Архивист
Ултрас
- Член од
- 10 мај 2007
- Мислења
- 2.926
- Поени од реакции
- 608
ВТОРАТА ЛИГА МИСЛЕНА ИМЕНКА ЗА ОСОГОВО.
2008-06-09
Фудбалерите на „Осогово“ не успеаја во намерата од идната година да се натпреваруваат во Втората македонска фудбалска лига. Овој пат „Осогово“ застана се чини кога беше најпотребно, загуби во бараж натпреварот од скопска „Локомотива“ и тоа по изведувањето на пенал серијата, откако во регуларното време и по продолженијата резултатот останал нерешен.
Додека го следевме пионерскиот натпревар на стадионот „Никола Мантов“ бевме во постојан контакт со луѓето од „Осогово“ па така благовремено имавме информации за сето она што се случуваше во Кавадарци.
„Осогово“ загубило од рамноправен па ако сакате и послаб противник, но сепак на виделина излегло се чини нередовното тренирање во паузата што ја имаа „жетварите“ пред натпреварот на годината.
Иако во првото полувреме скопјани не го поминале центарот сепак успеале да се одбранат од неколкуте стопостотни шанси што ги имале кочанчани па на одмор со отишло со мирни мрежи.
Во второто полувреме по рамноправна игра „железничарите“ први го откриле резултатот, но нивната радост траела кратко бидејќи „Осогово“ веќе во наредната минута со голот на Наков го израмнило резултатот. Тоа било се што се случувало во регуларните деведесет минути.
Во првото продолжение „жетварите“ преку Темелков дошле до водство кое сепак не успеале да го сочуваат, па се поминало на изведување на серија од по пет пенали.
Играчите на „Осогово“ постигнале само два гола од белата точка (С.Манчовски и Н.Георгиев) додека преостанатите три ги промашиле (Дамески, Велинов и Наков), па така белата точка на крајот од натпреварот се претворила во црна за „жетварите“.