Фан клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
колку и да ти е ироничен или не знам што постот, многу мислат исто баш на тоа шо го реплицирав..
Епа пошто не разбираш ќе ти објаснам еднаш на тебе посебно...
Мои жлеби оваа сезона се Нејмар, Хулк, Фалкао, Сахин или Силва. Е сеа на тимот моментално му треба само дефанзивец во замена на Карваљо а поготово на Албиол, а тоа според мене е и би сакал да дојде Тиаго Силва. Сеа мислам дека ќе разбереш?!
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ова фаул ???? Ти фудбалов го глеаше или лисјата , роналдо луд е да го фаулура , овој го препречи извади од контрола и падна , несакајќи го поткачна со ГРБ маскерано но глумата си го прае своето рипа небаре го сокосил . . .
Најсмешно ми беше Ласс коа го чепна малце при крај а овој се преврте 33 пати како да му се скрши ногата и да беше пред умирање.:tapp:
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
Не го чепна постави нога за да ја блокира топката овој го погоди во карпоните и почна да скока :D
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Воопшто не сум во депресија како минатите години. Покажавме пристап како што и се очекуваше од Реал, не потклекнавме а бевме елиминирани.

Како прво, Барселона е подобар тим. Веќе долго време играат во овој состав, уиграни се, и што да се каже, најдобри се. НО, ние покажавме дека Барселона може и тоа како да се сопре. Со одлична дефанзивна игра. Овој двомеч беше решен уште во првиот натпревар кога една судиска одлука (намерна или ненамерна ме мрзи веќе да зборувам за тоа) го одлучи дуелот во целина. Беше тешко за очекување дека една екипа во својата прва година од повторното враќање на вистинскиот пат дека ќе добие уигран тим со повеќе од два гола разлика. Тешко и нереално.

Сеуште не може да им парираме на Барселона со офанзивна игра. СЕУШТЕ. Со дефанзивна можеме, но околнистите беа тие дека нешто било невозможно и од тука оваа елиминација. Меѓутоа одлично им се спротивставивме на Барселона, особено во второ полувреме, кога и пресингот беше подобар, додавањата точни, делувавме како вистински тим. Цената за таквата офанзивна игра беше она кобно додавање од Иниеста кон Педро. Да се браневме како што требаше, Иниеста никогаш не би имал толку простор, Педро никогаш не би улетал така, но повторувам тоа беше цената на офанзивната игра. Изненадувачкиот гол само го покажа нашиот овосезонски менталитет. Играчите не се изгубија, сите знаеа што треба да се направи. Победничкиот менталитет, менталитетот во Лигата на шампионите ни се врати. И тоа е она што нам треба да не радува оваа и сезоните кои ни претстојат.

На играчите сум горд. Па кога ги видев Адебајор и Роналдо како се врткат во дефанзива замалку ќе пукнев од смеа. :D Тоа се бара. Пожртвување за тимот и многу сум горд што сум навивач на Реал. Многу. Ласана одигра добар натпревар, погреши неколку пати, се заплетка и со тоа им отвори добра шанса на Барселона, но воодушеви во продолжение. Потсетува малку на Чаби во додавањето на топката. Чека да ги види сите можности, фина контрола на топката, одличен пас. Овој лав мора да остане во Реал уште долго. Потребен ни е за вакви натпревари. Да напоменам само дека и Албиол беше одличен, немам замерки. Марсело исто така. Што се однесува до Игуаин, тој отсекогаш бил килер, но тој сеуште не е за ова ниво, затоа што сеуште не е доволно спремен. Се осети тоа во неколкуте дуели во кој влезе.

На сите овие дуели против Барселона треба да им се радуваме. Затоа што докажавме дека можеме против нив, и нема веќе од што да се плашиме. HALA MADRID !
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
Ова фаул ???? Ти фудбалов го глеаше или лисјата , роналдо луд е да го фаулура , овој го препречи извади од контрола и падна , несакајќи го поткачна со ГРБ маскерано но глумата си го прае своето рипа небаре го сокосил . . .
дечкич очигледно си нов овдека... со тек на време ќе сфатиш шо зборам, дека тропам глупости, дека немам врска од фудбал, дека бекам,зидан и фиго ми се идоли(ради кои го засакав реал + заедно со 3 титули во 5 год.) и дека бензема го сакам највише на цел свет у пакет со албиол.
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
дечкич очигледно си нов овдека... со тек на време ќе сфатиш шо зборам, дека тропам глупости, дека немам врска од фудбал, дека бекам,зидан и фиго ми се идоли(ради кои го засакав реал + заедно со 3 титули во 5 год.) и дека бензема го сакам највише на цел свет у пакет со албиол.
За да не се збуниш Диме Мадридиста, Бати го мрази овој играч од дното на душата.:)
 

OziLLLL

MADRIDISTA
Член од
8 октомври 2008
Мислења
3.334
Поени од реакции
1.892
^^Сеа почнав да пишувам , онака само пратев , така ти пишав пошо немаше фаул (барем според мене и многумина други) но тоа е , не да те навредам или слично Кулиркај си
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490

2:30 "Фаулот" на Ди Мариа после кој се отвори чиста шанса за гол. Добро знам дека Игуаин ќе погодеше статива, али пак..
 

