Фан клуб: Сан Антонио Спарс

  • Креатор на темата ANTON
  • Време на започнување

Figaro

la vita e bella
Член од
2 март 2009
Мислења
648
Поени од реакции
410
Брејкот е направен, колку само е убедлив тимот,секоја чест, идеме на 4-0 или ќе им пуштат една да се порадуваат малце Грифин и компанија :pos:
 
Член од
18 ноември 2010
Мислења
885
Поени од реакции
408
До сега одлично изиграно се надевам дека и во финалето ке изиграат вака туку што праиме Паркер кога ке си замине следната сезона?;)
 
D-r-ot

од поликлиника
Член од
8 јануари 2009
Мислења
3.360
Поени од реакции
941
И колку сме си вака се на се? :)
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
До сега одлично изиграно се надевам дека и во финалето ке изиграат вака туку што праиме Паркер кога ке си замине следната сезона?;)
ќе се отвори голем простор во селари капот за ново големо име ако не сака паркер да продолжи........секоја година идат нови јаки деца во нба-та не вреди човек да се замара со тоа ако имаш голема луфта во селари капот
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
San Antonio-Oklahoma 103:108..Oklahoma vodi 3:2..:)
 
The Dude

Лајно
Член од
25 мај 2009
Мислења
502
Поени од реакции
321
Завршија, а? Епа како што е ред, да направиме една рекапитулација на сезонава. Само пред тоа, честитки до Леброн и компанија, си заслужија нема што. Дуранд и Хардем им изиграа послабо од очекуваното на Тандерси. Сите супер тешки шутеви кои ги погодуваше Дуранд против нас, сега не сакаа да влезат. Ги стигна заморот, Мајами изгледаа каде-каде посвежо.

Он: Според мене, во регуларниот дел имаше три моменти и еден во плејофот, кои ја одбележаа сезоната.

1. ТиЏеј Форд! Го имавме најбрзиот играч во лигата... и не само тоа дечкото за Грин е Тони Паркер! Голема штета што така добар играч мораше предвреме да ја завршува кариерата. Мислам дека имавме совршена измена за Паркер, но тоа е. Се надевам дека ќе го изделкаат Милс, инаку ќе мора да се бара нов плеј.

2. Трампите. а) Кога го дадоја Хил, се чудев дали е можно да се толку глупи. Па уште кога видов како играше Кваи на почетокот од сезоната, скроз се разочарав. Се сеќавам дека не еден другар му велев дека овој не може да избори место во македонска репрезентација, ама со текот на сезоната работите се менуваа, од најголемо дрво, за само неколку месеци Кваи се претвори во Брус Боувен. б) Фала богу што се ослободивме од Џеферсон, земаше поголема плата од Ману, имаше голема минутажа но ништо не покажуваше на терен. Captain Jack ми стана инстант фејворит. Мислам дека самот тој, Руни и Гатузо играат со таков жар. Голема маана му се години, 34, сепак, далеку подобра опција од Џеферсон.
3. Повредата на Ману. Од тука почнаа многу работи. Грин доби шанса како стартер и се покажа како одлична опција и што е уште поважно тоа го претвори Ману повторно во 6-ти играч. Кога Паркер и Тими се на клупа мора да има некој кој ќе ги води резервите, а никој не знае да го прави тоа подобро од Ману. Плус кога е најтешко во 4-та четвртина никогаш не бега од топката. Легенда.

Плеј-оф
1. Шутот. Цела сезона супер и дојде Оклахома... Прво, Дени Грин, никако не можеше да погоди отворен шут од ќош (а цела сезона ги кинеше мрежичките од таа позиција), изгуби самодоверба и мораше да седни на клупа. Како со играч помалку да игравме. Тоа го врати Ману како стартер, но после немаше ниту кој да ги води резервите, ни имавме солидна замена од клупа. Гери Нил:facepalm:. Не ми е јасно. Се мачеше да погоди од отворени шутеви, а си фрлаше од некои неверојатни. Спарси можат подобро на таа позиција. Тоа дрвото да не го видам.

Идната сезона... На големо се шпекулира дека наредната сезона ќе биде последна за Данкан. Веќе ги има 36, а и почнува да се осеќа дека му тежат. Се надевам дека ќе го испратиме со уште еден прстен. Паркер е најдобриот плеј во лигата, го имаме Ману, сега и Ленард и Диао. Да се среди Грин и да се направи нешто околу резервниот плеј и идната сезона сме фаворити
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Францускиот кошаркар Де Коло нов член на Сан Антонио Спарс. Тој потпиша двегодишен договор.
 
Член од
20 јули 2012
Мислења
242
Поени од реакции
364
Мекејлеб е желба на Грег Попович

Натурализираниот Македонец наводно е една од главните желби на тренерот на Сан Антонио, кој сака да го види Лестер Бо Мекејлеб во тимот на Спарси за следната сезона. Она што е познато е дека Лестер Бо Мекејлеб ова лето сигурно ќе си замине од тимот на Монтепаски Сиена, со кој последниве две години ја освојуваше шампионската титула во Италија.

Финансиските проблеми во кои западна клубот од Сиена ги примораа првите луѓе да направат промена на тренерската позиција, но и да останат без своите најдобри и најплатени играчи. Еден од нив е и нашиот репрезентативец, на кого Италијанците се надеваат дека ќе успеат добро да заработат.

Она што се уште е голема непознаница е тоа каде ќе ја продолжи својата кариера Мекејлеб, кој е желба на неколку европски клубови, како Реал Мадрид, Барселона, Уникс Казан и Фенербахче Улкер, но и кој наводно прво ќе чека до него да дојде некоја понуда од НБА лигата.

Една од тие понуди е од тимот на Сан Антонио Спарс, каде тренерот Грег Попович во Мекејлеб гледа одлична алтернатива за Тони Паркер. Како што јави порталот Sportando, проблем за тимот од Тексас е сумата која Сиена ја бара на име отштета за својот најдобар играч, а со тоа и клаузулата која тој ја има во договорот со Италијанците, која му забранува летово да го откупи тим од НБА лигата.

Според актуелниот договор кој нашиот репрезентативец го има со Монтепаски тој има опција да замине во НБА со отштета платена само од својот џеб, што значи дека Бо ќе мора да се жртвува финасиски доколку сака навистина да си ја исполни желбата и да заигра во најсилната светска лига.

Со Среќа Мекејлеб ..па да те видиме во Сан Антонио :D
 
Nino Manchester

Oŋce α RED, αlwαys α RED
Член од
4 јуни 2009
Мислења
14.536
Поени од реакции
17.951

Каков сан антонио бе нека си седи у европа,со тиа даноци таму скоро исто ќе заработува,а и ако замине лошо ќе биде за нас.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Сан Антонио - Торонто вечер. Мора да одиме на победа. Come On :icon_mrgr:
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Први на запад и недостижливи. Вечерва играме со Сакраменто од 4 часот. Come On Spurs :love:
 
Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Нешто нема многу муабет за Спарси а растураат дури и кога играа без 3те ол-стар играчи. Имаат на крајот на сезона тешки натпревари ама сега за сега одлично им оди на Родео Роуд Трип. Имаат релативно тешка утакмица на гости со Клиперси сега ама нема да биде чудо и да тепаат.
 
Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Клиперси - Содробени
Следни на листата се Голден Стејт или како и да беа, вечерва од 04:30.
Со Клиперси ја испуштив утакмицата, но вечерва т.е утре најверојатно нема. :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom