Фан клуб - РК Металург

Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Џуниорите делат лекции по ракомет.
Не се воопшто слаби, не е ни чудно според мене. Екипата е најјаките од минатата сезона + неколку од младите кои играа за сениорската. Вака иако се млади се сосема сериозен тим и јас и очекував за плејоф да се борат. А реално нема екипа во лигата која претерано дели од другите (евентуално Еурофарм сега после доведувањето на Мајнов).
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
http://telegraf.mk/sport/rakomet/ns-newsarticle-kompletiran-transfer-gugleta-potpisa-stegavik-se-uste-ne.nspx
Сме потпишале со десното крило на Војводина, и на репрезентацијата на Србија, Александар Гуглета.
Ја закрпи Червар и десната крилна позиција, по очајните партии на Костески, му донесе конкуренција, и што до некаде е оправдан потег.

Стегавик е исто пред потпис, можеби малку задоцнето е со него, подолго време е слободен играч, можеа уште летово да стапат во преговори со него, ама се одлучија да не носат класичен среден бек, туку се влечкаа со суртуци од Србија, и правеа експерименти на среден со Талески , Нелоски и компанија.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Кузмановски... :cuc::bravobe:
Која партија во првиот дел, браво мајсторе.
Апсолутно ги убивме во поим на Елверум, реално ова е за неверување, на гостински терен функционираме беспрекорно, имаме одличен резултат на полувреме(9-14).
Мора да се остави Кузмановски до крај да игра, како во транс игра детево, ова е негова утакмица.
Талески дрво, изгубен во простор, еден куп аматерски грешки.
Со оглед дека играме топло-ладно, не би ме изненадило и доколку го сркнеме убедливо на крајот, но можеби лекцијата е научена, не очекува интересно второ полувреме.
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Ne mi e jasno samo kako mozese u prvite kola da go igra u napad dragas a u odbrana kuzmanovski wtf be lino? Trebase obratno kuzman u napad a dragas u odbrana...
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Што ли беше сега ова? :D :D
Кузмановски :uzi::uzi::uzi:
Браво мајсторе, го размнотира Елверум. :D
Дефинитивно најголемиот македонски талент, играч со неверојатна конструкција, во транзиција е незапирлив, топовски шут, во два правци без проблем може да игра.. го чека голема ракометна слава со добра работа.
Го имаше во секоја акција денеска, едноставно немаа лек за него, детево играше со 101% од можностите, лидер во нападот а одличен и во одбраната..:bravobe:
Им стегна 9 комада, еден куп асистенции, се чекаше ваква ескплозија од него.. а и редно е да ја добие потребната слобода, сите бекови што ги имаме се апсолутна 0 во споредба со неговите можности.

Велковски исто така ме изненади, 5 комада им стегна, имаше и клучни погодоци, ја стегна кога најмногу требаше, драгоцено искуство за него, се надевам ќе го искористи талентот и ќе може да се смета сериозно на него, засега има голем напредок.

Талески збрца некој гол во вториот дел, а севкупно гледано одигра просечна утакмица.. во споредба со Кузмановски, дефинитивно е далеку под него.
Обрадовиќ најистакнат од странците, брка голема работа, добро ќе биде да се задржи што е можно подолго во тимот.

Конечно една вистинска партија приредија момциве на гостински терен, ова им е најдобрата партија оваа сезона, дојде како гром од ведро небо.. :D
Нека е честито победата и се надевам ќе се радуваме почесто. :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Е сега некоја појјака екипа (Германија, Шпанија, Франција) да го лапне и Кузмановски, добро ќе биде.
 
P

PewDiePie

Гостин
Голема глупост ќе направат ако отидат и Талески и Кузмановски во ист тим,посебно во Некар.....тоа швабите сакаат да си осигураат 2 таленти па еден ако се погоди супер,најверојатно и ќе ги форсираат малце пошто нема чекање кај нив,а ако ги планираат за иста позиција еден ќе земе се друг скроз ќе извиси и ќе скапе и ќе си се врати во Македонија.....
Ако планираат за Кузмановски среден Талески лев тогаш ок....само ова е скоро невозможно ќе си најдат они некоја шваба за бек да ја форсираат а и онака имаат таленти многу и они...

