Фан клуб - РК Металург

Член од
1 јули 2012
Мислења
2.328
Поени од реакции
6.850
Супер потег, исто како носењето на млади хрватски бекови, српско младо крило, сега и младиов српски пикер, на иста возраст како толку фалените нивни деца од најдобрата академија! Најдволичен клуб со најдволичен тренер, ама итар лисец увиде дека такви басни палат кај античкиве патриоти па на секој прес за доброто на македонскиот ракомет раскажува!
Какви деца имаат во академија се виде на квалификациите на јуниорите и кадетите. Да, не се сите некои јаки таленти, 3-4 отскокнуваат ама се уште не се за во прв тим. Сеа за пикреов. Колку го бива Марковски се виде до сеа. Ванчо мора да ги игра цели утакмици зошо овој не знае да отвори простор, да си создаде позиција. Пешевски е добар ама па е многу дебел, едвај трча. Така да ќе мора прво да ослабе ако сака да биде конкурентен во прв тим. Пикерите во Јуниор имаат по 16-17 години. Ванчо ќе иде во пензија така да пикер мора да купат. Злате Престап најверојатно ќе си оди на крај на сезона па затоа и го донесоа тој од Србија. Костески е според мене преценет, барем што сум го гледал до сега и во Металург и во Јунор. Таа позиција и во Јуниор им е слаба. Викаа дека од оваа сезона во сеха ќе добијат шанса и некои од Јуниор ама освен Манасков и Талески рано е за другите. Во секој случај требаше повеќе да играат и двајцата.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Пешевски е добар ама па е многу дебел, едвај трча. Така да ќе мора прво да ослабе ако сака да биде конкурентен во прв тим.
Е сеа па и ти, Жаре бил дебел и едвај се движел.... Па што да кажеме за Ванчо? Па и Столе до негде.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.328
Поени од реакции
6.850
Е сеа па и ти, Жаре бил дебел и едвај се движел.... Па што да кажеме за Ванчо? Па и Столе до негде.
Па Ванчо игра зошто нема кој. Против јаки екипи како Кил се виде колку треба некој што ќе игра добро и напад и одбрана.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Па Ванчо игра зошто нема кој. Против јаки екипи како Кил се виде колку треба некој што ќе игра добро и напад и одбрана.
Епа кога гледаат дека Ванчо за кур не го бива, Никола нема сила да се носи со корпулентните противнички бекови, зошто не го форсираат Жаре?
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.757
Поени од реакции
9.881
Супер потег, исто како носењето на млади хрватски бекови, српско младо крило, сега и младиов српски пикер, на иста возраст како толку фалените нивни деца од најдобрата академија! Најдволичен клуб со најдволичен тренер, ама итар лисец увиде дека такви басни палат кај античкиве патриоти па на секој прес за доброто на македонскиот ракомет раскажува!
A што направи Вардар со млади играчи од Македонија? Металург барем од време на време ќе исфрли некој,макар и на клупа седел и со некава минорна минутажа во СЕХА ако ништо друго..а твој Вардар што има сторено за подмладокот во нашиот ракомет запрашај се.Легија на странци.
 
Член од
20 март 2014
Мислења
16
Поени од реакции
61
Ама Вардар никогаш не манипулирал со такви античко македонски драми и драмулетки.А сега на Медолино и цела таа гарнитура околу него им се одбива се тоа од глава.Од последните 10 засилувања во Металург 7 се странци,а од следните 5-6 сите најверојатно ќе бидат од Република Странство,пошто нема избор..Наместо да си гледа неговиот двор,он повеќе се занимава со легијата на странци во Вардар.Кој не би сакал во неговиот клуб да бидат сите Македонци?А колку е тоа реално знаеме сите,и дека сме тешки антиталенти во буквално секој спорт.(Видете само Србите,Хрватите,ЦГ,кои практично немаат никакви сериозни рак. клубови,колку ракометари имаат ширум Европа?А пак да не зборам за кошарка и фудбал во споредба со нас.Металург собра неколкуте Македонци од Вардар пред некоја година,кои што патем може не се деца на Вардар ама таму станаа ракометари и се тоа сега се става под тепих.Али нема везе,за мене е најбитно ракометарите поштено да испотат дресот на натпревар и да играат од срце за клубот,а ако е Македонец уште поубаво а ако не е здравје.Така да сега еден Дибиров и Караџиќ не би ги мењал за Наумче,Миркуловски или Гоце по никоја цена.А вие филмот со Македонштината ќе имате фора да го вртите до наредна сезона,кад че да покуцају на порти будучи играча саљ севера.:)А легијата на странци во Вардар,ќе се проширува допрва,и допрва ќе се покорува Европа ;)
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.375
Поени од реакции
36.299
http://ekipa.mk/metalurg-go-kupuva-pikerot-marsenik-od-partizan/

Ако успеат ова е до некаде паметен потег. Најдобар играч им беше на Партизан и талентиран пикер. Е сега нормално негативно е што пак нема македонците (Маркоски и Пешевски) да добиваат минутажа или ќе добиваат помалку отколку вообичаено.
Марсениќ е талентиран и многу надежен, он е добра опција али за втор или трет пикер. Ако мислат идната сезона со него да тераат како главен пикер, гадно се зафркнале :)
Далеку е он од материјал за прва постава за ЛШ (ако играат таму идната сезона)
 
Член од
5 април 2013
Мислења
3.319
Поени од реакции
6.569
Марсениќ е талентиран и многу надежен, он е добра опција али за втор или трет пикер. Ако мислат идната сезона со него да тераат како главен пикер, гадно се зафркнале :)
Далеку е он од материјал за прва постава за ЛШ (ако играат таму идната сезона)
Точно е тоа, ама па и не може секогаш само на постари играчи на сигурно да се игра. Некогаш мора да се влези во ризик со помлади. Ако се оствари трансферот, јас искрено претпоставувам дека Марсениќ и така ќе биде 2ра оција зад Никола Маркоски. Плус некако не изгледа како Металург а бара искусно краткорочно решение на пикер.

Некако сите потези на Металург во последно време се во насока на "иднината" и како да го подготвуваат тимот за по 2 години. Идната сезона како што ми изгледа ќе биде транзициска со истата главнина од оваа сезона засилена со оние млади кои ќе треба да го носат товарот во иднина како втора постава, а после тоа ќе заминат Станиќ, Атман и Вугринец. Мојсовски и Миркуловски само ќе останат како ветерани и лидери на екипата (макар што и тие уште 2-3 години имаат не верувам повеќе од тоа, особено Наумче). А уште ова лето претпоставувам дека ќе си заминат Мијатовиќ, Пецаковски, Мандиќ, можеби дури и Јоновски и В.Марковски. Димовски секако се пензионира, а и за Златко Мојсовски се шират слични муабети, макар што не ми се верува, не е до толку стар тој. И Митревски мислев дека можно е да се врати во Пелистер, ама со оглед на заминувањето на Мијатовиќ тоа е тешко веројатно.

Ова е чиста претпоставка, немам поим што всушност размислуваат, ама во 2015/2016 очекувам да се оди со отприлика ваков состав:

крила: Манасков, Георгиевски, Ојлески, младо десно крило (Џукиќ, Костески...?)
пикери: Маркоски, Пешевски, Марсениќ?
голмани: поискусен квалитетен голман (Митревски?), Кимески, Ивановски
бекови: Мојсовски, Миркуловски, квалитетен десен бек (постар странец веројатно), Циндриќ, Борозан, Талески, Нелоски, Манасков, Крстевски, Маџовски, евентуално уште 1 десен бек (или од Јуниор или странец).

Е сега ова секако дека нема да е барем на почеток конкурентен тим против Вардар, ама со правилна работа може од ова да израсти многу квалитетна екипа за неколку години ако ги задржат сите деца. Искрено не ни очекувам којзнае колку отпор на Вардар да даваат во следните неколку години, а и не ми изгледа дека им е тоа целта. Оваа сезона им е последна шанса за домашна титула во следните неколку години.
 
Член од
23 октомври 2007
Мислења
1.034
Поени од реакции
1.022
Bas taka @Xsago

Jas mislam deka od lani bese toa idejata, ama nekako kako po "greshka" da se plasiraa vo LS, po za niv (a i za nas)
iznenaduvacko visokata pobeda nad ungarcite vo kvalifikaciite prviot natprevar.

Kako i da e, ne e losa ideja. Ne mora da se vlaga na "muskuli" sega so Vardar koj povekje ke se pojaca so extra jaki vekje dokazani stranci
od tipot na Vugrinec, Dibirov, Atman, Dujshabaev i slicno.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.185
Поени од реакции
34.416
И туку сега Металург тепа 11 разлика и се пласира на Ф4... :vozbud::pos:
 
Член од
16 јануари 2014
Мислења
2.342
Поени од реакции
1.619
Талевски е одличен играч и денеска постигна 4 одлични гола за 15 мин, само незнам колку добро ќе се развива во Металург бидејќи тука е Борозан.
 
Д

Дуле Пацов

Гостин
Ова дете ќе напрај голема кариера .
За неколку години ќе биди најдобар играч во репрезентацијата.
 
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
И покрај поразот, честитки за Металург и оваа сезона во ЛШ, навистина имаа добри мечеви..Треба да се инвестира во младите, браво за Талески, мала минутажа, ама ете добро си ја искористи, со убави голови..којзнае можеби ако играше цел меч може и ќе беше прв стрелец против Кил..(y)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.757
Поени од реакции
9.881
Заврши сезоната во ЛШ,лично сум презадоволен се постигна максимумот..ајде сега да се врати и титулата таму каде што припаѓа и се ќе биде идеално :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom