Фан Kлуб: Осогово

Член од
12 септември 2008
Мислења
359
Поени од реакции
4
Ako e vistina ova me raduva malo gradce ko sto e Probistip da ve ima 500clena navivaci mada ne veruvam dek ve ima tolku koga vo prva liga retko koga bi se sobrale nad 500navivaci organizirano da go bodrat svojot tim zborim za organizirano bodrenje ne posetenost na tribini to e drugo 25 .Koj vi e najgolem najomrazen rival ako moze da znam dali e to osogovo ili ?
Јас кажав дека не сме 500 навивачи, стандардно мегу 25 и 40 сме. Не е Осогово туку Астибо од Штип и Злетовица од Злетово !!!
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
АСТИБО ТВРД ОРЕВ ЗА ЖЕТВАРИТЕ

2008-10-23
„ОСОГОВО“ - „АСТИБО“ 2:0 (0:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 200. Главен судија: Илија Илиев. Помошници: Васко Мавров и Сашко Крстевски (сите од Струмица). Стрелци: Велинов 50’ и Георгиев 87’ („Осогово“). Жолти картони: С. Манчовски, Велинов („Осогово“), Маџовски, Кикиритков и Стаменков („Астибо“).
„ОСОГОВО“ – Данев, Данилов, Дамески, С. Манчовски (Здравков), Цветанов, Велинов, Шуманов, Коцев, Георгиев, Коцевски (Д. Манчовски), Карафилов (Деспотов).
„АСТИБО“ – Јамаковски, Лазаров (Димитров), Јованов, Миовски, Стаменков, Костов, Јанев, Митев (Панев), Штрков, Маџовски, Спиридонов (Кикиритков).

Дерби натпреварот од Третата лига Исток помеѓу Осогово и Астибо ги оправда очекувањата. По убаво и сончево време пред рекорден број на гледачи во оваа сезона и двете екипи прикажаа цврст и борбен фудбал.

Во првото полувреме се играше цврст но растрган фудбал во кој речиси не беше создадена ниту една посериозна шанса за постигнување на погодок. Единствените возбудувања се случија благодарение на слабиот судија. Најпрвин во 15-тата минута голгетерот Георгиев изби сам но на работ од шеснаесетникот од зад грб беше соборен од Маџовски кој беше пресреќен што наместо црвен заработи само жолт картон. И тогаш судијата почна се повеќе да влегува од грешка во грешка за да го доведе натпреварот на работ на регуларност. Во 22 минута Кикиритков го испровоцира С.Манчовски по што настана мешаница на теренот од која двајцата актери поминаа „само“ со жолт картон.

Во второто полувреме почна да се игра и фудбал. Домаќините речиси од првиот посериозен напад конечно го скршија отпорот на цврстите гости. По едно нафрлување во шеснаесетникот на денес мошне сигурниот Јамаковски топката ги прелета сите и дојде до офанзивниот Здравков кој пак ја врати пред голот на штипјани. Во мешаницата најснаодлив беше Велинов кој со удар од шест метри ја „закова“ топката под пречката на Јамаковски. По постигнатиот гол гостите се подотворија што предизвика „жетварите“ да создадат неколку шанси за гол кои што поради непрецизност што поради добрите одбрани на Јамаковски останаа неискористени.

Конечниот резултат беше поставен на три минути пред последниот свиреж на судијата Илиев. Георгиев доби убава топка малку од лево, тргна кон голот на гостите и кога дојде на 7-8 метри оддалечен рутинирано биеше и по втор пат ја затресе мрежата на Астибо. Гостите единствената шанса ја имаа на петнаесетина минути пред крајот на средбата кога Кикиритков итро биеше преку себе но за малку беше непрецизен,

Добро е што домаќините победија, но најдобро за фудбалот е што грешките на несигурниот и на моменти очајниот судија Илија Илиев не влијаеја на конечниот резултат.



 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
ovoj natprevar se igrase u cetvrtokot, a deneska osogovo e sloboden
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ПОБЕДИЈА НО ГИ РАЗОЧАРАА ГЛЕДАЧИТЕ

2008-11-02
„ОСОГОВО“ - „ПЛАЧКОВИЦА“ 4:1 (1:0)

Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 150. Главен судија: Мите Јованов. Помошници: Зоран Саздовски и Никола Мишевски (сите од Штип). Стрелци: Н.Ѓорѓиев 41’ 48’ 50’ 86’ („Осогово“), Филиповски 63’ („Плачковица“). Жолти картони: Деспотов („Осогово“), С.Јанев, Таранинов („Плачковица“). Црвен картон: Крсте Крстев (тренер „Осогово“)
„ОСОГОВО“ – Лазаров, Данилов (Дамески, Гицов), Здравков, С.Манчовски, Цветанов, Коцев, Горгиев, Коцевски, Деспотов (Шуманов), Карафилов, Д. Манчовски.
„ПЛАЧОВИЦА“ – Коцевски (Андолиев), Иванов, Јашаров, Коцев, Таранинов, С. Јанев, Мијалов (Илиев), Филиповски, Арсов, Милентиевиќ (Цеков), В.Јанев.