Варираат од утакмица во утакмица бековите на Металург,еднаш Талески изгледа како најдобар,друг пат Нелоски,трет пат Кузмановски,ако го остават една утакмица само во напад Дрогришки и он сигурно едно 5-6 гола ќе даде,имаат талентиран тим и играчите сами треба да осетат малку кога е вистинско време да се иде,вака се плашам прерано да не изгорат ова за Талески важи кој скроз ментално не е тука,паметно ќе биде уште сезона две да се во тимов да се изнаиграаг СЕХА и ЛШ па после нека одат во големи клубови...Инаку кога сум кај минутажава,Лино е куртончина тешка,глуми нЕКИ македонац а го уби од играње Обрадовиќ и Драгаш,им ебам грдите оној Бојовиќ си отишол изгледа,супер е ова за Велковски кој стварно после првата утакмица во Л.Ш. сезонава го крена нивото и му пораснаа мадиња малку.

Пешевски не го користи сите шанси што му се пружаат,Кузмановски вчера 56 асистенции имаше ова крмаков дури и утна неколку.......Костески не го коментирам,по крила и онака не ни играат цела сезона.
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Бојовиќ или како и да се викаше мислам дека е повреден. Да беше здрав ќе го играше и то како. :tapp:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Одлично парираме на Вардар во првиот дел, резултатот нерешен 15-15.
Талески и Обрадовиќ решетааат, тука е и Арсиќ кој има одлични одбрани.
Убава најава е овој нерешен резултат за да се искористи нешто повеќе на оваа средба.
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.311
Поени од реакции
6.533
Еден краток коментар за тактиката на Лино:

Одлично ја започнаа сезоната и додека немаа повреди а и противниците не ги имаа добро скаутирано, сосема солидно се држеа и играа доста сериозен ракомет (тие тесни порази од Веспрем, Вардар и Мешков не беа случајни според мене).

Штом противниците прецизно ја проценија нивната игра, а згора на тоа се повредија Марчец и Младеновиќ како цел концепт да се распадна. Со истурени одбрани (5-1 и 4-2) противниците тотално го неутрализираа нападот и Металург беше едноставно целосно неупотреблив против секоја посериозна одбрана, што доведе и до некои трагикомични тактички потези на Лино (пример 5 леви бека на терен, Талески и Дрогришки на крило итн...).

Со доаѓањето на Илиќ, плус ослободувањето на стегите околу Кузмановски, се подобри играта, екипата почна подобро да се носи против тие одбрани иако далеку од потребното.

Сега како врв на трансформацијата, Лино конечно се чини најде лек за проблемот со истурените зони - играње со 7 во напад. Целта јас колку што можам да сфатам (претпоставувам), е да ги натераат противниците да играат што поплитка одбрана, да не им излегуваат високо на бековите кои се премногу бавни и неискусни за да се снајдат во такви ситуации. Дополнително се отвора уште еден играч на позиција која не би била добро бранета ако сепак противниците форсираат длабока агресивна одбрана. Ова тактика одреден период не функционираше бидејќи премногу топки губеа бековите а и не беа уиграни со 7миот играч (единствено до некаде функционираше Велковски-Кузмановски на пикер опцијата додека не им ја научија а и преочигледни беа со неа), но како што се подобри уиграноста се подобри и ефектот и не е воопшто случајно што одеднаш свесно почнаа да играат побрзо и почнаа да даваат повеќе голови.

Последна фаза, би било да најдат далеку поквалитетен пикер кој сакал или не ќе мора да биде клучна алка ако се форсира ваква игра.

Лино си има свои мани и некогаш тотално се губи и се прекомбинирува (пример сам е крив за неколку "дебакли" во ЛШ сезонава, но некогаш има и креативни потези. Credit where credit's due!!!

П.С. Ќе биде интересно да се види дали оваа игра со 7 во напад ќе се пренесе и на репрезентацијата со оглед дека Кузмановски и Талески се чини ќе бидат во преден план и таму, а Кире иако супер искусен не е брз и продорен играч кој би бил голема закана против истурени одбрани.
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Тешка битка водиме со Татран на полувреме, сосема очекувано, и до крајот ќе биде така, тесно ќе биде.
Чуприна им е доста квалитетен голман, засега доста топки ни скина.
Одбраната ни е солидна, Арсиќ на голот блеска, браво мајсторе, само да продолжи така.
Нападот предводен од Талески, им збрца 5 гола, и ни донесе минимално водство на полувреме.
Пешевски ме изненадува, доста простор отвара, пред се на Талески, одлично прифаќа топки, знае да испивотира, нека си фати некој баланс, има капацитет за добар пикер.
Инаку ептен лоши вести, а тоа е дека се повредил Кузмановски, голем хендикеп без него.. се надевам не е нешто сериозно..
Дај боже да се слави против Татран, ова е клучна средба..
 

Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Bev gledav, obradovic na kraj blesna a mora taleski da se pofali samo da prodolzi so isto tempo.. sega cudo treba vo spanija za pobeda.. ama veruvam vo momcite
 

Kajgana Shop

На врв Bottom