Мекејлеб е желба на Грег Попович
Натурализираниот Македонец наводно е една од главните желби на тренерот на Сан Антонио, кој сака да го види Лестер Бо Мекејлеб во тимот на Спарси за следната сезона. Она што е познато е дека Лестер Бо Мекејлеб ова лето сигурно ќе си замине од тимот на Монтепаски Сиена, со кој последниве две години ја освојуваше шампионската титула во Италија.
Финансиските проблеми во кои западна клубот од Сиена ги примораа првите луѓе да направат промена на тренерската позиција, но и да останат без своите најдобри и најплатени играчи. Еден од нив е и нашиот репрезентативец, на кого Италијанците се надеваат дека ќе успеат добро да заработат.
Она што се уште е голема непознаница е тоа каде ќе ја продолжи својата кариера Мекејлеб, кој е желба на неколку европски клубови, како Реал Мадрид, Барселона, Уникс Казан и Фенербахче Улкер, но и кој наводно прво ќе чека до него да дојде некоја понуда од НБА лигата.
Една од тие понуди е од тимот на Сан Антонио Спарс, каде тренерот Грег Попович во Мекејлеб гледа одлична алтернатива за Тони Паркер. Како што јави порталот Sportando, проблем за тимот од Тексас е сумата која Сиена ја бара на име отштета за својот најдобар играч, а со тоа и клаузулата која тој ја има во договорот со Италијанците, која му забранува летово да го откупи тим од НБА лигата.
Според актуелниот договор кој нашиот репрезентативец го има со Монтепаски тој има опција да замине во НБА со отштета платена само од својот џеб, што значи дека Бо ќе мора да се жртвува финасиски доколку сака навистина да си ја исполни желбата и да заигра во најсилната светска лига.
Со Среќа Мекејлеб ..па да те видиме во Сан Антонио