ОСОГОВО - ЈАКА 3:0 (3:0)
2008-04-26
Кочани. Стадион: „Никола Мантов“. Гледачи: 100. Главен судија: Илија Илиев. Помошници: Васко Мавров и Верица Танчева. Стрелци: Наков во 9м. (пенал), Б.Ѓеорѓиев во 21м. и Велинов во 36м. (Осогово). Жолти картони: Велинов (Осогово), Ристов и Тодоров (Јака).
„ОСОГОВО“- Трајков, Данилов, Дамески, Темелков, Манчовски, Наков (Цветанов), Велинов, Коцевски (П.Георгиевски), Н.Ѓорѓиев, Карафилов, Б.Ѓеорѓиев (Митев).
“ЈАКА“- Иванов, Јашаров, Панев (С.Јанев), Коцев(Мијалов), Ристов, Таранинов, Арсов, Петров, Зајков (Илиев), В.Јанев, Тодоров.
Осоговци спроти големиот христијански празник „Велигден“ ја прикажаа својата најдобра игра во пролетниот дел од сезоната, кога се во прашање настапите во Кочани. Особено „жетварите“ одлично ги одиграа првите 45 минути кога и ги постигнаа сите голови.
Натпреварот започна со напади во бранови од страна на домаќините и прашање беше кога ќе се затресе мрежата на Иванов. По неколкуте пропуштени поволни прилики за гол, Осогово поведе во 18 мин. по оправдано досудениот пенал. Голгетерот Наков биеше по средината на голот и домаќините поведоа.
Гостите се подотворија што беше голема грешка. На 2:0 „жолтите“ поведоа во 21 мин. Б.Ѓеорѓиев беше проигран во празно, гостинскиот голман излезе далеку од својот гол а Б. Ѓеорѓиев од преку дваесет метри откосо го лобуваше и нова радост меѓу присутните на стадионот.
Конечниот резултат беше поставен на девет минути пред крајот на полувремето. Наков одлично се проби по десната страна испрати повратна топка ниско по земјата на која натрча Велинов и ја упати во празниот гол.
Во второто полувреме домаќините како да се штедеа, имаа шанси за гол но не реализираа ниту една. За одбележување во овој дел од играта е „бомбата“ на Темелков од триесетина метри која за жал заврши во горниот дел од пречката и отиде во гол-аут.