Кратко сумирање на сезоната.
Почнавме јако. Дечките покажаа многу добра игра на почетокот од сезоната се до тоа класико кај беа поразени 5-0. Мурињо испроба тактика со висока одбрана што му се врати на најлош начин. Таквата одбрана беше тоа што го сакаа каталонците. Секогаш на работ од офсајд како предатори чекаа Виља и Педро и на моменти се додаваше Меси. Ги убија нашите во секој поим. Не видов некој мотив кај нашите да сторат нешто повеќе...барем да постигнат гол за чесен пораз. Роналдо беше крајно исфрустиран. Мислев дека тука е крајот на сезоната иако уште непочната...имав лошо чуство дека моралот ќе падне на најниско ниво и дека дечките ќе се предадат. Ме убедија во спротивното ...она што Реал го прави голем клуб...борба до последната минута. Тоа и го сторија не се предадоа во лигата имаа добра серија со по некој кикс кај најслабите екипи што се борат за опстанок. Но што е тука веќе трета сезона Реал се натпреварува со најдобрата екипа на Барса во последните 100 години. Имено и не така лошо се држи нашиот омилен тим секогаш е еден чекор позади таквата Барселона. Во нормални услови Реал би бил првак на Шпанија но што е тука е.
Во Лш немам замерки. Ги одиграа шампионски сите утакмици. Го поминаа тоа проклето осминафинале. Стигнаа до полуфинале без примен гол на домашен терен со највеќе постигнати голови. Катанаџо тимот на Мурињо. Немам замерки за поразот против Барселона.
Во купот не е тоа што беше во последните 7-8 години да го напуштаат уште во најраната фаза на елиминации. Го освоија во голем стил по пат елиминирајки ги најјаките шпански екипи за да во финалето извојуваат херојска победа против најлутиот ривал и најдобриот тим моментално на планетава. Сите одиграа во своите можности посебно ќе ја истакнам одбраната на чело со капитенот Икер,Роналдо,Ди марија и Кедира. Мурињо покажа дека овој Реал не е оној што загуби од Барселона 5-0 и дека 11вс11 Барса и не е така семоќна. Можеби не игравме некој атрактивен фудбал за око но кој може да не замери кога исходот е титула против најлутиот ривал. Еј па на крај целта ги оправдува средствата. Не ја украдовме
Засилувањата:
Мурињо феномен. Најдобар тренер на исто место би ги ставил со Ферги. Иако го мразам Ферги истовремено го респектирам како тренер. Стариот е звер. Дај му тим на Мур и тој ќе освои титула со него. Патем и за тоа го доведоа. Титула-тренер. Да сакаа убав фудбал навивачите на Реал ќе го бараа Рајкард, да останеше Пелегрини....но доста е веќе да не се залажуваме титулите не прават посреќни од пар додавања пред голот на противникот или пред нашиот гол. Па со исклучок на утакмиците со Барса Реал го надигра секој противник дали тоа беше во Лш,Лигата или купот.
Ди Марија. Детето со две леви ноги според мене најдоброто засилување ова сезона. Одлични асистенции,голови,дриблинзи. Душата ја остави трчајки напред во напад и позади да покрие дупки оставени од Рамос и Марсело. Бев скептик за него и му јадев гомна на Вамос Реал но сега се извинувам пошто немам веќе аргументи за такво нешто.
Озил. Второто најдобро засилување во летниот преоден рок. Детето како почна помислив дека ќе ја добие златната топка оваа сезона. Почна секоја утакмица да ги собира овациите на Бернабе. За жал играше во за нијанса послаба лига од шпанската плус немаше куп и лш за него. Така да малиот мн се заморуваше знаејќи дека Мур го играше скоро секоја утакмица. На одредени утакмици Ози делуваше како изгубен дури имаше и периоди кога не го фаќаше камерата. Се на се одлична сезона за него.
Кедира. Кога го купија реков хелоу кој е овој. Каков играч е ...имаме на негова позиција еден куп. Почна просечно. Не му замерувам нова лига нов јазик и се то. Му требаше време да се навикне. Во 2те ел класика што ги изигра овој месец несомнено покажа дека има потенцијал и дека заслужува да го носи дресот на Реал. Една замерка од него...ебате професионалниот фудбалер што незнае да даде гол сам пред гол
Карваљо. Зверка. Најдобриот централен бек по Иеро. Одамна сме немале таква сигурност во одбраната. Добар потег од страна на Мур. Сакам да остане и наредната сезона. Многу ќе ни значи неговото искуство во новиот поход по трите титули.
Каналес. Детето има потенцијал но дефинитивно треба да оди на позајмица. Со евентуално заминување на Кака летово се отвара простор за него. Така да оставам да видиме каква ќе биде ситуацијата со трансферите сезона па тек тогаш за збориме за него.
Педро Леон. Ел Мотиво даде еден гол во Лш еден во купот и тоа беше се од него. Го критикуваше Мур и си го доби. Цела сезона ни на клупа не седеше. Сакам да остане како замена за недај боже е добар. Плус несакам да се намали мотивот во тимот
Адебајор: Фала за головите против Тотенхем. И без тебе ќе го тепавме. Слободно можеш да се вратиш од кај што дојде. Во Класиката ништо не видов од него освен што маваше ќотек.
Хала Мадрид. Proud to bi Madridista!