Убавото и сончево време како и добрите резултати на „Осогово“ беа причина на денешната средба со „Плачовица“ од Радовиш да се соберат околу 150 гледачи што е вистинска реткост кога во игра се натпреварите од третата лига. „Жетварите“ победија но ги разочараа гледачите кои на половина час пред крајот на средбата почнаа да го напуштаат стадионот.

Кочанчани во првите 15 минути создадоа четири „зицери“ но играчите посебно индиспонираниот Деспотов како да се натпреваруваа кој поголем „зицер“ ќе нема да искористи. По серијата промашувања почна и нервозата да биде поприсутна па имаше неколку поостри стартови од дозволените. На ваквата игра доста кумуваше и мошне слабиот и несигурен главен судија кој како да сакаше да биде главната личност околу која ќе се врти се во деведесетте минути.

Во 40мин. пенал за домаќините. Ѓорѓиев изби сам од центарот и кога влезе во шеснаесетникот беше од зад грб соборен од Таранинов, за жал судијата не ги примени фудбалските правила па гостинскиот играч помина без црвен картон. Пеналот лошо го изведе Дамески, биеше ниско во десниот долен агол но младиот Коцевски со сигурна интервенција одбрани. Само една минута подоцна сепак 1:0 за „жетварите“. Ѓорѓиев избегна вешто една офсајд стапица, изби сам и рутинирано ја погоди мрежата. По ова гостите го нападнаа помошникот Саздовски барајќи офсајд кој на нивна жалост не постоеше. Имаше и влечење и малку обид за физичко пресметка но главниот судија Јованов не го заштити својот помошник па не додели ниту жолт картон иако требаше да покаже и црвен. Тогаш во теренот влета менаџерот на „Осогово“ Крстев барајќи некакво објаснување од судијата по што оправдано беше отстранет од клупата за резервни играчи на „Осогово“ бидејќи никој не го повика да биде таму каде што беше.

На полувремето страстите се смирија. По пет минути игра во вториот дел домаќините веќе водеа со 3:0 со двата погодока на Ѓорѓиев. По ова играта падна. Домашните напаѓачи како да не беа заинтересирани да напаѓаат па топката ја враќаа на својот голман дури и од 60 метри. Тоа го искористи гостинскиот играч Филиповски и намали на 3:1. Конечниот резултат го постави Ѓорѓиев на четири минути пред последниот свиреж на слабиот и несигурен судија Мите Јованов од Штип.

Се на се сигурна победа на „Осогово“ но со играта во вториот дел домашните играчи допринесоа гледачите да се изнервираат и да почнат предвреме да го напуштаат стадионот.
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Pozdrav do mojot skolski drugar od asuc nikolce gorgiev vtor od desno na gornata ekipna slika. OD POPAC.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
НИШТО НОВО КОГА ИГРА ОСОГОВО

2008-11-16
Се чини дека по ова дванаесетто коло многу работи се појасни кога е во прашање годинешниот шампионат во Третата лига Исток. „Осогово„ по традиција иако гостуваше победи во Таринци.

„Жетварите“ со головите на Н. Ѓеоргиев, Коцев и Шуманов на гостувањето во Таринци со „Мак Месо“ победија со 3:1 (0:0) и се зацврстија на првата позиција со осум бодови предност пред најголемите конкуренти. Во ова многу им „помогна“ екипата на Карбинци која на домашен терен иако губеше со 0:2 од екипата на „Брегалница“ сепак на крајот славеше со 3:2.

Сега на кочанчани им претстои уште едно тешко гостување во четиринаесеттото коло во Пробиштип по што се чини дека многу нешта ќе бидат појасни.

Како и да е натпреварите за првото место во Третата лига Исток се интересни и неизвесни исто како што е неизвесна и одлуката на луѓето од ФФМ дали од идната година ќе има три Регионални лиги или пак шампионите во лигите ќе играат повторно квалификации за пополнување на втората лига.

На ова прашање се чини дека е крајно време да се даде одговор. Господинот секретар на ФФМ најдобро е да работи на овие проблеми отколку да се шета по Европа па потоа на состаноците наместо да расправа за реорганизацијата на лигите, да евоцира спомени каде бил и како си поминал.

Со навременото решавање на овој од страната на ФФМ настанат проблем нештата ќе бидат појасни.
 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
А ИСКОПАА ШАМПИОНСКАТА ТИТУЛА

2008-11-23
„РУДАР“ – „ОСОГОВО“ 1:4 (0:2)
Пробиштип. Градски стадион. Гледачи: 200. Главен судија: Илија Илиев. Помошници: Трајче Ефтимов и Горги Христов (сите од Струмица). Стрелци: Милев 65’(пенал) („Рудар“), Велинов 13’ 30’, Ѓорѓиев 79’ 85’ („Осогово“). Жолти картони: Спасовски, Милев („Рудар“), С. Манчовски, Цветанов, Коцевски, Велинов („Осогово“).
„РУДАР“ – Митковски, Касарски (Милев), Атанасов, Драганов (Василевски), Петковски, Монев, Цеков, Насевски, Лазаревски, Спасовски, Донев (Кузев).
„ОСОГОВО“ – Данев, Данилов, Дамески, С.Манчовски (Здравков), Цветанов, Велинов, Шуманов, Коцев, Ѓорѓиев, Коцевски (Митев), Карафилов (Д.Манчовски).

