- Член од
- 28 септември 2011
- Мислења
- 757
- Поени од реакции
- 1.123
No coment ?
Срамота е есдвај тепаја дома со овие дечурланата на Пролече.No coment ?
Јас сум прв што би ја критикувал трансфер политиката (која е објективно катастрофална), ама малку и ја претеруваме со некои од очекувањата. Еве пример тие млади таленти за кои зборуваш - ти да си на нивно место, ако си стварно талентиран, те бараат во најмала мера екипи како Целје, Загреб, Металург, Војводина, Нексе, а да не зборувам и за западни екипи (а и такви понуди добиваат повремено), би прифатил место кај нив во Пелистер да одиш? Во Пелистер од 2000та можеби, ама во Пелистер од 2018та нема шанси. Тоа што 10-15 години се рушело, не се лечи туку така, дури да имаш и најдобри намери (а за ове моменталните не знам времето ќе покажи какви им се намерите, ама стартот не е ветувачки). Многу кеш ќе треба да се фрли и стратешки добро да се игра за долгорочни резултати. Кога викам долгорочни мислам на најмалку 3-4 години отсега. За 1-2 години што и да направат којзнае каква екипа и резултати нема да имаат. До толку е потонат тимот.Пак ќе кажам имаше европско за кадети и младинци летово... Зошто не запалија кола да одат до Словенија да изгледат некоја утакмица да пуштат абер за некое дете? Сигурно тие од 17-8 години не коштат по 10К евра месечно. Плус низ српската, хрватската, словенската лига сигурно има интересни играчи кои сакаат поголема минутажа па би биле спремни да дојдат кај нас.
Работата е шо голем дел од тие млади играчи одлучват да дремат на клупа наместо да играат за некој релативно послаб тим. Па ваљда од Војводина и Нексе имаме поголема платежна моќ спрема овие пари шо ги истурија на овие рекреативците ова лето...Јас сум прв што би ја критикувал трансфер политиката (која е објективно катастрофална), ама малку и ја претеруваме со некои од очекувањата. Еве пример тие млади таленти за кои зборуваш - ти да си на нивно место, ако си стварно талентиран, те бараат во најмала мера екипи како Целје, Загреб, Металург, Војводина, Нексе, а да не зборувам и за западни екипи (а и такви понуди добиваат повремено), би прифатил место кај нив во Пелистер да одиш?
Види генерално со логиката се сложувам само неколку коментари имам (денес расположен за пишење ме начекаРаботата е шо голем дел од тие млади играчи одлучват да дремат на клупа наместо да играат за некој релативно послаб тим. Па ваљда од Војводина и Нексе имаме поголема платежна моќ спрема овие пари шо ги истурија на овие рекреативците ова лето...
Да почнат да размислуваат на тоа ти шо го збораш, па да одат да седнат со некој од тие перспективни играчи и му понудат 2-3К колку шо моментално ги плаќат овие сега, можда ќе се најди некој шо ќе дојди, од кај знајме.
Апсолутно се сложвам дека никој нормален играч не би дошол во Пелистер, да мрзни овде на -20 на зима в сала, да се заебава со Корлевци или Пискачевци... Затоа кај нас доаѓаа играчи од по 40 години ко оној старката десен бек шо глумеше, или разно разни индијанци шо никој жив не ги познаваше... Битно им е да земат некоја банка за една сезона и да не им текни појќе на Битола.
Ама па дека нашата лига е подобра од овие другите балканските? Ако го исклучиме Вардар...
Не би се сложил, прво по инфраструктура сме далеку назад, второ млади играчи немаме, 10+ години поширокиот список за репрезентацијата е тој истиот...
Во голем дел од клубовите се тренира аматерски, ќе донесат 1-2 срби и то е то, другото се кршој од по 40 години. Спрема она шо сум можел да видам, многу по школовани играчи излегуваат од тие српски, хрватски, црногорски школи отколку кај нас. Словенија е сосем надвор од конкуренција, луѓето работат сериозно...
Ако си прочитал макар еден мој пост претходно, знајш дека и јас упорно трубам дека наместо да се фрлат пари по батал играчи шо ништо не вредат, потребно е се да се канализира во школите...
Шо вреди ние шо имаме сјебано 350К па сме изгубиле 11 разлика од Работник ама тие спичиле 800К оваа сезона?
Ништо... И со 35К ќе изгубевме исто ама барем ќе имавме некоја перспектива во екипата шо за 2-3 сезони ќе израсни во нова генерација.
Тешко е во фудбалот да се заебаваш со младинци... Еве ги од втора лига ќе испаднат по брза постапка, овде во ракометот од секогаш имало екипа две на дното кои со две коли оделе на гостувања и не ги интересирало ништо... Па ако е цената на успехот 2, 3, 4 сезони да играат плејаут и внимателно да работи некој стручњак со играчите од мене ја имаат цела поддршка!
Според ЕХФ ранкингот, ние имаме 7ма најјака лига во Европа, 8ма е хрватскатаВиди генерално со логиката се сложувам само неколку коментари имам (денес расположен за пишење ме начека):
1. Далеку од тоа дека Пелистер има појака платежна моќ од екипи како Војводина и особено не Нексе. 300-350к не се тоа што беа на времето. Има едно 10 екипи на балканот со поголем буџет од тоа. Тоа ти е буџет за 3то-5то место и во Македонија и во Србија и во Хрватска. Можда едино во Босна има шанси за титула да се бориш со тој буџет (таму сериозен кеш се фрла во Вогошча па пак лабаво си губат од Извиѓач и Борац - екипи со школи и свои играчи, особено Извиѓач главниот извор на хрватски репрезентативци).
