Имаше лајв фид на инстаграм, вака хај тек не сме биле никогаш

.
Корлето го фатив малку, кажа дека сите борџој ги исплатиле, платата за во Август била исплатена и сега ќе даеле за септември... И после то фала богу за турниро, па за децата во Грција шо ги носеа... Најинтересно ми беше кај шо спомна 52 спонзори шо го помагале клубот, па дел од нив ќе се најделе на дресот

. Мала замерка имам на цената на сезонскиот билет. Со оглед на то дека важи до плеј офот испаѓа сите утакмици да си ги платиш по 50че, топтан 5 стотки, требаја барем една две да биди гратис ако веќе се решат некои луѓе да купат сезонска. Мада кај нас сезонските се даени по претпријатија и така се влегва... Стандард...
Златко и тој кажа за то дека сигурен бил оти имаме екипа за 4то место и европа да излезиме до година, и дека му било битно да се организира некоја општинска лига со тие другите школи во градот за да имаат појќе утакмици децата, шо е позитивно.
Томче, кажа дека не се собрала екипата на време не знам шо... Па дека овој од Габон дошол многу касно, вака така... Веројатно и него му е јасно дека покрај Работниците и Струга и Бутел ќе се гадни уште од оваа сезона, Пролече е во континуитет пргава екипа, така да и за плеј оф ќе биди жустро.
Во глобала комунистички се работи во клубот. Кога е арно сите се заслужни, кога не оди пак сите се заслужни, наместо да се знај дека пример одделот за маркетинг е мизерија и дека треба таму да се постават луѓе шо разбираат од тоа... Вака сите си се држат за раце и мирна бачка.
Очекувам да во првите неколку кола дебело бидат изненадени резултатски и да го сменат Томче. И со то да ја скурцат сезоната нормално зато шо тој шо ќе дојди место него ќе кука дека не ја составувал тој екипата.
Негативно е шо старосен просек ако се удри 32+ сме најмалку. Од сите овие речиси никој нема да се задржи повеќе од сезона овде, тие некои домашни играчи шо останаја, пак ќе бидат резерви... Да донесеа барем деца од по 20тина години ќе беше друга приказна. Особено на она европското во Словенија, србулињата какви играчи имаа...

Исто, уште никој жив не му текна дека треба да се ангажира кондиционен тренер, нутриционист... Малку од малку организационо да сјачаме.
Добро е то шо не можиме да испадниме овде, за разлика од фудбало кој ќе стигни со на Пискачо екипата да игра до година

.