Фан клуб - РК Металург

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Дали кај што има чад има и оган ќе видиме за некој месец:

„Индекс“ потсетува дека уште лани заинтересиран за Лазаров беше и Металург, но сега, повикувајќи се на извори од земјава, тврди дека новиот и високоамбициран македонски првак би сакал во своите редови да го види и Ивано Балиќ.

Извор
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Лазаров 100 % си иде од Загреб на крајов на сезонава
Али шансите да дое у Металург се 0.001 %
Ја мислам ни у лудило не би дошол тука да игра,пошо верувам дека ќе има многу, многу по примамливи понуди од големи екипи,со кои би атакувал на титула у ЛШ.
Со Металург таква шанса и нема баш да има :wink:
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
треба Минчо ептен да се испоти да го донесе...
 

Кирца

Монк
Член од
7 април 2008
Мислења
7.051
Поени од реакции
2.289
Нека иде во Германија или Шпанија.Таму ќе ја крене ептен формата.Овде освен со Вардар нема никоја асална квалитетна екипа.Таму колку толку има ракомет и ќе иде нагоре во Македонија нема да е тоа што е моментално.
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
Дали кај што има чад има и оган ќе видиме за некој месец:



Извор
Уф ова ако се случи ќе биди добро за Македонскиот ракомет, да се крени на едно повисоко ниво, а и може некои ракометари што се на залез од кариерата да се излажат и да дојдат во некој наш клуб, ако им се понуди повеќе парички:toe:

...али ќе видиме за некој месец што и како ќе биди со двата тима на Металург
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
За Лазаров е возможно.
Балиќ 100% не се нафаќа да доаѓа тука и да му понудат 5 милиони е. Тоа е така од проста причина што тука ќе стагнира и смешно е да игра во Македонска лига. Ќе се нафати на помалку пари само да игра во Германија или Шпанија.
А за Лазаров точно е тоа дека полека годините си го прават своето и доколку се врати во Македонија може да ужива се во Металург освен можеби слава за која ќе треба да покаже премногу доколку замине во Германија а во Металург балансот би му бил пореален.
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
^^ Не зезај
Балиќ е само 1 година постар од Лазаров а направил многу повеќе од него
во ракометот.Вистински спортист,никогаш не би се задоволил само со награда за најдобар стрелец у ЛШ ( и едно полуфинале ) и на СП. Сигурен сум дека Кире е желен за трофеи (Балиќ ги има премногу) Со репрезентација тешко дека Кире ќе дојде до некаков трофеј,со Металург уште помалце,така да едина шанса му е некоа екипа од посилните лиги,Шпанија,Германија. :helou: Верувам дека може да игра во врвна форма барем уште 2 сезони :smir:
 
Член од
14 март 2010
Мислења
16.808
Поени од реакции
15.899
За Лазаров е возможно.
Балиќ 100% не се нафаќа да доаѓа тука и да му понудат 5 милиони е. Тоа е така од проста причина што тука ќе стагнира и смешно е да игра во Македонска лига. Ќе се нафати на помалку пари само да игра во Германија или Шпанија.
А за Лазаров точно е тоа дека полека годините си го прават своето и доколку се врати во Македонија може да ужива се во Металург освен можеби слава за која ќе треба да покаже премногу доколку замине во Германија а во Металург балансот би му бил пореален.
Друже па и Балиќ е веќе при крај, и ако му се понудат добри парички од Металург зошто да не прифати, не верувам дека други екипи во Европа ќе дадат многу пари за некој што е при крај на кариерата:toe:
...има далеку подобро играчи во моментот од Балиќ, а Минчо пари има ум нема и ќе купува излитени играчи т.е при крај на кариера и што ќе играат на стара слава
 

