Воопшто не сум во депресија како минатите години. Покажавме пристап како што и се очекуваше од Реал, не потклекнавме а бевме елиминирани.
Како прво, Барселона е подобар тим. Веќе долго време играат во овој состав, уиграни се, и што да се каже, најдобри се. НО, ние покажавме дека Барселона може и тоа како да се сопре. Со одлична дефанзивна игра. Овој двомеч беше решен уште во првиот натпревар кога една судиска одлука (намерна или ненамерна ме мрзи веќе да зборувам за тоа) го одлучи дуелот во целина. Беше тешко за очекување дека една екипа во својата прва година од повторното враќање на вистинскиот пат дека ќе добие уигран тим со повеќе од два гола разлика. Тешко и нереално.
Сеуште не може да им парираме на Барселона со офанзивна игра. СЕУШТЕ. Со дефанзивна можеме, но околнистите беа тие дека нешто било невозможно и од тука оваа елиминација. Меѓутоа одлично им се спротивставивме на Барселона, особено во второ полувреме, кога и пресингот беше подобар, додавањата точни, делувавме како вистински тим. Цената за таквата офанзивна игра беше она кобно додавање од Иниеста кон Педро. Да се браневме како што требаше, Иниеста никогаш не би имал толку простор, Педро никогаш не би улетал така, но повторувам тоа беше цената на офанзивната игра. Изненадувачкиот гол само го покажа нашиот овосезонски менталитет. Играчите не се изгубија, сите знаеа што треба да се направи. Победничкиот менталитет, менталитетот во Лигата на шампионите ни се врати. И тоа е она што нам треба да не радува оваа и сезоните кои ни претстојат.
На играчите сум горд. Па кога ги видев Адебајор и Роналдо како се врткат во дефанзива замалку ќе пукнев од смеа.
Тоа се бара. Пожртвување за тимот и многу сум горд што сум навивач на Реал. Многу. Ласана одигра добар натпревар, погреши неколку пати, се заплетка и со тоа им отвори добра шанса на Барселона, но воодушеви во продолжение. Потсетува малку на Чаби во додавањето на топката. Чека да ги види сите можности, фина контрола на топката, одличен пас. Овој лав мора да остане во Реал уште долго. Потребен ни е за вакви натпревари. Да напоменам само дека и Албиол беше одличен, немам замерки. Марсело исто така. Што се однесува до Игуаин, тој отсекогаш бил килер, но тој сеуште не е за ова ниво, затоа што сеуште не е доволно спремен. Се осети тоа во неколкуте дуели во кој влезе.
На сите овие дуели против Барселона треба да им се радуваме. Затоа што докажавме дека можеме против нив, и нема веќе од што да се плашиме. HALA MADRID !