2. Дека со 35к истото ќе се постигнело... Да не ја претеруваме сега. Ете Борец ако не грешам некако 50к извлече од општината (не ме земај за збор немам некои инсајд информации) и сакаа да стават клуч оти со 50к сметаа дека не можи да се истера сезоната. И ене ги топовска храна ќе бидат со тој буџет, не верувам дека ни бод ќе освојат. Претпоставувам дека освен Борец, Прилеп и Вардар Јуниор останатите се сите над 100-150к сезонава. 15-20 играчи по 300 евра да им даваш по 10 месеци (шо за тие пари освен млади деца, сериозни играчи чисто сумњам дека ќе најдиш) + трошоци околу стручен штаб, патувања, натпревари, кирии, исхрана... Собери се на куп, и за плејаут тим 100к+ требаат... За плејоф дупло, за Европа x3. За напад на Металург + СЕХА реално под 500к нема шо да бараш и тоа сите засилувања да ти се погодат, нешто што скоро на ниту една екипа не им се погодува.
3. Викаш ако го трниме Вардар настрана. А мислиш ако ги тргниме Загреб и Нексе настрана има нешто во Хрватска? Па Вараждин, Дубрава, Пореч и Умаг им се најјаките останати екипи горе долу (налик на Еурофарм Пелистер Охрид и Пролет кај нас) а ене ги ништо посебно не се - годинава во ЕХФ уште во прво коло експресно ги исплескаа Стеауа и Исландска екипи. Србија исто, да не речам полошо. Железничар од на Темелков екипата од Луксембург отпадна, а тие се втори со амбиција да станат шампиони. Партизан лани 3ти кај нив беа, Еурофарм им отиде пред еден месец на гости во Белград, 10 разлика ги збриша за едно полувреме. И тоа оставам хрватската лига да е за нијанса појака од нашата. Српската сигурно не.
4. И 4то и најбитно, викаш ќе дремат на клупа децата во тие екипи можи можат да ги излажат да дојдат да играат. Јас она што гледам е дека Пелистер моментално не можи битолските деца што дремат на клупа да ги собери а не пак низ балканот да бараат. Го имаа Петровски на тацна со години крпи подава во Работник, го испуштија на позајмица во Струга им летна (ете денес 8 на Вардар Јуниор им дал, меѓу најјаките играчи на Струга ќе биди сигурно). Ене го Каковски, кадетски репрезентативец, има потенцијал ако работи, дреми на клупа, ако не и на трибини, оти нема шанси да го намириса теренот за Еурофарм. Ги имаш Симоновски и Џигеровски, кадетски репрезентативци, талентирани деца од школите на КЛ7, не знам дали воопшто играат за некоја сениорска екипа. Велковски или Јагуриновски гарант до крајот на сезоната ќе летнат од Металург (нема шанси 3 десни бека да држат овие), ете десен бек млад. Тука се децата ги има фала богу сега за разлика од пред 5-10 години, не мора по балканот да трчаш.
Земи неколку од овие, плус основата која секако ја имаш (Димитровски, Чантурија, Митревски, еден куп леви крила домашни...) плус 1-2 серозни странци (пример Кобетиќ + еден голман). И ете ти екипа со иднина а која и сезонава ќе се бори за плејоф.
Мислам дека и двајцата истото го збораме...4. И 4то и најбитно, викаш ќе дремат на клупа децата во тие екипи можи можат да ги излажат да дојдат да играат. Јас она што гледам е дека Пелистер моментално не можи битолските деца што дремат на клупа да ги собери а не пак низ балканот да бараат. Го имаа Петровски на тацна со години крпи подава во Работник, го испуштија на позајмица во Струга им летна (ете денес 8 на Вардар Јуниор им дал, меѓу најјаките играчи на Струга ќе биди сигурно). Ене го Каковски, кадетски репрезентативец, има потенцијал ако работи, дреми на клупа, ако не и на трибини, оти нема шанси да го намириса теренот за Еурофарм. Ги имаш Симоновски и Џигеровски, кадетски репрезентативци, талентирани деца од школите на КЛ7, не знам дали воопшто играат за некоја сениорска екипа. Велковски или Јагуриновски гарант до крајот на сезоната ќе летнат од Металург (нема шанси 3 десни бека да држат овие), ете десен бек млад. Тука се децата ги има фала богу сега за разлика од пред 5-10 години, не мора по балканот да трчаш.
Земи неколку од овие, плус основата која секако ја имаш (Димитровски, Чантурија, Митревски, еден куп леви крила домашни...) плус 1-2 серозни странци (пример Кобетиќ + еден голман). И ете ти екипа со иднина а која и сезонава ќе се бори за плејоф.
Тука е маката,Ke rabotis so decata dve tri sezoni, ke prknat i ke ti gi lapni nekoj za bespari.... i ke gi dajsh na arbitraza vo rfm so suspenzija , ke recish imam dogovor i ke ti recat dogovorete se za dobroto na makedonskiot rakomet...
Ako nemas pari si nisto...