Тетекс фан ^

100% МАКЕДОНЕЦ
Член од
24 јануари 2009
Мислења
2.394
Поени од реакции
881
Еј игра Металург полуфинале на куп,а никој не пишал ништо :)
Тепавмо 1 разлика 22-21:smir:барем не смо изгубиле :helou:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
8.951
Поени од реакции
5.508
Врска немаа ни германките од ракомет, секој напад им судеа седум метри, веќе на километар се гледаше дека ги местат, едвај чекаа да ни исклучат ракометарка... Сами сме си криви, можевме да ги демолираме, посебно на почетокот... ама победа си е победа, па да се надеваме дека ќе изиграат солидно и таму, иако претходната екипа која гостуваше во Германија изгуби дваесетина разлика :)
 
F

FuckYouAll

Гостин
Бравос за победата, ама мене најмногу што ме изнервира беа изјавите на ракометарките пред натпреварот, кога викаја дека го направиле најголемиот нивни успех досега и дека нема што да бараат во полуфиналето против германската екипа.
 
Член од
14 октомври 2009
Мислења
431
Поени од реакции
295
Бајрамовска се повреди денес на натпреварот со Жито Прилеп. Сосема неважна утакмица и незнам зошто воопшто и играше... :tapp:
Со ова и онака малите шанси за финале во Челенџ купот станаа уште помали. Ај, барем да не не посрамотат со 20 разлика.:toe:
 
Член од
19 јули 2007
Мислења
551
Поени од реакции
2
Металург и Лазаров викендов на преговори

По враќањето од Тунис, каде што е со репрезентацијата на турнир, нашиот ракометен интернационалец ќе разговара со управата на скопјани за трансфер во Автокоманда
Какви се шансите Кирил Лазаров да дојде во Металург уште во следната сезона, ќе се знае викендов кога треба да седнат на разговори управата на Металург, засилена со тренерот Лино Червар и спонзорот Минчо Јорданов, и нашиот интернационалец кој моментно игра во Загреб. Откако хрватскиот клуб објави дека не планира да ги држи заедно Лазаров и Балиќ, прв на листата за заминување е нашиот интернационалец. За него обесштетувањето е 200.000 евра, а Кроација осигурање сака да го продаде играчот една година пред истекот на неговиот договор, со што би заработила.

„Дневник“ уште во минатото лето најави можност Лазаров да дојде во Металург. Тогаш се споменуваше неколкугодишен договор вреден над еден милион евра. Според тогашните информации, најдобриот стрелец од последното СП со нов рекорд од 92 гола и двоен најдобар стрелец во европската Лига на шампионите, имал разговор со спонзорот на скопјани, Минчо Јорданов, кој сериозно се вклучува во последните трансфери на играчи во клубот. Последната понуда на Металург кон Лазаров била околу 300.000 евра по сезона со тоа што тој би требало да остане повеќе години тука како дел од настојувањата на клубот да направи силен тим кој би имал сериозна улога и во европските купови.

- Очигледно е дека Балиќ и Лазаров не функционираат во игра и еден од нив мора да си замине, бидејќи тоа се нашите најскапи играчи. Објективно засега најблиску до тоа да замине од клубот е Лазаров, но мора да ја решиме ситуацијата со Балиќ, бидејќи мора да видиме дали ќе успееме да ги затвориме нашите обврски - изјави Гобац.

Лазаров во моментов е со репрезентацијата на Македонија на турнир во Тунис, каде треба да одиграме неколку контролни средби како дел од планот за подготовки за следниот квалификациски циклус за ЕП 2012 година. Засега никој не сака да дава официјални информации за можниот тек на преговорите меѓу Металург и Лазаров. Тренерот Лино Червар уште во септември во интервју за „Дневник“ најави дека „притиска“ за доаѓање на Лазаров. Тоа би го зголемило интересот за ракометот, но и би се подобрил имиџот на клубот.

- Обесштетувањето за Лазаров е познато. Тоа е 200.000 евра. Секој што сака да го купи треба да плати. Засега немаме многу информации дали некој е заинтересиран. Знам само дека од Рејн Некар неколкупати се јавуваа и се распрашуваа. Но, сигурно има и други. Лазаров си има менаџер и тој си ги брка своите работи - изјави Зоран Гобац, менаџерот на Кроација о. за „Дневник“ пред десетина дена.