BATISTUTA 9

Fiorentina-Partizan-Real
Член од
17 мај 2008
Мислења
2.085
Поени од реакции
266
^^Сеа почнав да пишувам , онака само пратев , така ти пишав пошо немаше фаул (барем според мене и многумина други) но тоа е , не да те навредам или слично Кулиркај си
пак не ме сфати али нема врска :)

--- надополнето ---


2:30 "Фаулот" на Ди Мариа после кој се отвори чиста шанса за гол. Добро знам дека Игуаин ќе погодеше статива, али пак..
абе не заебавј ќе му ја скршеше раката кога замавна со тоа раченчето у воздух марика ди...
 

Шурикен

Hard Core !
Член од
8 ноември 2008
Мислења
6.559
Поени од реакции
4.072
Ја сум задоволен. Реков, купот наш, лига нивна, 1/2финале ЛШ сум презадоволен и реков тој што има повеке среќа( и наклонетост од судиите) нека победи. Суперкупот на шпанија е сеуште во игра, јас сум презадоволен од оваа сезона. Доколку би ми дале да го бирам ова што го достигнавме сезонава пред да почне истата, би се задоволил. Хала Мадрид деноиве повеке околу сезонава :)
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Karanka: Mourinho им честита на нашите играчи за натпреварот, и како и секој мадридиста е навреден. Ссо тоа што го видовме на Bernabéu веќе се знаеше се. Mourinho уште еднаш беше во право. Рече дека е невозможно и така беше.
Имавме 42 минути пред нас и поништен гол. Тоа е доволно за да промени се. Сите велат дека тоа е легален гол.
Со Mourinho зборувавме пред натпреварот и знаевме што треба да правиме.
Денес завршивме 11 против 11. После 4 ‘ел класико‘ дуели, имаме 2 нерешени, една победа и еден пораз. Да не се случеше тоа што се случи, и да дојдевме со Рере и Ramos се ќе беше поинаку.
Имаме уште натпревари до крајот на сезоната и се додека не заврши се нема да се правиме анализи. Екипата покажа дека е автентична, дека знае да се соочи и со тешки моменти. Фановите денес повторно видоа каква екипа имаме. Знаеме да го покажеме нашето лице.

Casillas: Се враќаме со високо крената глава. На крај се сеќаваш на првиот натпревар, тој натпревар да завршеше 0-0, со денешните 1-1 ќе бевме финалисти. Но кога играме 11 против 11 нема никакви комплекси. Никој не сака да биде елиминиран на ваков начин. Секој игра на свој начин, но не е нормално да имаш толку многу помош. Голот на Higuaín беше легален??? Уште еднаш, како и секогаш. Нема да се жалам повеќе, нема да кажам ништо, ќе го искористат против нас. Се се виде. Сите видоа. Го браневме нашиот грб и се враќаме дома мирни, со високо крената глава.

Cristiano: Насловот на оваа елиминација е ‘Невозможна мисија 4‘. Се навикнавме да живееме со ова. На Bernabéu ни ги скратија сите шанси да бидеме финалисти, овде само продолжија да го прават истото. Многи ситуации се, не сакам да верувам дека постои ‘црна рака‘, но тешко е да не поверуваш во тоа. Barcelona е голема екипа, но овде има нешто во позадина. Ова мора да се промени, ако не тогаш да си останеме дома и нека си игра Barcelona сама. Mascherano добро ги научил триковите на Barcelona, кога играше во Liverpool не се фрлаше на терен никогаш.

Alonso: Не сакам многу да зборувам. Кога ќе ги видиш двата натпревари сфаќаш дека судијата беше најважниот човек. Не остави со 10 играчи. Доаѓаш на Camp Nou со негатива 2-0, даваш гол и ти го поништуваат. Тоа фрустрира и разочаран сум од таквите одлуки. На натпревар 11 против 11 Barcelona и Real Madrid се урамнотежени. Треба да гледаме во иднината, иако не сме задоволни од одлуките на овие натпревари. Го игравме натпреварот кој Mourinho сакаше да го играме. Први дадовме гол, но не се поместија бројките на семафорот. Потоа они дадоа гол и се боревме. Не може за ништо да ни се замери. Barcelona е во финалето и има право да го игра.

преземено од: Kolku fanovi ima Real Madrid vo Makedonija.
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Зашто Жозе воопшто не допатувал за Барселона ??
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom