, верувај...проблем плус е што толку многу синдикати никнаа, зависни, независни, конфедерации и затоа им се губи силата, а членови има во доволен број.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
rofl, napalm
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
rofl, napalm
обуките ќе ги водат дипломирани феминистки
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.665
Поени од реакции
12.061
Што се учи за жената во Македонија во втора година средно

sociologija-ana-gligorova-960x720.jpg
 

Kajgana Shop

На врв Bottom