За дерби на сезоната како што беше прогласено овој натпревар потребни се две екипи. За жал на натпреварот во Пробиштип играше само една екипа, екипата на „Осогово“. Со победата во Пробиштип се чини дека „жетварите“ на една и пол сезона до крајот на првенството ја освоија и годинешната шампионска титула.

Осогово пред пробиштипската публика се претстави во мошне убаво светло. Играчите на менаџерот на екипата, Крсте Крстев од првиот свиреж на судијата Илиев им ставија на знаење на сите присутни дека во Пробиштип се дојдени по трите бода и визирање на шампионската титула. Играа мудро и преди се ефикасно.

По половина час од играта „жетварите“ со головите на Веселинов веќе имаа убедлива предност од 2:0, која ако ги искористеа сите шанси можеше да биде и поголема. Домаќините во 65 минута по престрого досудениот пенал намалија на гол недостаток но тоа беше се што направија на овој натпревар. До крајот на средбата Осогово со двата гола на голгетерот Николчо Ѓорѓиев си ја обезбеди победата а со тоа се чини и првото место во конечниот пласман.

Осогово сега пред најголемите конкуренти има предност од двоцифрен број на бодови што е гаранција дека од идната година ќе настапува во новоформираната Регионална лига.
 
Член од
30 јуни 2007
Мислења
1.775
Поени од реакции
23
spored mene osogovo uste od sega moze da se sprema za barazot zos ima 13 poeni prednost pred vtoriot na tabelata.
 

Fcu

Член од
10 август 2007
Мислења
585
Поени од реакции
2
Ajde neka se vratat zasto navistina kocani zasluzuva da ima vtoroligas,no da ne gi zaboravime i veles i kavadarci koj znae sto se sluci so borec i tikves.
 

ANTIPATER

of Macedon
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.181
Поени од реакции
44
Осогово беше за нијанса подобра екипа ништо повеќе.
Судиите направија огромни и катастрофални и сомнителни грешки.
Првото полувреме нашите(Рудар) играа многу сомнително и млитаво.
Мој впечаток е дека целиот натпревар беше многу сомнителен.....

Багабонти и покрај се го бодреа Рудар....


 

Архивист

Ултрас
Член од
10 мај 2007
Мислења
2.926
Поени од реакции
608
ВИНИЧАНИ СО ИМЕ АМА БЕЗ ПРЕЗИМЕ

2008-11-30
„ОСОГОВО“ - „СЛОГА ФИЛИП II“ 9:0 (4:0)
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи – 100. Главен судија: Методи Јорданов. Помошници: Симеончо Митев и Сашко Ангелов (сите од Кочани). Стрелци: Велинов 11’ 20’, Ѓорѓиев 21’ 60’ 74’ 80’, Карафилов 29’, Коцев 54’ и Анѓелов 86’. Жолт картон: Михајлов (Слога Филип II).

„ОСОГОВО“ – Лазаров, Данилов (Јаневски), Здравков, Митев, Велинов (Вл. Коцев), Шуманов, Ѓорѓиев, Коцевски (Анѓелов), Карафилов, Д. Манчовски, Гицов.
„СЛОГА ФИЛИП II“ – Довичински, Алексов, Михајлов, Трајков, Илиев, Димитров, Костадинов, Стоименовски, Коцев, Петров, Лазаров.

По сончево и мошне пријатно време за игра, лидерот на табелата „Осогово“ ја прегази неискусната и подмладена екипа од Виница. Уште од првиот свиреж на мошне сигурниот и авторитетен судија Јорданов и на неговите помошници беше јасно кој е победникот само прашањето беше на конечниот резултат. Домаќините предводени од голгетерот на лигата Николчо Ѓорѓиев кој беше четирикратен стрелец, постигнаа девет голови а ако постигнеа и уште двапати по толку ќе беше заслужено.

Резултатот беше откриен уште во 11-тата минута кога Велинов изби сам, го мина и гостинскиот голман и со топката влезе во мрежата. По ова колата на виничани тргна надолу. Секоја минута имаше шанса за домаќините и беше во некои моменти поголемо мајсторство да се промаши, одошто да се постигне погодок.

Гостите единствениот удар кон голот на „жетварите“ го упатија во финишот на средбата но незагреаниот Лазаров со една акробатска интервенција ја исфрли топката во корнер и им го скрати задоволството на виничани за почесен погодок.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom