Годинава го освојуваме и 5-от прстен за Тими па што сака нека биде. За разлика од лани значително сме поквалитетни. Белинели и е сташно засилување. За разлика од Нил кој се карактеризираше само со одличен шут, Белинели е комплетен играч: знае да направи и влез, да втрча, повисок е и посилен од Нил, игра подобра одбрана, а и меѓу најдобрите тројкаши во лигата. Кваи е посигурен во напад и според Поп, единствениот играч кој има какви такви шанси да им попречи на Дурант и Леброн во напад. Милс е значително посигурен како замена за Тони, сезонава нема нерезонски шутеви и помалку изгубени топки. А според некои си компјутерски мерења, бил најбрз играч во лигата. Ману е небо и земја во споредба со минатата сезона кога изигра само 2 натпревари во цел плејоф како што треба. Сега и самиот изјави дека се чувствува многу посилен и посигурен во себе. А вчера растури и дечкото што го добивме во трампата на Нандо. Деј вчера имаше совршена вечер со 22 поени, од кои 6 тројки, одлично се движеше, нема да биде изненадување ако му го земи местото на Бонер, па и на Ерс.
За поважните играчи нема што многу ново да се каже. Тони си гази, Тими исто. Кваи, Ману и Диао (кој освен тројките сезонава покажува повеќе во напад) се подобри од лани. Сплитер и Грин се стандардни.
Единствено што загрижува е тоа што против појаките екипи се изгубија многу натпревари, ама сигурен сум дека Поп ќе ги среди до плејофот. Од главните конкуренти, Оклахома игра релативно променливо, страшно ги погоди отсуството на Вестбрук (неговото отсуство веројатно беше клучно во ланското финале), но од друга страна добија супер играч во Реџи Џексон. Мајами се послаби од било кога, И уште евентуално Клиперси можат да создадат некој проблем, се друго мачкаме!