Меѓу оние што се споменуваат како најзагреани за ангажирање на Лазаров е словенечки Целје, потоа Рејн Некар, Барселона и Сиудад Реал. Нока Сердарушиќ, тренерот на Целје, веќе дал зелено светло за преговори со нашиот интернационалец. Тие се подготвени да платат обесштетување, бидејќи досега ги ангажираа и Лирко Алиловиќ и Момир Рниќ, но со „чисти документи“, односно без обесштетувања.

Во моментов во Автокоманда се наоѓа и легендата Пепи Манасков кој беше избран за ракометар на векот во Македонија, и тоа како тренер на помлади категории. (Г.А.)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Голем респект за Минчо и желбата на Металург да го донесат Лазаров,ама гледано од аспект на играчот,и за доброто на Мак-ракометот мислам дека доколку Лазаров дојди во Металург ќе направи грешка.
Зошто?
Тој е единствениот Македонец кој игра во една врвна екипа,иако Загреб не е на ниво на еден Кил,Сиудад,Барселона,Хамбург сепак сигурно е во врвот на светскиот ракомет.
Доколку Лазаров сака да напредува во кариерата,мое мислење е дека треба да замини во Бундес Лига,или пак во Шпанија,доколку навистина е точно дека го бараат Некар Ловен,Сиудад,ете Цеље имаат сериозна намера да започни преговори со Загреб,ќе создаваат силна екипа за догодина Словенците.
Лазаров мора да игра минимум 20 ина силни натпревари во лигата по сезона,+ утакмиците од ЛШ,само така се станува врвен играч.
А ќе се сложат сите дека кај сите наши играчи,вклучувајќи го и Кире се забележува дека им фалат силни мечеви и искуство.
Кире има солдино искуство,играше во Унгарското првенство,ама не е тоа тоа,мора да заигра додека можи во некоја од врвните лиги.
Кога играш во натпревари од Хрватското првенство ,и однапред знаеш дека ќе добиеш со 20 разлика,нема стимул,мотив.
Доколку дојди во Металург,во ова наше слабо првенство,со само еден коков таков ривал(Вардар) на Металург тешко дека ќе остани во натпреварувачка форма која е потребна за еден таков врвен десен бек-а Лазаров е сигурно во ТОП 5 десни бекови во светот.
Сеуште не е престарен,можи да изигра барем уште 4,5 сезони игра во некое силно првенство-и мислам дека мора сега да ја искористи шансата да игра за некоја врвна ракометна екипа(доколку навистина го бараат!?)
Мора да се проба во некоја врвна лига,така ќе биди уште подобар.
Само силните утакмици против квалитетни екипи го вадат максимумот од играчот.
Гледајте во каков играч прересна Домагој Дувњак откако замина од Загреб,и пред тоа беше голем талент,но последната година играјќи за Хамбург го зголеми драстично квалитетот на својата игра,играњето во една силна Бундес лига во вади максимумот кај играчите.
Во слаба лига,нема мотиви,нема конкуренција,мечевите тимовите ги играат лежерно,со втори постави-и се чуваат само за неколкуте мечеви од Еврокуповите,таму ќе им падне некој силен тим,ќе ги изрешета и толку од сезоната-и ај наредната сезона пак иста приказна.:jaj:
Да не го тупам многу-мислам дека од интерес за Македонскиот ракомет е малкуте врвни играчи од топ квалитет шо ги иаме како Лазаров,Мојсоски -а и некои други поквалитетни играчи да играат во странство во јаки лиги-така би имале и силна репрезентација.

Сепак,Којзнае,можеби понудата на Минчо ќе биди понуда шо не можи да се одбие,сигурно оштетата од 200 000 евра шо ја бара Загреб нема да биди проблем за Металург.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom