Голем респект за Минчо и желбата на Металург да го донесат Лазаров,ама гледано од аспект на играчот,и за доброто на Мак-ракометот мислам дека доколку Лазаров дојди во Металург ќе направи грешка.
Зошто?
Тој е единствениот Македонец кој игра во една врвна екипа,иако Загреб не е на ниво на еден Кил,Сиудад,Барселона,Хамбург сепак сигурно е во врвот на светскиот ракомет.
Доколку Лазаров сака да напредува во кариерата,мое мислење е дека треба да замини во Бундес Лига,или пак во Шпанија,доколку навистина е точно дека го бараат Некар Ловен,Сиудад,ете Цеље имаат сериозна намера да започни преговори со Загреб,ќе создаваат силна екипа за догодина Словенците.
Лазаров мора да игра минимум 20 ина силни натпревари во лигата по сезона,+ утакмиците од ЛШ,само така се станува врвен играч.
А ќе се сложат сите дека кај сите наши играчи,вклучувајќи го и Кире се забележува дека им фалат силни мечеви и искуство.
Кире има солдино искуство,играше во Унгарското првенство,ама не е тоа тоа,мора да заигра додека можи во некоја од врвните лиги.
Кога играш во натпревари од Хрватското првенство ,и однапред знаеш дека ќе добиеш со 20 разлика,нема стимул,мотив.
Доколку дојди во Металург,во ова наше слабо првенство,со само еден коков таков ривал(Вардар) на Металург тешко дека ќе остани во натпреварувачка форма која е потребна за еден таков врвен десен бек-а Лазаров е сигурно во ТОП 5 десни бекови во светот.
Сеуште не е престарен,можи да изигра барем уште 4,5 сезони игра во некое силно првенство-и мислам дека мора сега да ја искористи шансата да игра за некоја врвна ракометна екипа(доколку навистина го бараат!?)
Мора да се проба во некоја врвна лига,така ќе биди уште подобар.
Само силните утакмици против квалитетни екипи го вадат максимумот од играчот.
Гледајте во каков играч прересна Домагој Дувњак откако замина од Загреб,и пред тоа беше голем талент,но последната година играјќи за Хамбург го зголеми драстично квалитетот на својата игра,играњето во една силна Бундес лига во вади максимумот кај играчите.
Во слаба лига,нема мотиви,нема конкуренција,мечевите тимовите ги играат лежерно,со втори постави-и се чуваат само за неколкуте мечеви од Еврокуповите,таму ќе им падне некој силен тим,ќе ги изрешета и толку од сезоната-и ај наредната сезона пак иста приказна.:jaj:
Да не го тупам многу-мислам дека од интерес за Македонскиот ракомет е малкуте врвни играчи од топ квалитет шо ги иаме како Лазаров,Мојсоски -а и некои други поквалитетни играчи да играат во странство во јаки лиги-така би имале и силна репрезентација.
Сепак,Којзнае,можеби понудата на Минчо ќе биди понуда шо не можи да се одбие,сигурно оштетата од 200 000 евра шо ја бара Загреб нема да биди проблем за Металург.