Нека е честито победата, значајна е победата над Ла Риоха, и за бодови во групата, и за самодоверба на екипата.
За играта на оваа средба,ништо ново.. во нападот се чека да распали некој од бековите.. акции за крила и пикер е екстремно тешко, брза транзиција и контра воопшто не постојат.
Добро е што имавме расположени бекови на оваа средба.. Талески , Обрадовиќ и Драгаш си имаа свои моменти на оваа средба, и тоа беше доприносот во нападот.
Оваа победа несомнено е по заслуга на Арсиќ, како брани човекот, секоја чест, колку ли зицери им искина..
Но како реагираше екипата во последниот напад е недозволиво, тоа беше криминална реакција на Обрадовиќ, се гледа дека момчево нема многу мозок, а има талент.. типичен балкански менталитет, со кој памет бе одиш да шутираш од неизградена позиција во клучен напад.. кој идиотизам е ова..
Ќе ја заебеше победата идиотов да не одбранеше маестро Арсиќ.
Но Нелоски е некако индиспониран, во ептен надолна линија му е формата на детево, никако да фати некој ритам, голема штета за него ако си остане вечити талент, има премногу капацитет во него.
Фитило исто, премногу греши кога добива шанса во нападот, и веднаш чиката го повлекува..
Добро е што го имаме Арсиќ, тој да е жив и здрав, страшно голема работа врши..