Фан клуб: Работнички

Член од
16 март 2008
Мислења
45
Поени од реакции
0
a sto e rabotata vo rabotnicki fersped ? da ne se rastura
 
Z

ziko bt

Гостин
КОШАРКАРСКИОТ ШАМПИОН НОВА ЖРТВА НА ОДЛУКАТА НА ВАНЧО КАРГОВ

Работнички останува без Фершпед

Образложението за превземањето на ваквиот чекор е сличен како и за откажувањето од музичкиот фестивал "Макфест", каде Фершпед беше единствениот спонзор : во време кога 400 луѓе остануваат без работа нема пари за спорт.

Ден за славење нема. Фершпед Работнички ја освои својата 14 титула, но по ноќта прославување суровата непринципиелна секојдневица брзо ќе го отрезни. Најуспешниот кошаркарски колектив во Македонија на сите времиња или баскет иконата или местото од каде почнува или завршува најзначајното во македонската кошарка, останува без долгогодишниот спонзор. АД Фершпед, откако со одлука на царинската управа остана без лиценца за работа, најавува откажување и на спознорирањето во спортот.
"Вест" дознава дека конечната одлука за ваквиот чекор во досега нашата најголема шпедитерска фирма се уште не е донесена, но прашање на време е кога таа ќе биде обелоденета официјално. Образложението за превземањето на ваквиот чекор е сличен како и за откажувањето на музичкиот фестивал "Макфест", каде Фершпед беше единствениот спонзор : во време кога 400 луѓе остануваат без работа нема пари за спорт.
Фершпед инаку во улога на спонзор на кошаркарите на Работнички е долга низа години. И во времето на ексју периодот, кога како генерален спонзор се јавуваше скопската Кожара, Фершпед беше присутен во клубот, за потоа, кога кожарскиот гигант згасна целосно да го преземе спонзорирањето и раководењето на, за наши услови, мега баскет клубот.
Историјата ќе забележи дека само три клуба по осамостојувањето на Македонија успеале да ја украдат титулата државен првак од Работнички. Во колекцијата пехари стојат и шест како освојувач на купот на Македонија.
- Ние како кошаркарска организација сме многу погодени. Амак веќе се откажа, сега најава за Фершпед Работнички, најава која има своја специфична тежина бидејќи се работи за нашиот најтрофеен клуб. Како Федерација , во услови на глобална криза, ние побаравме некои мерки од власта за ублажување на кризата, кои ако не се усвојат тешко му се пишува на спортот. Но, некој друг ги држи работите в раце и тие не зависат од нас, кусо прокоментира, екс претседателот на Фершпед Работнички и актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, Даниел Димевски.
Фершпед Работнички успешно ја претставуваше македонската кошарка на меѓународната сцена. На прсти можат да се набројат репрезентативците кои не потекнале или поминале барем сезона во нашиот најтрофеен тим, а најпознатите тренерски имиња од државата ни својата кариера ја почнале или работеле во Фершпед Работнички. И сегашниот, најуспешен тренер во Македонија по титули, Марин Докузовски првите тренерски чекори ги имаше токму во салата во Градскиот парк.

Јебига наголемо почна да пропаѓа кошарката во Македонија и се виде колку се игра епизодна улога во нашата кошарка
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Очекувано беше дека ќе го напушти Работнички, за жал.Најискрено му благодарам поради тоа што веќе 20 години инвестира во клубот од кои последниве 10-тина како главен спонзор.

Се надевам клубот ќе биде во добри раце и следната сезона бидејќи име како Работнички заслужува повеќе и од ова што го имаме сега.
 

Golden Lords

ЦРВЕНО-БЕЛО Е СКОПЈЕ ЦЕЛО
Член од
11 март 2009
Мислења
279
Поени од реакции
5
Site ocekuvavme da go napusti no seuste ne go napustil i nisto ne e sigurno,kolku sto bi se raduval tolku i bi taguval sepak dolgo vreme vlozuvase vo klubot...Ako zamine jebiga se nadevame na podobar spoznor sepak se raboti za najtrofejniot klub vo Makedonija......
 
Член од
16 јули 2007
Мислења
12.498
Поени од реакции
4.072
Ако Работнички згасне , ќе згасне и македонската кошарка.
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Не згаснува Работнички бе што ви е на вас.....згаснува фершпед!!! Што сте се уплашиле толку јас незнам...чекајте сеа ке има тендер нешто ау ви гарантирам дека следната година со друго име пред Работнички ке бидеме многу подобри :smir:
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.723
Поени од реакции
3.095
RABOTNICKI ZNAJ SO TE SME SE DO KRAJ, DO KRAJ!!! NE MI SE VERUVA DA ZGASNE RABOTNICKI SEPAK SITE ZNAEME KOJ E I STO E,OCEKUVAM STABILEN SPONZOR POVTORNO DA GO PREZEME RABOTNICKI SO MN POVEKE ANGAZIRANOST I LJUBOV KON KOSARKATA ZA POGOLEMI USPESI
 

the Consigliere

не читам дугачки постови
Член од
17 јуни 2007
Мислења
5.595
Поени од реакции
263
Не сме слепи, пишувај со нормални букви !!!
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Bojan Trajkovski MESTO DA SLAVIME NIE TAZIME CEL DEN,SE RAZDELUVAS SO LICNOSTI STO GI SAKAS,KLUBOT ZAMINA U ISTORIJA,SE POREMETUVAAT SITE PLANOVI...SE EZAM CEL DEN I SOLZI MI TECAT...:((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((

Ова е од фејсбукот на Бојан Трајковски... може некој нешто повеќе?
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.723
Поени од реакции
3.095
seuste ne se znae niso so trajkovski komsija sum i seuste niso ne se znae
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Bojan Trajkovski MESTO DA SLAVIME NIE TAZIME CEL DEN,SE RAZDELUVAS SO LICNOSTI STO GI SAKAS,KLUBOT ZAMINA U ISTORIJA,SE POREMETUVAAT SITE PLANOVI...SE EZAM CEL DEN I SOLZI MI TECAT...:((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((

Ова е од фејсбукот на Бојан Трајковски... може некој нешто повеќе?
Се разделуваат од 10-годишната управа ,чика миге,митровиќ,и така натака од играчиве...Бојан Трајковски,Диме Тасовски и Тони Симич остануваат без разлика и која управа ке дојде!
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Имавте желба да се распаднеме, ама изгледа ќе не преварите:pipi::pipi:
 

city park boy

Red Legend Sınce
Член од
30 март 2007
Мислења
2.338
Поени од реакции
22
Имавте желба да се распаднеме, ама изгледа ќе не преварите:pipi::pipi:
Хахаха ју ар вери фани....ние не се распаѓаме ни америка да напаѓа...нема кој не сака да земе клуб со 14..титули само да почекаме што ке се избере на тендерот!!
 

Феномен

Џомба
Член од
21 август 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
111
Хахаха ју ар вери фани....ние не се распаѓаме ни америка да напаѓа...нема кој не сака да земе клуб со 14..титули само да почекаме што ке се избере на тендерот!!
Абе не ви го посакувам тоа, тапа ќе биде без вас :uvo::uvo:

Тоа онака го напишав, за тебе посебно...колку само посакуваше да се распаднеме :icon_neut
 
Член од
3 март 2008
Мислења
1.131
Поени од реакции
68
Bojan Trajkovski MESTO DA SLAVIME NIE TAZIME CEL DEN,SE RAZDELUVAS SO LICNOSTI STO GI SAKAS,KLUBOT ZAMINA U ISTORIJA,SE POREMETUVAAT SITE PLANOVI...SE EZAM CEL DEN I SOLZI MI TECAT...:((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((((

Ова е од фејсбукот на Бојан Трајковски... може некој нешто повеќе?
Срцево ме стегна кога го прочитав ова.Но сепак, ова не е крај за клубот.

И Феномен , никогаш не сме сакале да се распаднете зотоа што и со ваше распаѓање баскетот уште повеќе би паднал. само гледавме реално на рабитите, дека Фени за некоја година а можеби и помалку ќе престане да инвестира во клубот и клубот би пропаднал.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom