Феминизам не е само еднаквост пред законот...
Феминизмот постои затоа што постојат ликови како типов кој си дозволил да удри жена само затоа што е посилен од неа. Наместо девојкава, да беше некое јако бате, ликот немаше да удри без разлика колку се чувствува повреден и понижен. Да, можела да го пријави(и знак прашалник е дали ќе го гонеле кривично), ама пак ќе повторам, не се работи само за еднаквост пред законот, туку мајндсетот на батево што шлапа жена затоа што не сака да е со него повеќе.
Друг пример зошто феминизмот постои можете да видите на темава, а богами и ако ги разгледате останатите мислења на Бодидарма кои изобилуваат со сексизам и понижување на женскиот пол. Рецимо:
Или постов над мене...
И не ми се расфрлајте со примери на западњачки наци феминистки кои го вртат проблемот кон друга насока и ставаат акцент на нешто кое е небитно.
Сеуште во Македонија нападот е кривично дело. Тоа е телесна повреда, за која има и парична казна или и парична и затворска казна. Кривично дело е и семејното насилство. Башка имаш и потежок стадиум- тешка телесна повреда. Исто како да кажеш дека тој ја силувал, па можеби и ќе биде кривично гонет и суден (истото се однесува и на запад)! Сем ако не е локален шериф, тој ќе крка казна, башка големи се шансите да остане и без работа, општествена и семејна изолација, презир итн. Таков пример имам во маало, но не значи дека тоа е правило. Некои поминуваат и многу полесно, но казната ги стигнува. И имаш и обратни примери, не знам зошто тие поминуваат под радарот. Сега имаме убиство, каде мажот е пронајден мртов, а жената беше со тешки телесни повреди. Децата се осомничени, па и жената, ама семејството имало насилна историја. Затоа тука повеќе би се вклопила онаа „сите среќни семејства личат едно на друго, секое несреќно семејство е несреќно на свој начин”. Од друга страна, повторно загина работник (кој ги врши опасните работи?)! И хит беше настанот со таксистот кој бутна жена, која тргна да му ја крши колата! На чива страна застана општеството во овој случај? Феминизмот во твојата приказна би се вклучил само ако тој не биде осуден или ако постојат различни казни за мажите и жените во правосудниот систем.
Инаку што е со она “сите мажи се исти“? Пушти го ти Буда што пишува, може провоцира, можеби мисли дека интелектот е поврзан со должината на косата, а бидејќи е ќелав, може смета дека е гение (знам дека провоцира)! Она е исто како со бојата на кожа и поврзаноста со IQ. Нема научен доказ, барем не сеуште, кој ни укажува дека бојата на кожа влијае врз интелигенцијата! Се’ е до културата, традицијата и образованието. И да, семејното насилство е сеуште сериозен проблем кај нас, не може да се утврди точната бројка затоа што некои жени (па и мажи) не пријавуваат. А знаеш, ако некој/а не пријавил/а, не може да влезе во никоја статистика (сем како маргина) и правниот поредок го води како и никогаш да не се случило. Сега што вадат случаи стари и по 40 год., што во нашиот систем се сметаат за застанери, може да служат само како оцрнување на таа личност. Пр. судијата Кавана(х) за кој дел од јавноста сеуште смета дека е сексуален манијак, а против него нема ниту еден конкретен доказ.
Има факти и на 2те страни, ама може да се сложиме дека во поглед на правата и рамноправноста, историски, дојдени сме до една кулминација. Немам ништо против тебе, не се согласувам со одредени работи, но и се согласуваме во одредени нешта, кои ги потенцирав во коментарот. Во моите коментари има и провокации и вредносни судови, но и тука има одредено правило (правда) која може да резултира и со казнени поени или бан. Ова е за тоа дека оној форум бил “машки“, а притоа има и женски модератори, но и никој не им брани на жените да бидат активни на овој форум. Аналогно на ова- политичките партии. Знаеш на што целам, така?
пи.ес. Сега ја читам “Сапиенс“ и топло ти ја препорачувам. Таму има неколку глави кои се посветени конкретно на улогата на жената во историјата, па и разликата “род“ и “пол“ и од каде извирале тие неправди во/од минатото. Книгата има и “продолжение“, кое сеуште не е преведено на македонски јазик.
![Насмевка :) :)](/styles/default/xenforo/smilies/smile.png)